Митрополит Атанасиј Лимасолски: Љубовта значи жртва – (II дел)
Љубовта треба да се покажува. Насушна потреба е да му кажеме на другиот дека го љубиме. Во храмот имаме потреба да му запалиме кандило на светијата, да го очистиме Божјиот храм, да го украсиме, да се радуваме на неговото благолепие, да го кадиме со темјан, да го гледаме и да се восхитуваме. Бог нема потреба од тоа. Но кога човек постапува така кон Бога и кон другите луѓе, тој добива соодветен одговор.