ЗОШТО ДЕЦА СТРАДААТ ОД ТЕШКИ БОЛЕСТИ
Кога Бог ќе ги исцрпе сите мерки и начини за поправање на родителите или за нивно покајание, тогаш Бог ги зема при Себе нивните деца или испраќа на нив тешки болести, за да ги вразуми родителите, односно според зборовите на еден старец: ,,како што овчарот кога има некоја овца која не сака да влезе во трлото, се противи и блее, тој ѝ го зема јагнето и го внесува во трлото, па тогаш овцата блеејќи по јагнето и самата влегува во трлото".
Така и Бог, како последна мерка за родителите да ги поттикне кон покајание допушта болести и страдања кај децата, не поради нивните гревови, туку по совршената Божја грижа и промисла за спасение на секоја човечка душа.
А кога преподобен Григориј прашал што ќе биде со тие дечиња кои неправедно трпат болки и страдања, свети Нифонт му одговорил:
,,Ако родителите, и покрај страдањата и измачувањето на дечињата не се покајат и не се приведат кон Бога, туку продолжуваат да живеат во гревови и безбожништво, тогаш ќе бидат изложени на уште поголемо и страшно мачење во вечноста и ќе им биде тешко на Страшниот Суд, а дечињата пак, на кои Бог им допуштил тука неправедно да страдаат и да се мачат за нивните родители да се обратат кон покајание, на нив Бог ќе им даде нераспадливи и маченички венци на Небесата."
Од книгата:
,,Христос нашиот небесен лекар"
фб Библиотека св. Гаврил Лесновски