ЦРКВАТА, ТАЈНИТЕ И ПРИЧЕСТА

Црквата го црпи својот идентитет низ историјата не од тоа, што претставува сега, туку од тоа, што ќе биде кога во есхатонот целосно ќе се преобрази во Царство. На својот пат, таа претвкусува и веќе се приопштува кон есхатонот. Битието на Црквата е децидно определено од дијалектичкиот однос меѓу историјата и есхатонот.









Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате на Отецот. Вие му се клањате на она што не го знаете; а ние се клањаме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците.

Вистинските христијани на сите времиња, највнимателно се чувале од отровот на смртоносната ерес и другите лажни учења. Тие неотстапно го почитувале догматското и моралното предание на Црквата. Не само што православно верувале во Светата Троица, туку и својот живот, своите подвизи и своето однесување го насочувале кон преданието на Црквата. Карактеристична црта
„Се смета дека една од главните одлики на војсководецот во битките на овој свет е да не паѓа со духот при секоја промена на среќата, туку е непоколеблив, како камено срце, и во својата цврстина донесува најразумни и најкорисни одлуки, доведувајќи ги во недоумица со таа цврстина, своите непријатели, ослабнувајќи ја нивната дрскост и влевајќи ѝ храброст на својата сопствена војска.



































