Aрх.Јустин Парву: Ако не раснеме духовно - загинуваме
Треба во секое време да сме подготвени за денот, во кој ќе дадеме отчет пред Спасителот за сите наши беззаконија. Заради тоа, нужно е што поскоро да започнеме со духовен стремеж и да го најдеме својот пат на духовно восходење. Ете, учителката го воведува детето за раче во училиште, а после тоа го учи на азбуката. Така е и со свештениците во Црквата.