Скопје, 10.05.2015год.- храм Свето Благовештение
На 10-ти мај 2015 година, во Неделата наСамарјанката кога Македонската православна црква-Охридска архиепископија го прославува споменот на Светиот апостол Симеон , во храмот Свето Благовештение ( во кругот на Клиничкиот центар во Скопје), старешината на храмот о. Душко Наумовски отслужи Божествена Литургија иупати молитви за покој на починатите полицајци. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата, отецот го протолкува значењето на денешното Евангелие, како и за загинувањето на осумте полициски службеници.
Старец Паисиј Светогорец
Божествената Благодат бега од горделивиот и преминува кај смирениот. Оној што има високо мислење за самиот себеси, всушност е надвор од себе (безумен), бидејќи наместо да Му благодари на Бог за сите добра што му ги даде, тој Го онеправдува бидејќи за свои ги смета даровите Божји.
Преминпортал (к.т.)