Очите Господови се на секое место
Тогаш не само што нема да грешат јавно и нема да им се предаваат на телесните излишности, туку и одвнатре, во движењето на срцето, не би допуштале ништо што на Бога не Му е угодно. Тогаш созданието би стоело како што на бојно поле стои војникот пред царот, со сето внимание и строгост кон себе, за да не испадне дека не си ја знае должноста, та да не падне под гневот и казната царева.