И ете зошто оние што се крштеваат ја соблекуваат својата облека. Ете зошто оголеноста е во срцето на монашкиот потстриг, како при промената на облеката така и во отсекувањето на косата. Во првите векови и монасите и монахињите биле лишувани од целата нивна коса при потстригот, во знак на голотијата на Адам и Ева пред Бога. И ете што значи да се биде монах или монахиња: да се отфрли секоја врска со светот,
Митрополит Струмички Наум: Христијанскиот идентитет е единствен идентитет што Христијаните го имаат
Луѓето што се крстени си мислат дека и автоматски се христијани, но не сфаќаат дека нивните дела не го говорат истото. Најмногу ги издава нивната внатрешна насоченост кон барање, а не кон давање – како што Богочовекот Христос го даде Својот живот за спасение на човекот и светот.
Клучна грешка што таквите христијаните ја прават е тоа што не го восогласуваат начинот на својот живот со степенот на духовниот развој, и со местото и улогата што ги имаат во Црквата и општеството.