логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


За знаењето
,,Што може да биде посвето и поспасително од поучувањето во делата Господови, од мисленото взирање на високиот престол на славата Негова и од проповедањето на Неговото величество, премудрост и сила! Астрономијата упатува кон ова, на Неговите раце бескрајно здание…”                    
Ломоносов

    
Знаењето ќе исчезне (1 Кор. 13, 8)… Не, секако, знаењето кое во лице го гледаат вистински чистите по срце; не знаењето од кое во непрестајно восхитување пребиваат светиите; не знаењето на кое се ѕида вечниот живот.                                                                           
     Ќе исчезне знаењето кое не ги знае своите ограничености, малоста и ефемерноста. Знаењето смирено, благоговејно и трепетно ќе остане во вечни векови, бидејќи тоа припаѓа на Небесниот Ерусалим.          
    
Припадноста само на овој свет е признак на мртвило, како за човекот, така и за знаењето. И само мртво знаење возгордејува (1 Кор. 8, 1). Немајќи во себе живот, човекот се возгордејува од привидното познавање на височините и длабочините. Духот чист не се возгордејува од никакви знаења, зашто Одозгора дадените огнови можат да бидат изгаснати. Чистиот дух секогаш е во трепет и благовение пред вишите знаења, и бесконечно ги намалува своите. Со философијата на незнаењето го чува своето знаење.    
    
Му противречи ли небесното знаење за верата – тајната на спасението на човештвото – на прагматичното знаење, знаењето на ,,науката” на сегашниот свет? Секако дека не му противречи. Како што небесните закони на животот не му противречат на земните закони, иако тие ги надминуваат, но поради тоа ги осветуваат.                                                                                  
Знаењето на дрводелецот, столарот, гоничот на камили, живописецот, лекарот, математичарот – не противречат на знаењето на светиот, верникот, човекот кој љуби, и секој човек во светот какво било знаење и какви биле таленти да поседува, може да биде свет, верник и може да љуби, - не одрекувајќи се од своето земно знаење, туку само возвишувајќи го кон небесното.
    ,,Конфликтот” меѓу ,,верата и науката”, ,,знаењето и верата” е конфликт кој не постои.      
    
    Небесната вера е сол на животот. Без небесна вера секое практично знаење, секоја земна вера се несолени (банални), безживотни, тегобни.             
    
         Земното знаење го осветил Самиот Господ Спасител, кога постана Дрводелец. Со тоа Господ ги освети сите земни работи и секое знаење во земниот Свет: хемијата, физиката, архитектурата, историјата, медицината, социологијата, геометријата; го благословил поредокот на земните научни верувања во аксиоми и хипотези. Но под услов кесарот - животот на овој свет- да не Го засенува Бога во душите на луѓето.
На Ломоносов, Паскал, Пастер, Њутн не им пречеше знаењето на понискиот круг во знаењето на високиот круг. Спротивно на законот на возгордејувањето, тие не се гордееле со своето знаење, со својата земна убавина и височина. Во своето смирение (смирението е вистина) тие постигнале живот во Христос. Тие сфатиле дека нивното “научно” знаење не е “височина” за нивните богообразни души и затоа нашле друга височина, друга наука – на духот и вечноста. Се смириле и се вознеле.   
   
А колку научници, со својата метафизичка надуеност ги опрелестуваат срцата на простите луѓе! Колку простаци трчаат по името “професор”, како што порано се трчало по името “крал”, “херој”… и колку професори ги примаат тие идолопоклонички струи во своето срце! Род лукав и прељуботворен (Мт. 12, 39), прељуботворен во најстрашната смисла – самообоготворување, самообожување.           
    
Настапува време кога сите чисти луѓе на земната наука ќе мораат да го одлепат од своите човечки достоинства секој налет на практично идолопоклонство и да бидат сведоци на Божјата слава, благовестители на смалувањето на човекот во Бога, и преку тоа – на воскресението на новото човештво. 
    
Нека не изгледа чудно тоа што човекот треба да се учи на некакво незнаење. Тоа незнаење нема да биде непознание. Уште помалку тоа ќе биде неукост (непросветеност). Стремејќи се да се оддалечи од лажното знаење, човекот понекогаш доаѓа до восфалување на неукоста, до отфрлување на благодатната култура на знаењето. Тоа е патот на лажната философија на незнаењето, патот фарисејски, усвојуван од некои митари кои се засолнуваат во страна на животот на светот и се превознесуваат над фарисејските науки. Но тоа не е патот кој Господ го дава за совладување на соблазната и празноста на лажнознаењето.     
    
На сите патишта на стариот живот, на човекот му е својствено да се “богати” и да “знае”; кон тоа е встремена сета првородна похот на човекот.                                            
    
,,И виде жената дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав на изглед, и дека дрвото е пожелно поради тоа што дава знаење, набра плод од него и го изеде” (Битие 3, 6)… Ете каде се возродува похотта за знаење, - грев, во кој пребива сиот стар свет на човекот… “да се знае”, да се биде наситен, да се обогати… без Бог, надвор од Бога. Но, - “тешко вам, богати!”… “тешко вам, презаситени сега!” (Лука. 6, 24-25).                             
    
     Во сегашната состојба на човештвото никакво знаење не треба да се доживува како знаење. Секое знаење треба да се доживува како незнаење.                      
    
     Колку повеќе човекот знае, толку помалку тој мора да чувствува дека знае. Како во духовната наука за созерцанието на тајните на небесниот свет, така и во земната наука, вистинското спознание е во тесна поврзаност со свесното обништување. “Јас знам само тоа, дека ништо не знам”, говорел древниот философ, и таа вистина повеќе од с# се приближила кон врвовите на земната наука на философијата. Различни се само формите на нејзино пројавување. Тоа е или “феу, феу, феу” на Паскал, или рационалниот агностицизам на Бергсон, или мистичкиот агностицизам на Ст. Јоан де ла Цроиџ, или со пепел посипаното знаење на преп. Исаак Сирин.          
    
Доволно е да се наведат неколку слова од последните достигнувања на човечката наука, за да се убедиме во тврдоста на претпоставките на философијата на незнаењето. 
      “Колку е велик, о, колку е велик Бог, а нашето знаење е ништожно!” (Ампер). “Не знам, јас како изгледам за светот. Но себе се замислувам како дете кое си игра на брегот од морето и собира мазни камења и убави школки, додека величествениот океан длабоко ја скрива вистината од неговите очи” (Њутн). “Тоа, што ние го знаеме – тоа се ситници (безвредности), а тоа што не го знаеме е неизмерно” (Далас). “Мнозинството научници ја сознаваат ограниченоста на позитивните науки и признаваат дека конечните проблеми на вселената за нив се недостижни” (А. Јолер). “Многу се занимавав со изучување на природата; затоа верувам како бретонскиот селанец. А кога би ми било возможно да се занимавам и да изучам уште повеќе, тогаш јас би верувал со проста детска вера на селанка од Бретанија.” (Пастер).
     Би можеле без крај  да ги умножуваме овие сведочења на земната човечка наука. Во малку што од нив се разликуваат сведочењата на великите научници во науката на духот, светите Подвижници и Отците на Црквата. Нивниот опит е – бесконечно смирение… Ним им се откриваат тајните, но тие тајни уште повеличествено им ја откриваат тајната на несфатливоста.
      “Кога ќе застанеш на молитва пред Бог, замисли се себеси како мрава, како се влечеш по земјата, како да си пијавица, и како дете кое трошоли. Не говори пред Бог ништо од знаењата, туку со мисли на младенец приближувај се кон Него”. (Исаак Сирин). Да се спознаеш самиот себе е некое совршено знаење; сепак: “Умот влегува внатре во длабочините на Светиот Дух откако ќе мине с# видливо и мислено, и помеѓу тие несфатливи нешта неподвижно се движи и врти, живеејќи повеќе од живот – во животот, бидувајќи светлина во светлина, и не светлина, бидејќи е сам во себе (т.е. може да биде одделен од Светлината Божја). Тогаш тој гледа – не себе самиот, туку Оној Кој е повиш од него и бидејќи изменуван мисловно од тамошната слава, станува сосема непознат за самиот себе”… “Тој тогаш бидува и слеп и не слеп; тој тогаш гледа со неестествените (не со своите природни) очи, бидејќи е воздигнат над естественото зрение и бидејќи добил нови очи, со кои го гледа надестеството (она што е над неговата природа). Станува бездејствен и неподвижен, бидејќи го исполнил секое свое дејствие. Бидува немислен, бидејќи станал едно со Оној, Кој е над секоја мисла, и почива таму каде нема место за дејствие на умот – т.е. негово движење во спомени или помисли или размислувања. Немајќи возможност да го постигне и познае несфатливото и дивното, тој во некаков образ почива на ова совршено почивање, тоа во неподвижност блажено нечувствие, т.е. нељубопитно насладувајќи се со неописливите блага, со чувство, сепак, верно и определено” (преп. Симеон Нов Богослов). 
    
      Со различни слова опишувајќи го својот опит, сите подвижници на Црквата, во сите векови, од сите земји, говорат за едно и исто. Иста е и метафизиката на личното сознание на вистинските научници на светот.      
   
     Незнаењето е предмет на првото и последното постигнување (во спознанието) на човекот.                      
    
      Восхитно е што ни во едно од Евангелијата не се сретнува зборот “знаење”, а апостолот Павле е единствениот од сите апостоли кој говори за “знаење”; само трипати кратко го изговара говорејќи за позитивно знаење, како дар од Бога: “На друг му се дава слово знаење”, (1 Кор. 12, 8); “кој Го љуби Бога, нему му се дава знаење (гл. 8, 3), “но нема секој знаење” (ст. 7). На четири места, пак, зборува за негативно, како за причините (1 Тим. 6, 20), така и за последиците (1 Кор. 8, 1; 10; 11) на знаењето. И на едно мести говори за тоа дека знаењето ќе исчезне (1 Кор. 13, 8).  
    
      Ова необично значајно тврдење на апостолот, во врска со општиот однос на целото Откровение Божјо кон проблемот на знаењето, добива исклучително значење за христијанската гносеолошка култура. Христијанската философија мора тврдо да го потцрта, осознае и исповеда во светот својот однос кон мачителниот, за старото човештво, проблем на знењето.                 
    
     Како што “земјата и сите дела на неа ќе изгорат” (2 Петар 3, 10) - ќе поминат низ огнот на апокалиптичното очистување, така и “знаењето” ќе изгори. Како слама ќе изгорат сите безбројни конструкции на стариот човечки ум. Ќе се урнат, како дом, изграден на песок. Затоа што ќе дувнат виши ветрови на познанието и ќе се пролијат небесни води врз непромислените сфаќања. И секој дом, кој не е изграден на Каменот (христос) – неизбежно И предодредено ќе падне. Говори за тоа Евангелието (Мт. 7, 27), дури и додава дека падот на домот ќе биде велик. Навистина ќе биде велик падот на целокупното човечко знаење, кое во големата гордост своја се спротивставувало на знаењето Божјо, знаењето кое не можело во себе да го смести (Јов. 8, 37) знењето Божјо. Тоа знаење Божјо, “прво од сите тајни” кое “се именува - чистота која се достигнува преку исполнување на заповедите” (Исаак Сирин), е Божествениот живот во човекот: “одење на Бога во човекот”, создаден токму поради тоа одење на Бога во него, поради таквото знаење на Бога, и светот во Бога.                  
    
       Тоа знаење е чисто, божествено, свето. Сол и венец на животот! Цветање на духовното во “душевното”.
    
      “Човекот е безумен во своето знаење” – кажал пророкот (Еремија, гл. 10, 14). “Моите мисли – не се ваши мисли, ниту вашите патишта се Мои патишта, - говори Господ. – Но, како што е небото повисоко од земјата, така се и Моите патишта повисоки од вашите патишта, и мислите Мои повисоко од вашите мисли (Исаија, 55, 8-9).
    
    Незнаење мора да се нарекува не само лажното знаење, туку и недоволното знаење, кое, ако човекот го прецени, станува лажно знаење.                                   
    
    Преценување, пак, на своето знаење практично сето време се случува во човечкиот живот, и затоа човекот цело време се врти во кругот на лажнознаењето. Но спознанието на тоа може да стане извор на непрестајно смалување на човекот, пред Вистината, и со тоа му се открива патот на чистото познание. 
    
    Ова чисто познание е Божествена премудрост, за којашто е недоволно да се зборува со зборови. Самиот апостол прибегнува кон изразување на крајната немоќ на човечките зборови: “мудроста од овој Свет е безумство пред Бога” (1 Кор. 3, 19). “Кој сака да биде мудар, нека биде безумен”. Господ “го избрал немудрото, за да го посрами мудрото”. На земните мудреци од стариот свет, апостолот им ги спротивставува новите луѓе: мудри во Христа (1 Кор. 4, 10). “Те прославувам, Господи, Оче на небото и земјата, зашто си го сокрил тоа од мудрите и разумните, а си им го открил на тоа на децата (Мт. 11, 25).
    
    Словото христијанско (тоа, која во себе има “сол”) “не е во уверливи зборови на човечка мудрост, туку во јавувањето на Духот и силата” (1 Кор. 2, 4).                 
    
     Верата (влегувањето во Новиот Живот) мора да се утврдува “не на човечка мудрост” (1 Кор. 2, 50. Од каде, пак, таква недоверба кон мудроста човечка? Но тоа не е само недоверба, тоа е огнено отфрлање на сиот стар круг на знаења, како надворбожно (вонбожествено) постоење. “Елините бараат мудрости”… (1 Кор. 1, 22). Кои се тие – “елини”? – Старата култура на човештвото, стариот, затворен во себе, од Живиот Бог ограден свет. Тоа е философијата на овој свет, мудреците кои “секогаш учат и никогаш не можат да дојдат до познание на вистината” (1 Тим. 7)… Тоа е – мачно – мудрувајќи и бесконечно вознесувајќи го распадливиот век, кој во себе има “само привид на мудрост” (Колос. 2, 23).            
    
     Каква страшна сила имаат зборовите  со кои се отфрлува старото знаење кое не приведува кон Бога. Треба да се биде безумен, треба да не се знае, за преку тоа распнување на старата смисла, преку таа смрт на човечкото ништожно длабокомислие да се возроди, да се возникне во новиот свет на Премудроста Божја.            
    
      Борбата со похота на овој свет се завршува со отфрлањето и на похота на знаењето.                     
    
      Светот ќе експлодира од непреобразено знаење. Ќе пропадне од својата плотска наука, неурамнотежена, неосветена со чистото знаење на духот. Тоа што можело на човештвото да му биде благослов, ќе му биде проклетство. Разврзаната сила на материјата ќе се урне врз оние кои ја разврзале, и ќе ги сомеле. Во тие минути, ангелите ќе ги жнеат плодовите на покајанието и молитвата.     
    
     Во светот на науката и философијата ќе се случи и веќе се случува, тоа што ќе се случи во сите области на стариот живот: “Ќе бидат двајца на полето: едниот ќе се земе „во Царстовото Божјо“, а другиот ќе биде оставен: две ќе се мелат на водениците: една ќе се земе, а другата ќе биде оставена”.

 Превод од руски: Михаила Поповска

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная