На 7 април 2016 година, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, беше прославен празникот кој го јавува предвечното таинство и кој е почеток на нашето спасение – Благовештението на Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија, кој со Одлука број 58/15 од 27.11.2015 год. е прогласен за епархиска слава на Свештената Кумановско-осоговска епархија при Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
Човекот е создаден како слободно и разумно битие. Затоа, Бог, и во овој момент бара одобрување од света Дева Марија. Бара израз на слободна волја за да може Словото Божјо да се всели во нејзината утроба. Поминале многу векови и народот го очекувал овој настан. Моментот кога човекот повторно ќе биде измирен со Бога. Моментот, кога на човечкиот род повторно ќе му се даде можност да се врати во првобитната блажена состојба.
Некои велат дека од молитвата доаѓа прелест. Тоа е погрешно. Прелеста доаѓа од самоволие, а не од молитвата. Сите светии многу се молеа, повикувајќи ги и другите на молитва. Молитвата е најдобро дело за душата. Преку молитвата се доаѓа при Бога. Преку молитвата се задобива смирение, трпение и секое добро.
На 3.04.2016 година, во Третата недела од Великиот Пост, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Светиот Дух нè учи да ги љубиме непријателите, така што душата ќе ги сожалува како родени деца. Има луѓе кои на своите непријатели или на непријателите на Црквата им сакаат погибел и маки во пламенот на пеколот. Тие мислат така затоа што Светиот Дух не ги научил на љубовта Божја, оти тој кој е научен на таа љубов, ќе пролева солзи за целиот свет.
На 01.04.2016 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Литургија на Претходноосветени Дарови, во параклисот посветен на „Св. Кирил и Методиј“ во Лешочкиот манастир, во сослужение на свештеници од Тетовско архиерејско намесништво ереј Александар Стојаноски и ереј Марјанчо Мадевски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
07. април (четврток, Благовештение), 09:00 Света литургија;
09. април (сабота), 18:30 Вечерна;
10. април (недела, Недела на св. Јован Лествичник), 07:30 Утрена, 09:00 Света литургија;
Во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, на 8 април 2016 лето Господово (петок), со почеток во 22:30 часот, ќе се отслужи сеноќно бдение.Со Бдението ќе началствува Поглаварот на Македонската православна црква, во сослужение на архимандритите од македонските манастири. На Бдението ќе пеат хоровите при братствата на Бигорскиот и Лесновскиот манастир, како и хорот „Хармосини“.
КОНДАК 2
Гледајќи се Светата Себеси во чистота,
смело на Гавриила му прозборе:
Преславниот твој глас
Кој Го љуби Господа, тој секогаш се сеќава на Него, а сеќавањето на Бога ја породува молитвата. Ако не се сеќаваш на Господа, тогаш нема ни да се молиш, а душата без молитвата нема да пребива во љубовта Божја. Оти преку молитвата доаѓа благодатта на Светиот Дух. Со молитвата човекот се чува од гревот, оти умот кој се моли е зафатен со Бога,...
Токму затоа и овој петок, нашите две обители радосно ѝ ги упатија на небесната наша Мајка прекрасните благодарствени песни од акатистната химна:
Радувај се, ти ни помагаш да се ослободиме од лоши дела! Радувај се, ти го прекрати поклонувањето на огнот! Радувај се, ти нè ослободуваш од пламенот на страстите! Радувај се, ти ги учиш верните на целомудрие; Радувај се, ти си радост за сите народи!
На 25.03.2016 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи II акатист на Пресвета Богородица, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ - Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протоереј Предраг Исаески, протоереј Ивица Спасеноски, протоереј Жарко Мицкоски и ереј Александар Стојаноски.
На 25.03.2016 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Литургија на Претходноосветени Дарови, во храмот „Св. Петка “ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протоереј Андон Андоноски, ереј Александар Јанкоски и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
“Акo вистинитoста на вeрата сe цeни спoрeд пoбeдитe вo вoјнитe, тoгаш би значeлo дeка ситe идoлoпoклoнички нарoди, кoи oдврeмeнаврeмe гo пoбeдувалe свeтoт, какo Пeрсијанцитe, Грцитe, Римјанитe и други би ја ималe вистинската вeра! Тoа ни виe мухамeданцитe нeма да гo признаeтe. И тoа штo сeга стe ги пoбeдилe христијанитe, тoа нe значи дeка вашата вeра e пoдoбра, туку дeка сe гoлeми нашитe грeвoви заради кoи Бoг прeку вас нè казнува”.
Радувај се во Господа, прославен граду Битола, на Четириесетте победоносни Маченици Христови славна родителке. Зашто тие на насилството и ветувањата од телољубивите Агарјани, мажествено спротивставувајќи се, непоколеблива основа за верните станаа, откако крвта своја маченичка како дар на Господа му ја принесоа.
Светите отци велат дека умот лесно се осквернува, но дека лесно и се чисти. Срцето тешко се чисти, но тешко и се осквернува. Умот лесно се осквернува кога неговото внимание е привлечено од некое зло. Срцето, меѓутоа, нема веднаш да стане причасно на ова осквернување. Кога срцето ќе создаде добра духовна состојба,
Не велете дека Бог е невидлив за луѓето,
Не кажувајте дека луѓето не ја гледаат светлината Божја,
Ниту дека тоа е неможно во сегашно време!
Денес, во Неделата на Православието, Митрополитот Европски г. Пимен отслужи Божествена Литургија на свети Василиј Велики, во манастирот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица.
Малитe пoчeтни грeвoви чoвeкoт уштe и мoжe да ги прeкинe и да ги oстави. Нo грeв пo грeв, пoвтoруванo, ткаeњeтo пoстанува сè пoјакo и пoјакo дoдeка најпoслe нe сe сoздадe страста штo пoтoа oд чoвeкoт прави зависник какoв штo самo таа мoжe. Нe мoжeш лeснo ни да ја oтсeчeш ни да ја oддалeчиш oд сeбe, ниту да сe раздeлиш oд нeа. O кoга луѓeтo би сe вардeлe oд пoчeтнитe грeвoви, ...