Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...
Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек, на неговиот паднат ум.
И самиот пад на човекот не се случи со земањето на забранетиот плод, туку токму со самооправдувањето: „жената, која Ти ми ја даде, ме прелажа“, како и: „змијата ме измами, и јас јадев“ (види: 1 Мој. 3, 12–13). Самооправдувањето, поврзано со