логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Молитви за лекување и исцелување

Господи, Ти си Извор на Животот. Испрати ми ја животворната сила на Духот да ми го излекува умот, душата, волјата и телото. Дарувај ми исцеление од сите психички и физички слабости и страдања. Дарувај ми здравје, сила и живот, младост и убавина и да се развијат во мене благодатните дарови и способности да можам да живеам, да се учам и да Ти служам.

Господи, помогни ми во овој тежок час да се ослободам од болеста за да Ти служам со радост. Сакам да го посветам животот во служба на Твојата Љубов, на исполнувањето на Твојата Волја.

Повеќе...

SPE_8937

Во името на Отецот, Синот, и Светиот Дух.
Како да го прославам нашиот духовен отец, и нашиот молитвеник и застапник пред престолот на Бога?
Ваше блаженство,                                                                                                                                         

 чесни отци, возљубени во Господа браќа и сестри,
празникот на родителите, секогаш, за нас има своја посебна важност и е исполнет со толку пријатна внатрешна топлина која човек, ако не се смирува, би рекол, можно е и да не ја забележи. Но, се разбира дека, ако со родителите се гледаме секој ден, би можело и да нема ништо чудно и необично во нашите средби по повод нивниот посебен празник. Сепак, тоа е една огромна можност секој човек да покаже почит, и да ја сподели својата љубов со својот најблизок. И, ако тоа е така, драги браќа и сестри, во однос на нашите земни родители, колку поголемо треба да биде истото и во односот кон нашите небесни родители? Затоа, возљубени, да не пропуштаме да им се поклонуваме и да им благодариме на сите кои духовно нè родија од порано – и тоа, ако не сме со нив во своите молитви постојано, барем на нивниот празник никако да не ги забораваме. За истото, возљубени во Бога, нè поучува и свети апостол Павле, обраќајќи ни се со зборовите: помнете ги и вашите наставници, што ви го проповедаа словото Божјо, и, имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна. (Евреите13,7)                                                                               
Возљубени, во Христа Бога Спасителот,
Oвие зборови, нè поучуваат во тоа, секогаш да ги почитуваме наставниците во верата Божја, кои за нас се потрудија да го распространуваат Божјото слово насекаде во светот, и да ги почитуваме наставниците кои го преведоа истото слово Божјо за разбирање на јазикот на секој народ. Да ги помниме и почитуваме тие наставници, кои се трудеа тоа Божјо слово да стаса до срцата на многу луѓе и на тој начин да се распространува и да расте големо како синапово зрно и колку што е можно сè поголемо мноштво народ да го познае Христа Спасителот  и да го последува Него здобивајќи го и своето спасение.

Собрани денес, во оваа прекрасна манастирска црква, и ние возљубени, го празнуваме споменот, на еден таков голем учител и наставник, и тоа од нашиот богољубив македонски народ – преподобниот отец Наум Охридскиот Чудотворец. Драги браќа и сестри, светиот владика Серафим Соболев, на своите духовни чеда им се обраќал со зборовите: јас не сум само ваш татко, јас сум и ваша мајка. Овие исти зборови, возљубени, можеме, а и треба да ги кажеме и ние за блажениот отец Наум Охридски – чиј спомен денес го празнуваме, бидејќи и тој за нас не само што е наш татко, но тој е и наша мајка - не само за нас, кои служиме и се црквуваме овде, но и на целиот наш македонски и словенски народ. Овие зборови се правилни, возљубени, бидејќи свети Наум Охридски е еден од оние кои нас нè родија во Христа. И повторно, светиот апостол Павле пишува до Коринтјаните, а истите зборови се однесуваат и за нас: Ако имате и на десетина илјади наставници во Христа, многу татковци немате, бидејќи јас ве родив во Исуса Христа преку Евангелието" (1. Кор. 4,15). Возљубени, денес го празнуваме споменот на еден од оние, кои што подобно на светите апостоли кога го слушнале повикот од Учителот, Спасителот наш Исус Христос веднаш тргнале да го следат, така и свети Наум, тргна да ги следи светите браќа Кирил и Методиј, оставајќи сè, и домот и богатството и спокојниот живот, само за да оди по нив и да го слуша нивното слово и проповед - и не само тоа, но и да се труди еднакво со нив за преведување на таа проповед и тоа слово Божјо и за нивно распространување. Затоа, и пееме во неговиот тропар: Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот..., односно, откако го запозна Христа, свети Наум - сиот Му се предаде на Него, а го остави светот, и ги остави сите светски наслади, та живеејќи духовно (со дух), телото го распна, откажувајќи се од благородството на своите родители и прифаќајќи го духовното сиромаштво, смиреноста и скромноста, ја отфрли гордоста, за да може да им се придружи и успешно да ги следи своите учители, рамноапостолните свети браќа Кирил и Методиј.
Возљубени, во Христа Бога,
ако, свети Наум и свети Климент не беа целосно оддадени на своите учители и ако не беа вљубеници во родниот словенски збор и писмо, во родната словенска просвета и култура, тие не ќе можеа да ја разберат ни пораката од посланието на апостолот Павле дека веќе нема ни Јудејци ни Елини, туку дека сите сме еднакви пред Бога (Кол. 3,11) како и тоа дека секој може да го слави Бога на својот јазик, зашто и дождот врне од Бога за сите како што и сонцето грее за сите, правилно одговарајќи им свети Кирил на тужителите во Венеција.
Само богоугодна личност како блаженопреподобниот отец Наум, драги браќа и сестри, можела да го создаде и обогати со бројни чудеса неповторливиот манастирски храм на Белото езеро, посветен од него самиот на светите ангели, а денес носејќи го неговото име. Од овој манастир, возљубени, започнува да се шири и монаштвото во Македонија и на Балканот, и тоа под неговото мудро раководство.
Иако, некој би можел да се осмели и да каже дека житието на свети Наум Охридски е кратко, сепак, драги браќа и сестри, тоа ние не можеме да го прифатиме за точно – бидејќи неговото житие е бескрајно и продолжува во вечното Христово Царство. Но, и покрај тоа во дебелата книга со житијата за светиите, навистина за него е напишано многу малку. И, зошто е тоа така, возљубени? Зарем немало кој да ги опише неговите подвизи? Ете, и во тропарот на преподобниот повторно пееме си се стремел како апостолите да се подвизуваш и безбројното мизијско множество во верата си го вовел. Од овие зборови, веднаш кај нас се појавува прашањето, зарем никој не можел од неговите блиски ученици и од тоа множество народ да ни раскаже за својот учител? Секако, дека тоа било можно возљубени, но, без сомнение има само еден логичен одговор - самиот свети Наум, со своето смирение, успеал да ја покрие тајната на својот живот. Бидејќи љубовта помеѓу душата, која станала Христова невеста и Небесниот Жених, е тајна. И бидејќи она што се случува во срцето, е тајна, и пак уште еднаш бидејќи духовниот, пак, човек испитува сè, а него никој не го испитува. (1. Кор. 2,15).
Но, иако внатрешниот живот на преподобниот е скриен за нас, сепак, за да не се покажеме неблагодарни, можеме и ние драги браќа и сестри, да направиме една пофалба на овој наш блажен отец, по чии молитви и се надеваме да се спасиме... Свети Наум Охридски Чудотворец, возљубени, е сокровиште и образ на христијанските добродетели.
Тој е вистински послушник, драги браќа и сестри, не на еден, туку на двајца духовни старци. И, тоа - не само до нивната смрт, но и по неа се наоѓа во послушание кон нив, бидејќи се јавува како продолжувач на нивното дело.
Свети Наум е и вистински апостол, бидејќи го доведува дивиот народ во трлото на кротките Христови овци.
А, заедно со тоа е и исповедник на верата и затвореник на Исуса Христа (Ефесјаните 3,1), возљубени, бидејќи без страв ја исповеда православната вера и ги разобличува латинските лажни учења. Затоа е прогонуван и фрлен во темница.
Тој е и голем молитвеник и чудотворец. Откако тој и соучениците кога биле затворени во темница, се помолиле на Бога, и по неговите молитви оковите паднале од рацете нивни, а починатиот син на големецот воскреснал од мртвите.
Свети Наум е и прекрасен поет и химнописец, возљубени, бидејќи го воспеал првоповиканиот Христов ученик – светиот апостол Андреј.
Свети Наум е и мудар духовен отец и учител,  драги браќа и сестри бидејќи достојно го продолжил делото на свети Климент во Охрид.
И уште, свети Наум е и преподобен, оти посакал последните години од својот живот да ги помине во молитва, покајание и плач, за целосно исчистен да застане пред Оној, Кого го возљуби со сето свое срце и на Кого му го посвети и целиот свој живот.
И сите овие чудесни подвизи на преподобниот отец се прераскажуваат само во неколку реченици... А, тоа значи дека и денес свети Наум и по неговата смрт нè поучува на понизност.
Затоа, секој кој во овој збунет век, драги браќа и сестри, сака да води духовен живот, нека се поклони на големиот Охридски чудотворец и нека побара поука како да Му оддаде сè на Христа. Сè... Без суета... Без самооправдување... За светителот, да го научи како сето тоа може да стане љубов... Сè да стане чудо. А, за чудата? Да, свети Наум врши и до денес многу чуда - лекува болни, ги разврзува јазлите на бркотниците од животот, ги брише солзите од очите на исплашените и им вдахнува сила... Но, и чудата негови се толку тивки, толку ненаметливи, та шумниот современ човек како ништо може да ги добие и без да ги забележи, заедно со најголемото чудо на светот – а тоа е смиреното срце, кое знае да сака.
Возљубени, ние како свештеници имаме света должност да го повикуваме народот да доаѓа во црква и да ги посетува светите богослужби. А, зошто е тоа така важно? Драги браќа и сестри, секако, овде не се мисли само на физичкото пребивање во храмот за времетраењето на некои нејасни молитви искажани на некој чуден и нејасен јазик, но се мисли на враќање кон преданието и кон тој извор на вечниот живот, бидејќи за време на православното богослужење тече чиста и апсолутна виситна чиј што извор не е од нас себе и од нашата природа, но тече вистина која ни е откриена од Синот, со силата на Светиот Дух. Тече вистината од нашиот Небесниот Отец. Сепак, возљубени во Господа, денес гледаме дека сè повеќе се актуелни некои помодарства кои нас нè одвојуваат од богослуженијата и ние православните сè повеќе се собираме надвор од храмовите, надвор од Божјиот дом. Некако, за жал, веќе помил ни е секој друг амбиент од амбиентот на храмот и се помили ни се некои други песни и игри, а не тие кои ги пееле нашите свети предци и со кои духовно и радосно играле. А таа игра е од небесно  потекло, возљубени. Спасителот ни вели: Радувајте се и веселете се зашто голема е вашата награда на небесата. А тие небесни награди, драги браќа и сестри, ние ги добиваме внатре во црквата преку светите тајни и преку светата Вистина. Затоа е важно да ги почитуваме светителите,  и да ги почитуваме нашите наставници кои духовно нè родија во верата.  


Возљубени, драги браќа и сестри
Во ова 2017 лето Господово, дочекавме да прославиме 50 години јубилеј, од возобновувањето на Охридската архиепископија, кога, Светиот Синод на МПЦ на 17 јули 1967 година во Охрид го свикува Третиот црковно-народен собор, и на свечената седница во охридската црква на Свети Климент Охридски ја прогласува Македонската Православна Црква за АВТОКЕФАЛНА. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква е совршен на Светата Архиерејска Литургија, отслужена во црквата на Свети Климент Охридски на 19 јули 1967 година, од страна на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ. Точно 200 години по нејзиното укинувањето од страна на турскиот султан.
Ова нивно големо дело, возљубени во Бога, е достојно за почит и секогаш сеќавање на него, возљубени, зашто Бог тогаш така благоволи, та преку молитвите од свети Климен и свети Наум Охридски; и на сите кои што се впишаа во поставувањето на темелите, коишто го посеаја Евангелието по македонската земја, на оние коишто ја организираа нашата Помесна православна црква и на сите што се бореа за нејзино опстојување низ вековите, како и за оние коишто по двевековната забрана на нејзината дејност ја воскреснаа нашата древна Охридска Архиепископија, та и ние како народ да останеме во верата на нашиот Господ и Спасител.
Да му благодариме Бога, драги браќа и сестри, за Неговата голема милост кон нас, дарувајќи ѝ на нашата Црква големи светила како блажениот отец Наум, Охридскиот Чудотворец – та и ние, поддржувајќи ја вистинската Божја вера, со него да ги достигнеме вечните богатства на нашиот Господ Исус Христос, во слава на Отецот, на Синот и на Светиот Дух, секогаш и во сите векови. Амин.

Во Скопје,( н. Радишани) на денот на празнувањеро на св. Наум Охридски

Друго:

SPE_8985

п.п.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3121
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7592
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1888
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2395
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Сè што е соединето со Бог, спасено е

Whatever is united to God, it is saved

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная