логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 vozdvizenie.jpg

Молитви кон светите Архангели за секој ден


Во Недела

Свети Архангеле Варахиил, кој ни носиш благослов од Господа, благослови ме да поставам добар почеток, да го исправам мојот запоставен живот и да Му угодувам во се на мојот Господ и Спасител во вечни векови. Амин.


О, Свети Небесни Началници, помолете Го нашиот Господ Исус Христос да не удостои да направиме добар почеток!

vozdvizenie.jpg

Во Понеделник

Свети Архангеле Божји Михаил, отстрани го од мене со твојот молскавичен меч лукавиот дух кој ме искушува. О, велики архистратиже Божји Михаиле – поразителу на демоните! Порази ги и уништи ги сите мои непријатели, видливи и невидливи, и помоли Го Господа Седржителот да ме спаси и заштити од таги и секакви болести, од смртоносни рани и изненадна смрт, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Освен во понеделник, на свети Архангел Михаил се принесуваат молитви за заштита од крадци, зла, непријатели, природни непогоди, војни и изненадна смрт.

О, свети Архангеле Михаил, светлообразен и страшен војводо на Небесниот Цар! Пред Страшниот Суд, дај ми да се покаам за моите гревови, избави ја душата моја од непријателските замки и приведи ја кон Бога Кој ја создал и седи на Херувими и моли Му се за неа усрдно - со твоето посредување, да ја приведе во место на покој. О, страшен војводо на Небесните Сили, застапнику за сите пред Престолот на Владиката Христос, силен заштитнику на сите луѓе, мудар војнику, крепок војводо на Небесниот Цар! Помилуј ме мене, грешниот, кому му е потребно твоето застапништво, заштитити ме од сите видливи и невидливи непријатели, избави ме од смртниот ужас и ѓаволските привиденија и удостој ме непосрамено да застанам пред нашиот Создател во часот на страшниот и праведен Негов суд. О, сесвети велики Архистратиже Михаил! Немој да ме презреш мене, грешниот, кој во молитва ја барам твојата помош и застапништво во овој век, како и во идниот, но удостој ме таму, заедно со тебе да Го славам Отецот и Синот и Светиот Дух во вечни векови. Амин.


Друга молитва

Господи, Боже Велик, беспочетен Цару, испрати го Господи, Архангелот Твој Михаил на помош на Твоите слуги (имиња). Заштити не Архангеле од сите непријатели – видливи и невидливи. О, велики Господов Архангеле Михаил! Поразителу на демоните, закани им се на сите непријатели кои се борат со мене и направи ги како овци, смири им ги злобните срца и порази ги како прав пред лицето на ветерот. О, велики Господов Архангеле Михаил! Шестокрилен прв кнез и војвода на Небесните Сили – Херувимите и Серафимите, биди ни помошник во сите беди, таги, жалости, во пустина и на море - тивко пристаниште. О, велики Господов Архангеле Михаил! Избави не од секакава ѓаволска прелест, кога ќе не услишиш нас грешните кои ти се молиме и го призиваме твоето свето име. Побрзај да ни дојдеш на помош и сите кои ни се спротивставуваат победи ги со силата на Чесниот и Животворен Крст Господов, по молитвите на Пресвета Богородица, на светите Апостоли, Светиот чудотворец Никола, Светиот, заради Христа јуродив – Андреј, светиот пророк Илија и сите свети великомаченици: светите маченици Никита и Евстатие, и сите преподобни оци наши кои од памтивек на Бога Му угодиле, и сите свети Небесни Сили.

О, велики Господов Архангеле Михаил! Помогни ни нам, грешните (имиња) и избави не од земјотреси, поплави, оган, меч и изненадна смрт, од секое зло, од ласкав непријател, од бура што понесува; избави не од лукавиот занавек, сега и секогаш и во вечни векови. Амин. Свети Архистратиже Божји Михаил, со молскавичниот твој меч отстрани го од мене лукавиот дух кој ме искушува и истоштува. Амин.

 

О, свети шестокрилати Серафими, принесете ја вашата многумоќна молитва кон Господа, за да ги омекне Господ нашите ожесточени срца, па да се научиме Нему, на нашиот Бог сите да Му веруваме: и зли и добри; научете не да им проштеваме на нашите должници, за и Господ да ни прости нам.

vozdvizenie.jpg

Во Вторник

Свети Архангеле Гаврил, кој неизречена радост од Небесата на Пречистата Дева И  донесе, исполни го со радост и веселба моето срце, ог гордост преогорчено. О, велики Архангеле Божји Гаврил, ти си И  благовестил на Пречистата Дева Марија за зачнувањето на Божјиот Син. Извести ме и мене, грешниот, за денот на страшната смрт и помоли Го Господ Бог за мојата грешна душа, да ми ги прости Господ сите мои гревови и да не дозволи злото да ме задржи на страшните митарства. О, велики Архангеле Гаврил! Запази ме од секакви неволји и тешки болести, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

О, многуочити Херувими, погледнете го моето безумие, исправете го мојот ум, обновите ја смислата на мојата душа, да слезе на мене, недостојниот, премудрост небесна, за да не грешам со слово, да го скротам јазикот свој, така што секое мое дело да биде направено за слава на Небесниот Отец.

 

Во Среда

О, велики Архангеле Божји Рафаил, кој од Бога прими дар да исцелуваш болести, исцели ги неизлечивите рани на моето срце и многуте мои телесни болести. О, велики Архангеле Божји Рафаил, ти си патеводител, лекар и исцелител; раководи ме кон спасение и исцели ги сите мои болести, душевни и телесни; поведи ме кај Престолот Божји и помоли Го Неговото милосрдие за мојата грешна душа, да ми прости Господ и да ме заштити од сите мои непријатели и од зли луѓе и сега и вечно. Амин.

О, свети Богоносни Престоли, научете не на кротоста и смирението на нашиот Владика Христос; дарувајте ни искрено спознавање на нашата немоќ, на нашата ништожност, дарувајте ни победа во борбата со гордоста и празната слава. Дарувајте ни простота, чисто око и смирено сознание.

 

Во Четврток

Свети Архангеле Божји Уриил, озарен со Божествената Светлина и преобилно исполнет со оган на пламена љубов; запали искра на пламен оган во моето студено срце и озари ја мојата темна душа со твојата светлина. О, велики Архангеле Божји Уриил, ти си блесок на Божествениот оган и просветител на помрачените од гревови; просвети го мојот ум, моето срце и мојата волја со силата на Светиот Дух, постави ме на патот на покајанието и помоли Го Господ Бог да ме избави од адот и од сите видливи и невидливи непријатели, сега и секогаш и во сите векови. Амин.

О, свети Господства, кои секогаш престојувате пред Небесниот Отец, помолете Го нашиот Спасител, Исус Христос, да ја запечати во нашата немоќ својата царска сила и да ни подари благодат, па да се очистиме со таа благодат, да пораснеме со таа благодат, да се исполниме со вера, надеж и љубов.

 

Во Петок

Свети Архангеле Божји Селафиил, кој им даваш молитва на оние што се молат, научи ме и мене да се молам со смирена, скрушена, сосредоточена и умилна молитва. О, велики Архангеле Божји Селафиил, ти Го молиш Бога за верните луѓе; помоли Го Неговото милосрдие и за мене, грешниот, да ме избави Господ од сите беди и неволји, од болести и изненадна смрт и од вечните маки, и да ме удостои Господ со Царството Небесно, заедно со сите Светиии во вечни векови. Амин.

О, свети Небесни Сили, помолете Го нашиот Господ да го поттикне во нашата душа сознанието за нашата немоќ, слабост и ограниченост, и секогаш во нас да има простор за Божественото дејствување. Во часот на нашата смрт, подарете ни благодат, од Бога дадена, та да стекнеме милост од Господа на Силите, Кому Му прилега пофалба и поклонение.

 

Во Сабота

Свети Архангеле Божји Јегудиил, секогашен помошнику на сите кои се подвизуваат на Христовиот пат! Разбуди ме од тешката мрзливост и укрепи ме со добар подвиг. О, велики Архангеле Божји Јегудиил, ревносен заштитнику на Божјата Слава, ти сите ги будиш на прославување на Светата Троица; разбуди ме и мене, мрзливиот, да Ги славам Отецот и Синот и Светиот Дух, и помоли Го Господа Седржителот да создаде во мене чисто срце и правиот дух да го обнови во утробата моја, да ме утврди во Дух Владичен и во вистината на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

О, свети Небесни Власти, молете Го за нас Небесниот Отец, дарувајте ни мудрост и расудување за да ги разобличуваме и уништуваме сите ѓаволски помисли со Исусовата молитва и вашето посредништво; да стекнеме чист, јасен и молитвен ум, срце - полно со благост, и волја – кон Господа обратена.

 

Крај и слава на Бога за се! Амин!


                                                                                    (превод МПЦ Св.Петка – Чикаго)

 

 

Извор: www.mpc-svpetka.com

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3156
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7633
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

26/11/2024 - вторник

+Свети Јован Златоуст; Светите маченици Антонин, Никифор, Герман и Манета; Преподобниот маченик Дамаскин;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христови маченици Гуриј, Самон и Авив 15 ноември / 28 ноември 2024

Тропар на св.Христови маченици Гуриј, Самон и Авив 15 ноември / 28 ноември 2024

Избирајќи живот по вашата вера,наместо виделина од очите телесни,Гурие и Самоне, Бога го прославивтево вашето мачеништво, при вистината останавте и...

Тропар на светиот апостол Филип 14 ноември / 27 ноември 2024

Тропар на светиот апостол Филип 14 ноември / 27 ноември 2024

Празнува вселената, ликува Етиопија,како со венец украсена, од тебе просветувајќи се,светло го слави твојот спомен,богоглаголив Филипе.Ги научи сите во Христа...

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная