Молитвен спомен на светиот Нектариј Битолски

Големиот Атонски подвижник и рожба на градот Битола, Светиот Нектариј, повторно ги испушта своите зраци како топло духовно сонце, за да ги прегрне и стопли душите на оние кои се собраа во Рајчичката Обител, за со сеноќна молитва да го прослават неговиот свет спомен. А каква благодат беше тоа посведочи Божествената Литургија следниот ден







Понекогаш, кога љубовта Христова нe допира, ја чувствуваме вечноста. Тоа не можеме да го сфатиме со разумот. Бог дејствува на Негов, својствен начин, кој е недофатлив за логиката. Во нашиот христијански живот не треба единствено да се потпираме на својот разум.





На 02.12.2016 година (петок), од 10,30 часот, во храмот на св. Петка, гостин ќе биде професорот на Теолошкиот факултет м-р Петко Златески. 































