Скапоцен бисер изваден од пазувите на Водно
Секој камен од калдрмата е скапоцен бисер изваден од пазувите на Водно. Во дваесеттите години од минатиот век, Скопје доживува голема трансформација во инфраструктурата, особено во изгледот на улиците. По Балканските и по Првата светска војна, се заменува дотраената турска калдрма, а се става нова коцка на плоштадот и на главните улици. Скопје добива нов, модерен лик.