Втора недела по Педесетница, Тетово (14.06.2015)

На 14.06.2015 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Божествена Литургија во Соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ – Тетово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Истиот ден Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, освети вода и го благослови кумскиот колач во с. Палчиште – Тетовско.













Пред нас е ИЗБОРОТ!


„Љуби и прави што сакаш“. Доколку ти вистински љубиш – нема да направиш ништо што би Го огорчило Бога и твоите ближни. Сите заповеди Христови се содржат во заповедта на љубовта. Вистинската слобода, тоа е слобода на љубовта, а не слобода на егоизмот. Јас вистински сум слободен кога го правам она што го бара од мене љубовта,...


„Иконата го прикажува небесниот свет. Ние понекогаш забораваме дека зад оваа реченица стои љубовта Христова, дека ние го претставуваме скапоцениот свет на хармоничната Љубов кој не може да биде ниту тажен, ниту натажен, ни мрачен – сето тоа е човечка особина.




























