Г.Г. Стефан повика на мир и човекољубие (10.05.2015)

Вчерашните случувања во Куманово, потврдија дека кога ќе заборавиме на обврските кон државата и народот, и кога партиските и лични интереси ќе ни се поважни, поинаку и не може да биде. Време е конечно да сфатиме дека eдинството треба да биде нашата најголема сила и гаранција за нашето опстојување. Господ нека ни помага да го разбереме тоа што поскоро.




Што значи измирување со Бога, со ближниот и со себе во Црквата, тоа е покајание. Тоа ни недостасува, покајание, сакале тоа да си го признаеме или не. Тој што не се измирил со себе и не се спознал во слабоста своја нема да може да се измири со ближниот свој, а кој не се измирил со ближниот нема да може да се измири со Бога,...







































