Тропар на свети Алимпиј столпник 26 ноември / 9 декември 2024
Столб на трпение стана,
кога преподобно ревнуваше како праотците,
Јов во маките, Јосиф во искушенијата,
и живот на бесплотните во тело.
Столб на трпение стана,
кога преподобно ревнуваше како праотците,
Јов во маките, Јосиф во искушенијата,
и живот на бесплотните во тело.
Со зборови си ги упатил народите во верата Божја,
со делата си се издигнал преблажен,
кон божествен и блажен живот.
Со чудеса си ги просветил оние
што пристапуваат со вера кон тебе,
со знаменија си ја осветлил темнината.
Од војвода на земните војски,
војник Христов постана, кој во својата крв сe крсти,
приведен да ја исповедаш вистинската вера која спасува,
Меркурие миленику на Мајката Божја,
моли се за нас подвигот спасоносен да го завршиме,
Со добродетели како со сончеви зраци
ги просвети неверните мудреци,
и како пресветла месечина која оди во ноќта,
ја изгони темнината на неверието.
Царицата ја убеди, а мачителот го разобличи,
Пустината тивко очистувајќи го срцето твое,
о свети Амфилохие,
те припреми да бидеш изведен на Божја служба,
тебе кој со ангелот се молеше,
мудроста Божја на жедните преку тебе представена беше,
О вие мажи обручени за љубовта Божја,
о вие тихуватели кои го запознавте гласот на срцето,
Калисте и Игнатие отци наши преподобни,
молете Го Младоженецот на душите човечки
Денес е почетокот на Божјата милост
и на проповедта за спасение на луѓето.
Во храмот Божји јасно Дева се јавува
и Христа на сите го предвестува.
Пример си бил на воздржание,
со Божествен Дух сите просветувајќи ги,
правоверно животот завршувајќи го,
со учењето светот го просветли,
Велик е животот на праведникот пред Господа,
и него наградата не го одминува,
така ти Авдие Божји пророче,
дар доби да ја видиш Црквата Новозаветна
која во себе ќе ги удоми децата,
од нив сега прими пофалба торжествена
.