ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
На 19. 05. 2019 година, во четвртата недела по Пасха, недела на раслабениот, ден кога си спомнуваме за трпението, бевме сведоци како Бог ги услиша нашите молитви и врз нас богато ја изли Својата милост.Радоста на Воскресението беше зголемена со посетата на неговото блаженство митрополитот Скопски, архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, кој за нашиот параклис поклони дел од моштите на свети Јоаникиј Ракотински.
7. И ги повика дванаесетте, и почна да ги праќа по двајца, и им даде власт над нечистите духови.
8. Па им заповеда да не земаат ништо за по пат, освен по еден стап; ни торба, ни леб, ни пари во појасот.
9. но да се обуени во сандали и да не облекуваат по две облеки.
Сè создадено стана од Бог Отецот, преку Него, во Светиот Дух – со Нивната божествена енергија; и без Него ништо не стана од сѐ што – ни од што претходно постоечко стана, во времето.Во Него имаше суштинска енергија на Живот и Животот им беше единствена вистинска и незалезна светлина на луѓето во овој свет.
„Пред Тебе, Господи, вратите на смртта од страв се отворија, а вратарите на адот, кога Те видоа, се исплашија, бидејќи си ја скршил бакарната врата и си ги разбил железните резиња, и си не извел од мракот и од смртната сенка, и си ги раскинал нашите окови“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна во Недела на Пасха).