Денес, на Божик, Љубовта станува Човек и конкретно се оприсутнува во историјата, бивајќи опиплива.
Денес, Оној што е постар од времињата, станува Доенче и спокојно се радува во прегратките на својата Мајка.
Радувајќи се со Богородица, да се радуваме еден на друг, да се љубиме
Во новиот број се сместени содржини со кои би сакале да се обидеме да ги запознаеме верниците што подобро со традициите на црковниот живот, и со учењето на нашата Света Црква, и да придонесеме за што поголем интерес кај сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко, за практикување на нашата православна христијанска вера.
Со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, од денес, 1 јануари 2024 година, достапна е новата обновена верзија на апликацијата „Православен календар“ за 2024 година, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“,
На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светата великомаченичка Варвара и Свети Јован Дамаскин,
Удостој нe Господи, денеска без грев да нe зачуваш. Многупати ја повторував оваа молитва на Црквата. Нашиот безгрешен живот на земјата, ни ја отвора вратата кон Небото. Она што го спасува човекот не е богатството на знаењето. Животот без грев е она што нe подготвува за живот со Бога во идниот век.
Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Постојат надворешни показатели што ни овозможуваат да пресметаме на која оддалеченост се наоѓаме од Бога: го следиме ли Евангелското Слово? Го достигнавме ли совршенството, односно љубовта за целиот свет, без да правиме разлика помеѓу непријателите и пријателите?
Архиерејска Божествена Литургија на празникот на свети Климент Охридски во Скопје (08.12.2023 10:39)
Во чест на патронот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, свети Климент Охридски, во соборниот храм во Скопје се отслужи Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Епископот Дељадровско-илинденски г. Јоаким и Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Вечерна богослужба во чест на свети Климент Охридски во Скопје (07.12.2023 10:35)
Воочи празникот на свети Климент Охридски, Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Вечерна богослужба во молитвено присуство на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ректорот на Македонската Православна Богословија, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј и умировениот митрополит г. Јосиф, во чест на свети Климент Охридски, патрон на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Македонската Православна Богословија. Во рамките на одбележувањето, во храмот „Св. Климент Охридски“, во Драчево, се одржа и свечена духовна академија. Празничниот леб го прекрши Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.