Известување: Во Скопје, на 20 септември со ЛИТИЈА ќе отпочне прославата на Рождеството на Пресвета Богородица

Вечерната богослужба, на 20 септември, ќе започне во 17:00 часот, а потоа прославата ќе продолжи со Литија по улиците во центарот на Скопје.Утредента, на 21 септември, Утрената богослужба ќе започне во 7:30 часот, а Светата Литургија во 9:00 часот.





На 11.09.2016 година, Отсекување на главата на Св. Јован, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Тетовско-гостиварската епархија. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.



03. септември (сабота),
Нека се радуваат, затоа, денес сите жени и сите мајки во светот, гледајќи со какво достоинство ги украси Пресветата и Преблагословена Богородица. Да, какво само достоинство Бог им даде на жените преку Својата Пречиста Мајка! Таа е навистина образец на секоја мајка, највозвишен пример на секоја жена.





























