Светителот – архетип на Православието
Кои се, значи, одликите на Светителот? Најпрво би рекол дека Светителот постои и може да постои исклучиво во Православната Црква. Надвор од Православната Црква, навистина, може да има многу добри луѓе, но не и Светители, онака како што ние ги сфаќаме. Бидејќи Светител не е човек кој просто поседува добродетели или кој, низ аскетско восовршување, научил да се контролира себеси и својата психосоматска моќ.