,,Ние не го примивме духот од овој свет,туку Духот Кој иде од Бога“
Духот на овој свет од овци прави волци, додека Духот што иде од Бога од волци прави овци.
Апостолот уште додава дека сме примиле Дух Божји затоа ,,за да знаеме што ни е дарувано од Бога“.
Значи да дознаеме што е во нас од Бога и што не е од Бога,и да ја осетиме радоста од она што е од Бога и горчината од она што не е од Бога туку од духот на овој свет.






Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од начитаност и логика отколку знаење што произлегува од личносна заедница со Бог и своите ближни, во Телото на Воплотеното Слово, Црквата.
Целиот паднат свет е глупост квалификуван за досетливост. Глупоста е измама, самозалажување. Ѓаволот е лажго уште од почетокот. Тој вечно се лаже и себе и другите. Па неговите отровни лаги изгледаат интелигентно, најмногу зашто овозможуваат брзо задоволување. Глупоста е секогаш задоволна, а задоволството секогаш импресивно...
Кој пример би бил поубав од Господ Исус! Зарем послушноста кон Отецот не Го одведе до Крстот и до смртта? Зарем Тој, бидејќи единосуштен на Отецот, не можел да се спротивстави на ова? Тој, меѓутоа, тоа не го стори. Додека се качувал на Голгота, чекорел во пот и паѓал на колена со болка, под бремето на отсекувањето на сопствената волја. Требало Тој да се искачи, да го досегне нејзиниот врв и да биде воздигнат на прославениот и за демоните страшен Крст, да го покаже совршеното и апсолутно послушание...
Кога ќе дојде антихристот и ќе посака да ти стави печат, тој нема да посака просто да ти стави еден печат, за да можеш да продаваш и да купуваш, туку ќе посака да го заземе местото на Христос во твојот живот, за да биде тој на местото на Христос. Нема да посака од тебе просто да ти стави печат. Ќе посака од тебе да го отфрлиш Христос како Бог и да го примиш него како бог. Кој бара денес од тебе такво нешто? И зошто се крева таква паника? Кој ви кажа, дека ако ви дадат нешто,
Зoштo Гoспoд дoпушта на вистинската вeра да има напади и маки, дoдeка на eрeситe и на нeзнабoштвoтo му дoпушта насладувањe и спoкoјствo? “Зoштo?”, сe прашува и св. Јoван Златoуст и вeднаш oдгoвара: “Затoа за ти да ја пoзнаeш нивната слабoст (на eрeситe и на нeзнабoштвoтo) кoга ќe видиш дeка тиe и бeз вoзнeмирувањe самитe oд сeбe сe распаѓаат, и да би сe убeдил вo силата на вeрата штo прeтрпува бeда, па дури и прeку свoитe прoтивници сe умнoжува”.
Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе и кон нашите ближни. Саможивоста стана философија на нашето вата, ние всушност се ослободуваме од сите несреќи, слабости и немоќи на богозаборавниот и човекозаборавниот живот, искитен со сиот гнас што се нафатил на нашата природа од Каина до денес.
Кога свети Серафим Саровски бил запрашан дали на христијаните од наше време им недостасува некаков услов, за да ги произведат истите плодови на светост што беа толку изобилни во минатото, тој одговорил: недостасува само еден услов - решителноста. "
Тоа е некако ниско. Некако е лесно да се искажат тие малечки зборови " те сакам".
Кoга св. Василиск гo држeлe мачитeлитe
Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е Тој што принесува и Се принесува, Кој прима и Се раздава. Епископот вели: „ангел на мирот, чувар на нашите души и тела“, и секој човек е посетен, а секој демон отстапува – додека повторно не биде повикан. „Простување и разрешување“, и секој грев е простен – додека повторно не биде направен. „Сѐ што е добро и полезно за нашите души и тела“, и сѐ на добро се менува – додека ние не го промениме, по наше. „И направи го овој леб чесно Тело Христово, а што
7 јули 2020 (вторник),Почеток: 10:30 ч., Плато пред МАНУ
Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на словенски јазик. Но, неговата улога како свештеник и управител со манастирот не завршувала тука. Како многу учен и образован човек, кој познавал многу јазици, кај него секојдневно доаѓало мноштво народ за да се поучи за верата, но и за да слушне совети за секојдневниот живот, за земјоделието, за сточарството и другите практични работи.
Човековото спасение зависи од молитвата, бидејќи тоа е она што приближува и соединува кон Бог. Кога човекот се наоѓа во близина Божја, наполно природно е да не скршнува од етичкиот пат, зашто вложува внимание во секој свој чекор. И покрај сето наше внимание, ѓаволот не престанува да нe сопнува, зашто сака да нe изненади во миг на слабост и да нe одвлечка на својот пат, кој секогаш води вртоглаво надолу. Од таа причина, драги мои чеда, од нас нужно се бара постојано да
Очи се исправија во рамнина,
Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани. Некој кој го загрозува нивното славољубие и нивното високо мислење за самите нив. Тоа е комплексот на мува. Од целото цветно поле, ќе застане на некоја валканица. Не гледаат што е добро, не гледаат нешто да научат, туку го следат оној во кого лоцирале опасност и будно бараат негова грешка за да го осудат и да прераскажуваат.
Јас немам толкава благодарност, која ќе може да одговори на твојата безмерна љубов...Ниту доволно зборови, да ја опишам твојата молитвена грижа за нас - преточена во слово...Само огромна желба, да го изодам Патот кој што неуморно го трасираш пред нас, следејќи ги многубројните светлечки патокази што несебично ги поставаш на секоја кривина, цврсто држејќи се за твојата сигурна, пастирска рака.
Во црква одиме за да се научиме да Го љубиме Христа, конкретниот Христос, конкретната Личност Која заради нас станала Човек пред 2000 години, Оној Кого Го гледаме на иконата, Оној со Кого се причестуваме секој ден, Оној Кому се обраќаме секогаш кога велиме – Христе помогни ми! Господи Исусе Христе помилуј ме! Тоа е целта на Црквата – да Го возљубиме Христа

























