Скопје, 7ти јмај 2024 год.-храм на Свети Три Јерарси (во о.Центар- Меѓуградса автобуска)
На 7 мај 2024 година (вторник од Светлата седмица), во храмот на Светите Три Ерарси во Скопје,
отец Иринеј Стефановски отслужи Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Да бидеме справедливи. Да помислиме за сопствената си душа, за нејзиното спасение, за „правилото" што ќе и помогне да живее и да се сочува.
Помина светата Четириесетница, ја преживеавме Страсната седмица и Пасхалната гозба на верата, се исповедавме и причестивме, се обновивме, очистивме -сега треба да се мисли како духовно да се сочуваме себеси, како духовно да се утврдиме и да се збогатиме.
Должни сме така да се грижиме еден за друг како што се грижиме за самите себеси и да го поштедуваме ближниот како што Бог не поштедува.
- свети Јован Златоуст
Преминпортал (к.т.)
Друго:
Служба на светите и спасителни страданија-храм на Светите Три Ерарси, Скопје (02.05.2024)
Божествена Литургија во храмот на Св.те Три Ерарси, о.Центар (30.07.2023)