логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Soboren.sv.Jovan.jpg

ЛИТУРГИЈА НА ПРЕТХОДНООСВЕТЕНИТЕ ДАРОВИ
Историско потекло и редослед

Soboren.sv.Jovan.jpg

Во православието, освен постоењето на двете Свети Литургии (на Свети Јован Златоуст и Свети Василиј Велики), постои и трета света Литургија со еден поспецифичен редослед наречена Литургија на претходноосветените дарови.

Светата Литургија одсекогаш претставувала мотив за духовна радост за нас христијаните, бидејќи причестувајќи се со светите Дарови кои се осветуваат за време на Литургијата, го имаме помеѓу нас самиот Господ Исус Христос, кој соживува во нас и ние во него. Овој радосен момент не содејствуваше со времето на големиот Велигденски пост, кога е време на пост, тага и покајание. Затоа, запазувајќи ја старата традиција на црквата Лаодикејскиот собор кој се одржа помеѓу 364-383 година, ги усвои 49-от и 50-от канон, преку кои се востанови да за време на великиот Велигденски пост се служи Света Литургија само во саботите и неделите, кога постот е помалку строг . Според овие канони останатите денови од постот останаа денови во кои не може да се извршува Света Литургија или нелитургиски денови, во кои се извршуваа само вообичаените богослужби. Од пишувањата на Сократ Сколастикот, произлегува дека,  во некои делови од Александрија, во ИВ-В век за време на Велигденскиот пост се практикувало да во среда и петок се чита светото Евангелие, да се проповеда и да се извршуваат сите молитви од Светата Литургија, без осветување на светите Дарови .

Но, присуствувајќи на секојдневните богослужби, многубројните верници, посакуваа и да се причестуваат со Светите Христови Тајни, не само во сабота и недела, туку и во останатите денови, особено во среда и петок како што тоа било пример во Мала Азија во времето на Свети Василиј Велики .


   Ene Braniste, Liturghia darurilor mai nainte sfintite, vo ST, Nr. 3-4, 1958, str. 176
  Istoria Bisericii, cartea V, cap. 22, în P.G., t. LXVII, col. 636.

Од друга страна, во првите векови од христјанството, постот во среда и петок бил по строг од останатите денови, така што во овие денови се до заоѓањето на сонцето се постело на вода. Така во времето на Тертулијан (†204), во Северна Африка се извршувала Света Литургија и во среда и петок, но верниците за да не го прекинат целодневното постење, не се причестувале. Затоа Тертулијан ги советувал да го земат Телото Господово во раце за време на Литургијата, а да се причестат по целодневното постење или во некој друг ден .

За да се почитуваат одлуките на Лаодикејскиот собор, но и за да се задоволат духовните барања на верниците за нивно целодневно постење и пречестување во среда и петок од великиот пост, се востанови еден обичај да се задржи еден дел од светите Дарови кои се осветуваат за време на Светата Литургија во неделите, за причестување на верниците во нелитургиските денови. Ова причестување се вршело во подоцнежните часови, односно веднаш по вечерната богослужба. На почетокот ритуалот на причестувањето бил едноставен, но со текот на времето причестувањето било вметнато помеѓу вечерната богослужба и молитвите за причестување. Овие две богослужби, кои на почетокот беа оделени една од друга, постепено се претопија во една богослужба која го прими името на Литургија на претходноосветени дарови.

Не може со сигурност да се одреди хронолошкото потекло и староста на Литургијата, но најверојатно потекнува од краевите околу Ерусалим или од околината на Сирија или пак од околината на Византија како што тврдат други.


   Epistola XCIII (al CCLXXXIX), câtre nobila Cezarea, Despre Împărtăşire. (P.G., t. XXXII, col. 484).
  Liber de oratione, cap. XIX (P.L., t. I, col. 1287).

Но, иако не се знае точно времето и местото од каде потекнува оваа Литургија, сепак нејзиниот развој во оваа форма се случи во Византија. Првите напишани документи за постоење и употреба на Литургијата на  Претходноосветените дарови, ги среќаваме во  Пасхалната Хроника напишана во 645 год. од непознат писател . Во ова дело пишува дека херувимската песна од оваа литургија (Сега небеските сили...) е вметната од цариградскиот патриарх Сергеј во 617 год. Во 692 година труланскиот собор, преку 52-от канон, донесе конечна одлука, која предвидува оваа литургија да се служи во сите денови од Великиот велигденски пост, освен саботите и неделите и на празникот Благовестие.

Најстариот ракопис од оваа Литургија е ракописот барберини грек 336  од ВИИИ век, кој денес се чува во Ватиканската библиотека од Рим, а првото печатено дело од оваа литургија е на Деметру Дукас во Рим во 1526 година, заедно со преостанатите две Литургии .

Што се однесува до авторот на оваа Света литургија, старата традиција е многу малку прецизна. Според литургискиот коментар на Свети Софроние Ерусалимски и Андидскиот епископ Теодор, некои оваа Литургија ја препишуваа на Свети Јаков брат Господов, како што всушност и е запишана во некои стари ракописи, а други пак велат дека оваа литургија е на Свети Петар, на Свети Марко, на Свети Василиј Велики, на Свети Атанасие Велики, на Свети Јован Дамаскин, на Антиохискиот патриарх Север (511-518), итн .

Ракописите од поновата традиција, односно почнувајќи од ЏИИ век па се до ден денес, ја препишуваат оваа Света литургија како дело на римскиот папа Свети Григориј Велики, наречен Дијалогос или Двеослов (†604). Сепак оваа традиција не ни дава ни еден историски темел за тоа, туку ни потврдува дека овој голем учител, кој како специјален папски пратеник, извршувајќи ја функцијата апокрисијарх, престојувал во Цариград во период од 6 или 7 години, (помеѓу 578-584 или 585 год.), период во кој многу добро ја запознал оваа Литургија, ја систематизирал и ја напашал во форма во која ја имаме и денес .


  Ene Braniste, Liturghia darurilor mai nainte sfintite, vo ST, Nr. 3-4, 1958, str. 177.
  Isto.
  Isto, str. 178
  Isto, str. 179.

Постои уверување, но и ракописни докази, дека оваа Света литургија, на почетокот не се служела само за време на Светата четириесетница, туку и во сите постни денови од годината. Но, 6-от Вселенски собор преку 52-от канон востанови, оваа литургија да се служи во сите денови од Велигденскиот пост кога има потреба да се служи, освен нелитургиските денови (понеделник и вторник од првата недела од постот, и Велики Петок кога не се служи ни една литургија) и деновите кога се служи Злотоустовата или Василиевата литургија, односно сите саботи и недели од постот како и Велики Четврток и Благовештение.

Иако на почеток оваа Литургија се служеше во подоцнежните часови, односно за време на вечерната Богослужба со која всушност е и комбинирана, денес скоро во сите мирски цркви, оваа Света Литургија се служи наутро, веднаш по службата на часовите, додека пак во манастирите се уште се чува традицијата оваа литургија да се служи во попладневните часови .

Од историското излагање до сега можеме да заклучиме дека, оваа литургија има своја сопствена структура, која како темел ја има комбинацијата на вечерната богослужба со Светата Литургија . Имено, почетниот дел од оваа литургија е самиот почеток на Вечерната богослужба (до малиот вход), а вториот дел од претходноосветената литургија е всушност самата Литургија од прозбената ектенија до крај, но без делот во кој се принесува жртвата, односно осветување и претварање на светите Дарови во самото Тело и Крв на Нашиот Господ Исус Христос. Значи, на оваа литургија и недостасува токму најважниот дел на самата литургија, односно “жртвата” како и ритуалот за нејзино припремање (проскомидијата и првиот дел од литургијата).


  Comp si Pidalionul, trad. Rom. Neamtu 1844, foile 180v - 181r (nota la talcuirea can. 52 al sinodului trulan).
  Comp. Simeon al Tesalonicului, raspuns la intrebarea 55, (trad. Rom., str. 327-328
  Ene Braniste, Liturghia darurilor mai nainte sfintite, vo ST, Nr. 3-4, 1958, str. 182
 

Редослед на литургијата

а. Подготвување на Светиот леб за литургијата на претходноосветените дарови
Кога ќе претстои служење на литургијата претходноосветените дарови, свештеникот на Светата Висилиева или Златоустова литургија од претходната недела, покрај Агнецот за служење на таа литургија, ќе извади уште онолку Агнеци колку литургии на претходноосветените дарови ќе служи во текот на неделата. Откако ќе го извади првиот Агнец кажувајќи ги зборовите “Во спомен на Господа...”, “Како овца на колење беше поведен...”, го жртвува со зборовите “Се жртвува Јагнето Божје...”, го прободува кажувајќи ѓи зборовите “Еден од војниците...”, и веднаш потоа вади уште онолку Агнеци колку литургии ќе се служат, кажувајќи ги истите овие зборови и истите ги поставува до првиот Агнец, а потоа налева вино и вода во путирот, продолжувајќи со Проскомидијата по истиот вообичаен редослед .

На самата литургија на Свети Јован Златоуст или на Свети Василиј Велики, при осветувањето и претворањето на Светите дарови во самото Тело и Крв на нашиот Господ Исус Христос, свештеникот кажува: “И направи го овој леб...”  , а не “овие лебови”, бидејќи Исус Христос е еден. Исто така при вознесувањето кога свештеникот ѓи кажува зборовите “Светињите за светиите”, ги подига сите Агнеци заедно. Потоа го раздробува првиот Агнец, ја става честичката “ИС” во путирот, налева теплота, зема лажичка во десната рака а во левата го зема вториот Агнец со меката страна нагоре, крстообразно го налева со светиот Крв и потоа го става во кивотот. Истото го прави и со останатите приготвени Агнеци, притоа оставајќи ги во дарохранителницата, каде остануваат до денот кога ќе се служи литургијата на Претходноосветените дарови.


б. Подготовка на свештеникот за служење на Литургијата
 На денот на служењето на оваа Литургија, според црковниот типик, најпрво се служат службите полунуќница, утрена, часовите И, ИИИ, ВИ, и ИЏ и изобразителна. На почеток на ИЏ час најнапред 9 пати редоследно се удира клопотницата, а потоа се чука камбаната за почеток на Литургијата . На крајот на ИЏ час, додека се служи изобразителната, свештеникот излегува пред царските двери и ја кажува само еднаш молитвата на Свети Ефрем Сирин “Господи и Владико на мојот живот...” . Потоа свештеникот доаѓа на средина на црквата, се поклонува трипати кон исток, прави еден поклон кон архиерејскиот трон, ако е присутен архиерејот зема благослов од него, се поклонува на централната икона и на иконите од иконостасот, според редоследот за почеток на Светата Литургија, без притоа да ги кажува вообичаените молитви , се поклонува кон народот, влегува во олтарот низ јужната врата, трипати се поклонува пред светиот Престол целивајќи ги светиот Престол, Евангелието и светиот Крст. Откако ќе заврши со поклонувањето, свештеникот се облекува во одеждите кои по обичај се од црна или друга не многу светла боја, без притоа да ги кажува вообичаените молитви, туку при облекувањето на секоја одежда вели: “На Господа да се помолиме” , а потоа си ги мие рацете, исто така без да ја каже молитвата за миење на рацете.


  Indrumator liturgic al episcopul Gherontie Nicolau, Bucuresti 1939, str. 214.
  Isto, str. 215.
  Isto, str. 216. Vo site romanski bogoslu`ebni knigi se veli deka ne treba da se ka`uvaat ovie molitvi, dodeka pak vo liturgikata na protoprezviter d-r Lazar Mirkovik se veli deka sve{tenikot treba da gi ka`e bez pritoa da ja ka`e molitvata “Gospodi podaj ja tvojata raka...”, bidej}i preku ovaa molitva sve{tenikot bara da bide udostoen da ja prinese beskrvnata `rtva, no na ovaa liturgija ne se prinesuva `rtvata bidej}i toa e napraveno na prethodnata potpolna liturgija. Ako so pogolemo vnimanie se osvrneme na podgotovkata za slu`ewe na ovaa liturgija, }e zabele`ime deka ni eden od podgotvitelnite rituali za sveta liturgija ne se izvr{uva, pa zatoa smetame deka i ovie molitvi ne treba da se ka`uvaat, od pri~ina {to ovaa Liturgija vsu{nost pretstavuva i edno prodol`enie na svetata Liturgija koja se otslu`ila vo prethodnata nedela i na koja se izvr{eni site podgotvitelni rituali, kako i samoto osvetuvawe i pretvarawe na svetite Darovi vo samoto Telo i Krv na na{iot Gospod Isus Hristos, a na liturgijata na prethodnoosvetenite darovi preostanuva ritualot na pri~estuvawe na sve{tenikot i vernicite.  

За ова време додека свештеникот се подготвува за служење на литургијата, певците ја читаат изобразителната, а на крајот свештеникот ја кажува молитвата на Свети Ефрем Сирин и со отпус ја завршува оваа богослужба. Не се кажува “Цару Небесен...”, ниту пак “Слава на Бога во висините...”, туку свештеникот прави три поклони притоа кажувајќи ги зборовите “Боже очисти ме мене грешниот”, го целива светиот Престол, Евангелието и светиот Крст  и ги отвара светите Двери.

в. Чинот на литургијата на Претходноосветените дарови
Откако ќе се заврши припремата за почеток на Света Литургија, ѓаконот зема благослов од свештеникот, излегува на северната врата, застанува на амвонот пред светите Двери и вели: “Благослови, владико”, а свештеникот, правејќи крст со светото Евангелие над антимисот, ја започнува светата Литургија со возгласот: “Благословено е царството на Оца и Сина...”, и веднаш ги затвара Дверите, а певците ја започнуваат Литургијата по истиот редослед како за Вечерна: “Амин! Пријдите да се поклониме...”, и псалмот 103 “Благословувај го, душо моја, Господа...” . Додека се чита псалмот свештеникот во светиот олтар ги чита последните четири светилнични молитви од вечерната богослужба , оставајќи ги првите три молитви да се читаат по големата ектенија.

По завршување на читањето на псалмот, свештеникот од пред светиот Престол или пак ѓаконот од солеата пред царските двери, ја кажува големата ектенија: “Во мир да се помолиме на Господа...”, а свештеникот ја завршува со возгласот: “Зошто Тебе Ти прилега...” . Потоа свештеникот ја затвара завесата, а чтецот ја чита 18-та катизма која е поделена во три дела или антифони од по четири псалма и тоа: првиот антифон од 119-123, вториот од 124-128 псалм и третиот антифон од 129-133 псалм. Сите антифони завршуваат со “слава.. и сега..” и со Алилуја (три пати) . Додека се чита првиод дел од катизмата свештеникот во светиот Олтар тајно ја чита молитвата од првиот антифон “Господи, штедар и милостив...” , потоа го крева Евангелието од антиминсот и го става зад истиот, го отвара антиминсот и од Жртвеникот го донесува дискосот, ѕвездата и покровецот за дискосост на светиот Престол поставувајќи ги на отворениот антиминс.

На крајот од првиот дел од катизмата, свештеникот ја отфара завесата и ја кажува првата мала ектенија завршувајќи ја со возгласот: “Зошто твоја е власта...” , повторно ја затвара завесата и чтецот го чита вториот дел од катизмата. Сега свештеникот со голема побожност го зема кивотот со претходноосветениот Агнец и го положува врз антиминсот, го покадува, го вади Агнецот од кивотот и го положува врз дискосот. Ја зема ѕвездата, ја покадува и ја става на дискосот и веднаш потоа истото го прави и со покровецот , притоа велејќи само: “По молитвите на светите отци наши...” . Повторно ја зама кадилницата во раце и од пред светиот Престол го покадува дискосот , прави два длабоки поклони, го целива покриениот дискос, прави уште еден длабок поклон, по што тајно ја чита молитвата од вториот антифон: “Господи, во јароста Твоја...” .

На крајот од вториот дел од катизмата, свештеникот повторно ја отвара завесата и по втор пат ја кажува малата ектенија, завршувајќи ја со возгласот: “Зашто, си добар и Човекољубец Бог...” , повторно ја затвара завесата а чтецот го чита третиот дел од катизмата. Кога чтецот ќе дојде до зборовите: “Ќе се поклониме на местото каде што стојат нозете негови...” (псалм 131), ги кажува малку погласно и преќинува со читање, а во олтарот еднаш ѕвони ѕвоното, навестувајќи пренесување на светиот Агнец. Народот клекнува, во црквата преовладува целосна тишина, свештеникот прави три поклони пред светиот Престол, со голема побожност го зема дискосот над глава и го принесува од Престолот на Жртвеникот  одејќи околу светиот Престол, а ѓаконот оди пред него со свеќа во рака и кадејќи со кадилницата . Откако ќе го постави дискосот на Жртвеникот, ѕвоното се удира уште два пати, народот станува, чтецот го продолжува читањето ма катизмата, а свештеникот налива вино и вода во путирот, го покадува и го целива покровецот, го покрива путирот, потоа го покадува и целива воздухот и ги покрива путирот и дискосот, без притоа да ги кажува вообичаените молитви, туку кажува само: “По молитвите на светите отци наши...” . Откако ќе го направи сî ова, свештеникот го кади три пати Жртвеникот, прави длабок поклон, оди пред светиот Престол, го затвара антиминсот, врз него го положува светото Евангелие и тајно ја чита молитвата од третиот антифон: “Господи, Боже наш...” .

По завршетокот на катизмата, свештеникот повторно ја отвара завесата и по трет пат ја кажува малата ектенија завршувајќи ја со возгласот: “Зашто, ти си Бог наш...” , а певците почнуваат да пеат “Господи кон тебе повикав...” по гласот на стихирите од посниот Триод.
Кога певците ќе почнат да пеат: “Да се исправи молитвата моја...”, свештеникот или, ако е присутен, ѓаконот го кади целиот храм. Кога ќе се запее “Слава...”, свештеникот ги отвара царските двери, а кога ќе почне да се пее и “сега...”, свештеникот заедно со ѓаконот прават вход со кадилницата или со Светото Евангелие доколку на литургијата следува да се чита Евангелието .

Пристигнувајќи ѓаконот пред царските двери ја воздигнува кадилницата (евангелието) и правејќи крст со неа возгласува “Премудрост простум”, и додека певците пеат “Светлино тивка...”  го покадува целиот олтар, ја остава кадилницата на свеќникот со запалена свеќа кој што стои на солеата пред царските двери и кажува “да внимаваме”, а свештеникот “мир на сите” и повторно ѓаконот “премудрост” и певците го кажуваат прокименот на денот со стиховите. По прокименот се кажува истата формула и за читање на паримијата. По паримијата повторно се кажува истата формула и певците го пеат вториот прокимен со неговиот стих. Потоа ѓаконот (или во негово отсуство певецот)  со повисок глас и побавно вели: “Повелете”, и свештеникот го зема свеќникот на кој е прикачена кадилницата, се врти кон исток и правејќи крст со свеќникот возгласува “Премудрост, простум”, и веднаш се врти кон народот и вели: “Христовата светлина ги просветува сите” . Свеќникот го остава пред дверите, а кадилницата ја зема со себе и кади во светот олтар . Веднаш по ова певците го пеат вториот прокимен, а кога е празник или светител со полиелеј се чита и паримијата на празникот. По завршување на читањето на паримијата свештеникот вели: “Мир на тебе” а ѓаконот “Премудрост” и свештеникот стоејќи пред светиот Престол со кадилницата во рака, а ѓаконот или параклисиерот спротивно од него со свеќа во рака, почнува да пее: “Да се исправи молитвата моја...”, и кога ќе дојде до зборовите “како кадило пред Тебе” три пати покадува пред светиот престол. Исто така и десната страна пее еднаш “Да се исправи молитвата моја...” и во тоа време сите верници кои се од десната страна стојат право, а сите оние кои се од левата страна паѓаат на колена. Откако ќе заврши пеењето свештеникот оди од десната страна на светиот Престол и кадејќи го кажува првиот стих: “Господи кон Тебе повикав услиши ме; чуј го гласот на молењето мое, кога повикувам кон Тебе”, а левата страна стоејќи пее: “Да се исправи молитвата моја...”, а верниците од десната страна паѓаат на колена. Свештеникот оди на источната страна од светиот Престол и кадејќи го кажува вториот стих: “Постави, Господи, стража пред устата моја и врата на усните мои”, и верниците од левата страна клечат, а десната страна пее “Да се исправи молитвата моја...”. потоа свештеникот оди на северната страна од светиот Престол и го кажува третиот стих: “Не давај да застрани срцето мое кон лукави зборови, и да не врши грешни дела”, и левата страна стоејќи пее: “Да се исправи молитвата моја...”, а верниците од десната страна клечат. Сега свештеникот кади кон Жртвеникот и вели: “Слава на Отца и Сина и Светиот Дух”, а десната страна пее “Да се исправи молитвата моја...”, додека пак тие од левата страна клечат. Свештеникот доаѓа пак пред светиот Престол и кадејќи вели: “сега и секогаш и во вечни векови. Амин”! Потоа свештеникот клекнува и ја пее првата половина од “Да се исправи молитвата моја...”, до “воздигањето на рацете мои - како жртва вечерна”, кое го пеат верниците клекнати од двете страни заедно, а свештеникот од пред царските двери го покадува целиот народ, а по завршувањето на пеењето сите прават три големи поклони со молитвата на Свети Ефрем Сирин .

Ако е некој празник на кој се чита Апостол или Евангелие, следува читањето на Апостолот и Евангелието според вообичаените формули од другите литургии. Ако не се читат, тогаш се затвораат царските двери и ѓаконот излегува пред царските двери и ја кажува ектенијата: “Да речеме сите...”, а свештеникот откако тајно ќе ја прочита молитвата, која е различна од молитвата кај другите литургии, ја завршува со возгласот: “Зошто си милостив и човекољубец Бог...”  . Следува ектенијата на огласените по истиот редослед како и на другите две литургии и се отвара антиминсот. Од средата на средопосната недела па до Велика среда, по завршувањето на ектенијата за огласените, на литургијата на Претходноосветените дарови се кажуваат ектении и молитва за оние кои треба да се просветат (кандидатите за крштевање од старо време).

По возгласот од овие ектении следуваат две ектении и две молитви, како и во останатите две литургии, кои завршуваат со возгласот: “По дарот на Твојот Христос...”, а певците наместо херувимската песна, ја пеат песната: “Сега небесните сили со нас невидливо служат: Зашто, еве влегува Царот на славата, тајната на жртвата е извршена и свечено се принесува”  . Додека певците ја пеат оваа херувимска песна ѓаконот влегува во олтар, заедно со свештеникот се поклонуваат по три пати, ја кажуваат оваа песна и потоа ги отвара дверите и прави мало кадење (олтарот, иконите на иконостасот и народот) . Потоа се поклонуваат на светиот Престол, го целиваат светиот Крст, антиминсот, се вртат и се поклонуваат кон народот, одат кај жртвеникот и ги покадуваат светите Дарови. Свештеникот го зема покровецот воздух, го става на рамената на ѓаконот, го зема дискосот со светите Дарови во десната рака а путирот во левата и откако ќе заѕвони ѕвоното и народот ќе клекне, заедно со ѓаконот кој оди пред него и кади, прават вход со светите Дарови  без да кажат било каква ектенија. Влегувајќи во олтарот, свештеникот ги поставува светите Дарови на светиот Престол според вообичаениот редослед, ги трга покривките од дискосот и путирот, го покадува воздухот и со истиот ги покрива, без притоа да каже нешто. Потоа прави две метании, ги целива покриените свети Дарови, антимисот, престолот, прави уште една метанија и ја затвара завесата до пола .

Откако певците ќе ја испеат до крај херувимската песна, ѓаконот излегува и ја кажува ектенијата: “Да ја исполниме нашата вечерна молитва...”, а свештеникот тајно ја чита молитвата: “Боже на неискажливите и невидливи тајни...”, и завршува со возгласот: “И удостој не, Владико...”, по што певците заедно со народот ја кажуваат господовата молитвата “Оче наш” .

Следуваат две молитви кои свештеникот тајно ги чита а по втората молитва свештеникот ја затвара завесата до крај и заедно со ѓаконот три пати се поклонуваат пред светиот Престол и на секој поклон кажуваат: “Боже очисти ме мене грешниот и помилуј ме”. Потоа свештеникот ја става раката под воздухот со кој е покриен дискосот и со голема побожност го допира светиот Агнец и возгласува: “Да внимаваме! Предосветените светињи за светиите”. Ѓаконот влегува во олтарот, а певците пеат “Еден е свет, Едниот Господ Исус Христос, во слава на Бога Оца. Амин” и потоа киноникот “Вкусите и видите зошто е благ Господ”  .

Додека певците го пеат овој киноник, свештеникот го подига воздухот, го раздробува светиот Агнец исто како и на останатите две литургии, само што, при ставањето на честичката ИС во путирот и при налевањето на теплотата, не вели ништо , а при причестувањето свештеникот кажува: “Чесното и Пресвето Тело и Крв на Господа и Бога и Спасителот наш Исус Христос, ми се дава на мене свештеникот (името) за опростување на гревовите и за живот вечен. Амин” . По причестувањето свештеникот ја чисти раката со губата велејќи: “Слава Тебе Боже”. Ако е присутен и ѓакон и тој се причестува според вообичаениот редослед од другите литургии, само со разлика што, кога свештеникот му дава честичка од светиот Агнец вели: “На ѓаконот (името) се дава, чесното и свето и пречисто Тело и Крв...”. Во овој случај свештеникот по причестувањето пие три пати од светиот путир без да каже нешто. Ѓаконот не пие од светиот путир, туку тоа го прави подоцна при употреба на причесната. Ако пак свештеникот богослужи сам тогаш и тој не пие од светиот путир веднаш по причестувањето, туку тоа го прави при употреба на причесната.

По причестувањето свештеникот ја чита благодарствената молитва: “Ти благодариме, Тебе, Спасителу на сите...” , а ѓаконот ги става останатите честичќи во путирот. На повикот на ѓаконот: “Со страв Божји, вера и љубов, пристапете”, верниците пристапуваат и се причестуваат, а певците пеат: “Ќе Го благословувам Господа во секое време, пофалбата Негова е во мојата уста”, а на ектенијата: “Спаси ги, Боже, Твоите луѓе и благослови го Тваето наследство”, певците одговараат: “Леб небесен и Чаша на животот вкусете и видете дека е благ Господ. Алилуја, алилуја, алилуја” .
Потоа свештеникот или ѓаконот ги покадува светите Дарови без притоа да каже нешто  и ги пренесуваат од престолот кај жртвеникот. Се чита задамвоната молитва, чиј текст е поинаков од оној кај останатите две литургии и се дава отпустот според вообичаената формула, со тоа што се спомнува Свети Григориј Двоеслов, папа римски кој што е автор на оваа литургија. По отпустот, исто како и кај останатите две литургии, се читаат благодарствените молитви.

Ј е р е ј    д-р  С а ш о   Н а к о в


  Isto, str. 487.
  Isto, str. 489.  Vo vrska so redosledot na ovie dve pesni koi gi peat pevcite vo liturgikite i tipicite postoi odredeni neusoglasuvawa. Imeno vo nekoi tipici kako na pr. Îndrumator liturgic al episcopul Gherontie, Bucuresti-1939, str. 233-237, redosledot e ist kako {to e pretstaven pogore, no spored gr~kite slu`ebnici (Ieraticon, Atina 1924, str. 142) na povikot so zborovite “So strav Bo`ji, vera i qubov, pristapete”, pevcite peat kako i na voobi~aenite liturgii: “Blagosloven e onoj {to doa|a vo imeto Gospodovo..”, a na ektenijata: “Spasi gi, Bo`e, Tvoite lu|e...”, pevcite odgovaraat: “]e Go blagoslovuvam Gospoda...”. Istoto go predviduvat i starite romanski tipici (Tipicul bisericesc, Bucuresti 1925, str. 228, Octoihul mic, Bucuresti 1940, str. 45,Liturghierul, Blaj 1931, str. 190).
  Spored gr~kite slu`ebnici se ka`uva voobi~aenata formula: “Voznesi se na nebesata Bo`e...”



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная