логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Rozdestvo2012b2.jpg

ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ

7/25. декември


Настанот на  Христовото раѓање го опишале евангелистите (Мт 1, 18 - 2,1-19:  Јн  1,9-14),  при што секој од нив имал посебен агол на гледање: исполнување на старозаветните пророштва, земната и небесната димензија на раѓањето.

Во моментот на најголемото очајание на Избраниот народ, кога Асирската и Ефремовата војска го опколиле Ерусалим,  пророкот објавува дека
  „девојка ќе роди син и ќе му се даде име Емануел“ (Ис 7,14).

 Така Бог го најавува избавувањето не само на опколените - туку на целото човештво, но поминаа повеќе од седум векови чекање,
„но кога ќе се исполни времето Бог Го испрати Својот Син“ (Гал. 4, 4).

 Пророчката димензија на Христовото раѓање како исполнување на старозаветните пророштва за доаѓањето на Спасителот на светот, односно случувањата кои што непосредно му претходеа на Христовото раѓање  ги изложи евангелистот Матеј
 (Мт. 1, 18-25):

"А раѓањето на Исуса Христа стана вака: по свршувачката на мајка Му, Марија за Јосифа  уште пред да се состанат се виде дека е тешка од Светиот Дух.
А Јосиф, нејзиниот маж,95 бидејќи праведен, не сакаше да ја посрами  и намисли тајно да ја отпушти. 1
Но, штом помисли така, ангел Господов му се јави на сон и рече:
 „Јосифе, сине Давидов, не бој се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух; таа ќе роди син и ќе му  ставиш име Исус, 2 зашто Он ќе го спаси народот Свој  од неговите гревови.
А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господа преку пророкот, кој вели:
И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди син и ќе го наречат Емануил - што значи: со нас е Бог. Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше заповедал ангелот Господов и ја прими жената своја.
И не се доближи до неа,3додека таа не Го роди својот  Првороден  Син и Го нарече Исус“.

Rozdestvo.Izra.jpg
Историската димензија на Христовото раѓање ја изложи апостол Лука (Лк. 2, 1-7):

„Во тие дни излезе заповед од кесарот Август за попис на сите жители. Тоа беше прв попис за управувањето на Квириниј во Сирија. И отидоа сите да се запишат, секој во својот град. Отиде и Јосиф од Галилеја од градот Назарет, во Јудеја, во градот Давидов, наречен Витлеем, бидејќи беше од домот на племето Давидово, за да се запише со Марија, свршената за него жена, која што не беше празна.
 А кога беа таму, неа и дојде времето да роди.4 . И го роди својот Син првенец. Го пови и го положи на јасли, оти за нив немаше место во гостилница 5.

Небесната димензија на Христовото раѓање ја дал евангелистот Јован (Јн. 1,9 - 14):
Постоеше вистинска Светлина, Која го осветлува секој човек, што доаѓа во светот. Во светот беше и светот преку Него стана, но светот не Го позна.


-------------
(94 По еврејскиот закон, свршувачката  било исто што и брак, затоа вереникот се нарекувал „маж“, а  свршеницата „жена“.)
----------------

Дојде при своите и своите не Го примија, а на сите што Го примија - сите што веруваа во Неговото име - им даде можност да станат синови Божји:
Кои не од крв, ни од похот машка, а од Бога се родија. И Словото стана тело 6 и се всели во нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава  како на Единороден од Отецот.“

Во Богочовекот Исус, се стекнаа сите свештени тајни на небото и сите тажни тајни на земјата. Се што е небесно, онострано, метафизичко, божествено,
во Него ја постигна својата земна, овострана, физичка реалност.
Преку Него невидливото постана видливо,
небесното -  земно,
 божественото - човечко,
оностраното - овострано,
 трасцедентното - иманентно.

Постанувајќи  човек Син, не се раздвои од своето Божествено и од Својот Небесен Отец, задржа се што е од вечноста  и во вечноста имаше и беше.
Само прими нешто ново - човечката природа, а Неговите вечни  својства  со вочовечувањето не се намалија, ниту се промени Неговиот однос  спрема Отецот  и Духот.
 Отецот тоа Го посведочи и на Јордан (Мт. 3,17)
и на Тавор (Мт. 17,5).
 Богочовечкото дело  Христово има единствена цел , луѓето да го
 „примат восиновувањето“ (Гал 4,5).
 а како синови Божји ќе ги  примат од Бога како од Оца сите дарови,  зашто...
„  И така вие не сте туѓи и придојдени туку сте сожители на светиите и свои на Бога“ (Еф. 2, 19).
---------
1 Јосиф не знаеше дека Марија зачна од Духот Свет. Марија смерно ја чуваше тајната, а на Јосиф заради почитување му беше непријатно со неа за тоа да разговара.
По својата добрина и праведност не сакаше да поднесува тужба до судот и јавно да и издаде распусна книга (Понз. 24,1), туку намисли тајно да ја напушто.
2 Кај Евреите таткото го даваше името на своето дете, ангелот однапред го одредуваше името. Името „Исус“ е грчка транскрипција  на еврејското име „Је (хо) шуа, што значи Спасител, Помошник.
3 Јосиф беше „чувар на Мариината девственост  (Лк. 1, 34).
4 Веќе поминаа девет месеца од Благовеста.
5 Пештерата, која што овчарите ја користеле во случај на невреме.
6 Бог Логосот постана човек. Бог и порано, но на друг начин беше присутен во телото, во човекот. Сега целиот Логос, со сета Божествена совршеност постана тело. Света Тајна е, но и света вистина , дека малечкото човечко тело  го смести во себе целиот Бог Логос.  Човечкото тело постана храм Божји, дом Божји. Со вселувањето на Бога во човекот овозможено е човечкото обожение.
7 Стихира прва на ГВ.
8 Стихира трета на ГВ.

---------

Богослужење и иконографија

Според богослужбените текстови,  Христовото раѓање ги отргна херувимите со мечот, од  дрвото на животот, што на човекот повторно му овозможува консумирање на рајска храна .7 
Христос се ословува како „ свјет от свјета, Отчеје сијаније“ 8,
 роден заради луѓето на кому -  „всака твар благодареније приносит, ангели пјеније, небеса звјезду,  волсвидари, пастирије чудо , земља вертеп, пустиња јасли, ми же мат Дјеву“ .9 Со раѓањето Христово „разрешисја соуз осуждени Адамова, рај отверзесја, змиј упразднисја.“10

Во иконографијата настанот се прикажува реално. Во пештерата централно место  има малиот Христос во повој, потоа Неговата Мајка и светиот праведен Јосиф Свршеникот.
Писател на богослужбените текстови на овој празник бил виши Кондак и икос, после шестата песна на канонот, ја напиша Роман Мело ,  што е всушност икос на еден голем кондак кој што го напиша Роман, но, не е сочуван.
Анатолиј 11 напишал три стихири на ГВ и третиот  стиховен напев, Богородичниот литијски напев.
Герман Цариградски, користејќи ги беседите на Григорие Богослов ја напишал првата стихира на ГВ, Богородичен  литиски стихир.
Косма Мајумски го напишал првиот канон, а Андрија Критс напишал четири  пофални стихири (напеви).
Монахот Јован (Дамаскин) ги напишал првите три литијски напеви и славник, вториот канон на утрена и Богородичниот пофален напев.

тропар, гл.  4:
Тропар, гл. 4: Рождество твоје Христе Боже наш, возсија мирови свјет разума,
 в њем бо звјездам служашчији звјездоју учахусја, Тебје клањатисја солнцу правди, и Тебе вједјети с висоти востока, Господи слава Тебје.


Кондак, гл. 3: Дјева днес пресушчественаго раждајет, и земља вертеп неприступному приносит, англели со пастирми славословјат, волсви же со звјездоју путешествујут: нас бо ради родисја Отроча младо, превјечниј Бог.
Јут: ев Мт зч. 2(1,18-25).


Лит: входноје: Из чрева прежде деници родих тја, кљатсја Господ и не раскајетсја: ти јереј во вјек по чину Мелхиседекову (Пс 109,3-4);
уместо Свјати Боже - Јелици; прокимен, гл. 8: Всја земља да поклонитсја Тебје, и nojem Тебје, да појет же Имени твојему вишњиј (Пс 65,4);
 ап зч 209 (Гал 4,4-7), ев. Мт зч 3 (2,1-12); задостојник - ирмос 9. песме божићне катавасије, гл. 1: Величај душе моја, честњејшују и славњејшују горњих воинстав, Дјеву пречистују Богородицу.
Таинство страноје вижду и преславноје:
Иебо вертеп, престол херувимскиј Дјеву јасли вмјестилиште, в њих же возлеже невмјестимиј Христос Бог, јегоже воспјевајушче величајем; причастен Избављеније посла Господ људем својим.


 
ДАТУМ НА РАЃАЊЕТО И ДАТУМ НА ПРАЗНУВАЊЕТО
 
Точниот датум на Христовото раѓање не е познат, дури ниту годишното време кога тоа се случило.
 Апостол Павле вели:
„Но кога се исполни времето Бог Го испрати Својот Син, Кој се роди од жена и се потчини на Законот“ (Гал. 4,4).
Фактот дека  пастирите го чуваат стадото значи дека било пролет или лето. Што се однесува пак на денот, преданието вели дека било ноќта, меѓу саботата и   неделата.

Во првите три векови не  се спомнува за празникот на Христовото раѓање, што значи дека Црквата не го  славела. Можеби причината треба да се бара во фактот дека Црквата не придавала значење на телесното раѓање и телесниот живот, колку на духовното раѓање, а тоа е крштението. Кога почнало да се прославува  било тоа заедно со крштението на 6. јануари под името ETTicpaveia  (јавување) или  Oeo<pavEia (Богојавление).

Посебен празник посветен на Христовото раѓање се појавил во IV век кога е фиксиран на 25, декември. Овој термин бил пандан на римските прослави во чест на богот Сатурн или Хронос - Saturnalie во времето од 17 - 23. декември, а 25. декември е славен политеистички празник Dies Solis invictus (  накратко нарекуван само Invictus).

Празник на  "непобедливото сонце" имал астрономска основа, зашто тие денови сонцето почнува да прави на небото поголеми кругови, светлината и топлината се посилни, денот е подолг, што се сфаќало како победа над темнината и зимата, па  се сметало за роденден на непобедивиот бог на сонцето (Natalis solis invicti).
Така, во одредувањето на празникот  на Христовото раѓање, пресудна била врската  на природната појава со духовната.

Прифаќањето на 25, декември како датум на празнување на Христовото раѓање имало влијание и на одредувањето на датумите на празнувањето  на некои големи празници кои што  стоеле во одредена зависност од него.
 На прво место тоа е Благовештение кој мораше да биде девет месеци пред Божиќ, заради што е фиксиран на 25. март,
и Обрезанието, кое што морало да биде  во осмиот ден после раѓањето (Лк. 2,21; Лев 13,3), т.е. на први јануари.
 Посредно, датумот на Раѓањето Христово влијаело на датумот на раѓањето на Јован Крстител, кој што морал да се стави шест месеци порано (Лк. 1,26)
 т.е. 24. јуни, а празникот на неговото зачнување, девет месеци пред раѓањето - 23. септември.
Одвојувањето  на празникот на Раѓањето Христово од празникот на Христовото Крштевање и празнувањето на Раѓањето, 13 дена пред крштевањето
-----------
[1] Стихира четврта на ГВ
[1] Славник  на стиховната  стихира.
[1] Идентификацијата  е несигурна: Анатолије игуман студитски, или нешто помладиот Анатолије еп. солунски.
------------------


изнудило поместување на празникот Сретение на 15 февруари, како е празнувано во однос на празникот Епифаниј т.е. 40. ден после Епифаниј, на 2. февруари, т.е. четириесетиот ден после Раѓањето Христово. (Лк. 2,22; Лев 12, 4-8).

Христос е „Сонце на правдата“ (Мат 4,2) и
“светлина“ за „просвета на незнабошците“ (Лк. 2, 32 ), што во тропарот за Рождеството и се констатира.
Тоа била богословска основа  празникот на Христовото Раѓање  да се фиксира на 25, декември.
Ваква практика во Римската црква  востановена  336, (или 354) година, преминала на Исток и бавно се ширела: Цариградската црква  ја прифати  на 25, декември 307. година,
во Александрија го прифаќаат 432. година, а во Ерусалим дури во  шетиот век.

ВРСКА НА БОЖИЌ СО ПАСХАЛИЈА

Празникот на Раѓањето Христово нема директна врска со Триода, кој најрано може да почне на 11. јануари, а тоа е цели  седумнаесет дена после Божиќ.
Може да се зборува за индиректна врска помеѓу Божиќ и Пасхалија, зашто постои одреден и утврден постојан однос на седмичниот ден  на кој што паѓа Божиќ со пасхалното слово. Така, кога пасхалните слова се:
Г, I, Р, Ц, 'fc, во простата година  Божиќ е у во понеделник , а  во престапните  во недела;
В, И, П, С5, L, во проста  година Божиќ е во вторник а  во престапните  во понеделник;
Б, 3, 0, X, LI,  во проста година Божић је у среду, а престапните во  вторник;
А, Ѕ, Н, Ф, Ti, во проста  година Божиќ е во четвртак, а  во престапните  во  среда;
ж, м, у, цј, а, во проста  година Божиќ е во петак, а  во престапните  во четврток;
6, Л, Т, Ш, во проста  година Божиќ е во суботу, а во  престапните во  петак; и
Д, К, С, Ч, W, во проста  година Божиќ е во во  недела, а  во престапните у субота.


Директна врска со пасхалија имаат траењата на деновите со месо, т.е. времето од  Божиќ заклучно со недела  месопусна, зашто колку што е Воскресението порано , тоа деновите со месо се пократки, и обратно: колку што е Воскресението подоцна  деновите со месо траат подолго.

Деновите на јадење месо  се најкратки , тогаш, кога е пасхалното слово А. -  проста година (Воскресение 22. март), зашто  тогаш траат само 32 дена.   Најдолги се  кога е пасхалното слово  - А во престапна година (Воскресение  25 април), тогаш траат  67 дена.


ПОПРАЗНИШТВО

Црквата се сетила на сите поединости и учесници на случувањата врзани за Христовото Раѓање и по обичај сите тие спомени ги сместила во попразништвото на Рождеството, одредувајќи им посебен ден.

Вториот ден е Собор на Пресвета Богородица, Мајката Христова, за што ќе стане збор во рамките на Богородичните празници.
 Освен Пресветата Дева во богослужбените текстови најчесто се спомнуваат праведниот Јосиф, пастирите и мудреците кои што први на Христа Му се поклониле.

Владиката Николај ја воочил символиката на тоа  што на Христа први Му се поклонија пастирите и мудреците, т.е. оние, најнеуките, нешколуваните, но честити и оние најучените.
Така било во сите изминати векови.
На Христа Спасителот најискрено му се поклонуваат најнеуките и најмудрите на овој свет. Отсекогаш , расипаната простота и полу-учената  мудрост биле најголемите противници на Христовото Божество и Неговото Евангелие.
            Во богослужбените текстови на претпразнувањето и самиот празник на Рождеството, се спомнуваат  смртта и маката кои се неразделно врзани како за Христа, така и за Неговите следбеници. Затоа Црквата со празникот на Раѓањето ги поврзала неколкуте спомени на страданието:
 
Веќе на 27. декември Црквата го слави светиот првомаченик Стефан, првиот свесен маченик за Христа;
 28. декември 2000 маченици спалени на Божиќ во Никомидија 302.година;
 29. декември 14000 деца убиени во Витлеем и неговата околина до две години старост.
Саботата, по раѓањето има некои богослужбени специфичности, а неделата после Раѓањето, посветена е на Богородица.

СПОМЕН НА ВИТЛЕЕМСКИТЕ ПАСТИРИ

Први сведоци на Христовото раѓање и првите кои Го видоа новородениот Спасител и Му се поклонија беа пастирите. Навистина, пред нив на Богомладенецот Христос му се поклонија Неговата Света Мајка, праведниот Јосиф и светите ангели, но, тие Неговото раѓање го очекуваа и знаеја Кој е Родениот.

Пастирите не го очекуваа во тој момент раѓањето на Спасителот, но Бог преку ангелите ги извести  за тоа. Нивниот спомен Црквата го празнува во истиот ден кога и раѓањето Христово, затоа пастирите се споменуваат во многу богослужбени песни тој ден. Тие се сведоци на Христовото раѓање,
зашто „пастирије видјеша чудо.“106

 (Продолжува)

Превод : Мирјана Даниловска - Мина

Друго:

ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ (2)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3125
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7598
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/11/2024 - сабота

Св. свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски ; +Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц; Преподобен Илија Египетски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная