Архиепископ Јован Шаховској: Секташтво во православието и православие во секташтвото
Но, во што се состои духот на секташтвото, против кој треба да се наоружаме со молитва и трезвеност? Тој дух е дух на душевна (не духовна) ревност. Тоа е – рационализација на верата, стражарење над чистината на верата и изгубената длабочина. Тоа е губење на љубовта. Поедини православни на секташки начин го штитат своето Православие, користејќи цитати од Светото Писмо или канони како стапови, спорејќи со секташите, та дури и со своите православни браќа (древни и нови расколи), штитејќи ја својата вера без надеж во Бога, без љубов кон човекот.