логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 prorok.zaharij1.jpg

СОВРШЕНИТЕ ОТЦИ ПРАВЕЛЕ СЕ СО БОЖЈИ СТРАВ

Што би требало секојдневно да исполнуваш? - Должен си да го исполнуваш пеењето на псалмите и усмено да се молиш; неопходно е време и за тоа: да се испитуваш и да ги пазиш своите помисли. Кој за време на ручекот на трпезата каде што има мноштво разни јадења, ќе јаде многу и со насладување, а кој секојдневно ползува една иста храна, нема да јаде со насладување, можеби понекогаш ќе чувствува и одвратност кон неа. Тоа се случува и во нашата состојба. Само совршените можат да се навикнат секојдневно да користат една иста храна без одвратност. Во пеењето на псалмите и во усмената молитва не се сопнувај, туку прави го тоа онолку колку што ти дава сила Господ; не оставај го ни читањето ни внатрешната молитва. Малку од едното, малку од другото и така ќе го поминеш денот во угоду-вање на Бога. Нашите совршени отци немале одредено правило, туку во тек на целиот ден извршувале сопствено правило, го исполнувале пеењето на псалмите, усмено читале молитви, се труделе за храна - малку, но сепак - и сето тоа го правеле со страв Божји, бидејќи е пишано: „...Или ако нешто друго правите, сето тоа правете го за слава Божја" (I Кор. 10:31)

ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ
ОД ПОУКИТЕ НА СВЕТИТЕ
ВАРСОНУФИЈ ВЕЛИКИ И ЈОВАН

 

Свети Варсонуфиј и Јован

Стопли го своето срце со стравот Божји, спрепни го од мисловниот сон - а тој сон го наведуваат срцето на двете најлуди страсти: заборавот и немирот. Кога се зборува со страв Божји, срцето ќе прими желба за идни добрини и од тој момент ќе се трудиш за нивно стекнување, а благодарејќи му на тој труд од тебе ќе оттстапи не само мисловниот, туку и чувствениот сон и ќе речеш како Давид: „...бидејќи одвнатре горам од оган..." (Пс. 37:4).
Она што е речено за овие две страсти може да се примени и на сите останати: сите тие се како суви гранки, изгоруваат и ги снемува штом ќе ги зафати огнот. Смекни го своето срце и тоа ќе се обнови; колку ќе го омекнеш, толку во него ќе најдеш размислувања за вечниот живот, за Христа Исуса нашиот Господ.
Непријателот со сите сили војува против нас, ама ако се исполниме со смирение, Господ ќе го надвладее. Да се прекоруваме секогаш самите себе, па победата ќе биде на наша страна. Три работи секогаш се победоносни: самоукорувањето, отфрлувањето на својата волја и сметањето себеси помал од сите работи. Добро се подвизуваш тогаш кога грижливо гледаш на себе да не отпаднеш од Божјиот страв и од благодарењето на Бога. Блажен си, ако навистина си постанал туѓинец и сакат, бидејќи таквите ќе го наследат царството Божјо.

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.LjubovtakonBoga.jpg

ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ

Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци

Превод Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, Охрид 2004

  Друго:

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ПРОРОК ДАВИД ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

 СОВРШЕНСТВОТО НА ЉУБОВТА СЕ ПОЈАВУВА ВО МОЛИТВАТА ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ

ЗА СТРАВОТ ШТО СЕ РАЃА ОД ГОЛЕМА ЉУБОВ 

Св. Теодор Бдески - ЗА СОВРШЕНИОТ СТРАВ

ЉУБОВТА НЕ САМО ШТО НАС, СЛУГИТЕ, НЕ ПРАВИ СИНОВИ, ТУКУ ВО НАС ГО ОБНОВУВА ЛИКОТ И БОЖЈОТО ПОДОБИЕ

  • КАКОВ ПОРЕДОК Е ПОТРЕБЕН ЗА ИСКАЧУВАЊЕ КОН СОВРШЕНСТВОТО
  • Авва Доротеј - ПАТИШТА НА ДОСТИГНУВАЊА НА СОВРШЕНИОТ БОЖЈИ СТРАВ
  • КОЈШТО СЕ ПЛАШИ, НЕ СЕ УСОВРШИЛ ВО ЉУБОВТА
  • ИЗРЕКИ НА СВЕТИТЕ ОТЦИ ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

  •  Свети Ефрем Сириски - ЗА ДУШЕВНИОТ СТРАВ

  • Св. Јован Златоуст - ПОВЕЌЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД ЛУЃЕТО ОТКОЛКУ ОД БОГА 

  • Св. Јован Златоуст - ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

  • Св. Јован Златоуст - БОЖЈИОТ СТРАВ Е ГОЛЕМА ДОБРИНА 

  • Св. Јован Златоуст- ЗА ПОЛЗАТА ОД ПОТСЕТУВАЊА НА СТРАВОТ ОД АДСКИТЕ МАКИ 

  • Св. Филарет Московски - ПРИКАЗНАТА ЗА МИТАРОТ

  • Св. Јован Златоуст - РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА СТРАШНИОТ СУД

  • Авва Доротеј - БОЖЈИОТ СТРАВ ВО ДЕЛО ЗА СПАСЕНИЕ НА НАШИОТ БЛИЖЕН

     



    dobrotoljubie

    Поуки од Светите Отци

    Видео содржини

    dobrotoljubie

    Духовност

    Октомври 20, 2024
    TviTER281

    Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

    Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
    Јуни 30, 2024
    Avraamovo.GOSTOLJUBIE

    Света Троица во Стариот Завет

    „Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

    За нафората

    HRISTOS.nafora
    Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

    Проскомидија

    TVIT602
    ·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

    Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

    Сеп 13, 2021 Житија 3141
    Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

    Свети свештеномаченик Харалампиј

    Фев 23, 2020 Житија 7620
    ih3387
    Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

    Најново од духовност

    Православен календар

     

    23/11/2024 - сабота

    Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

    Правила и одредби на Православната Црква за постот
    Православен календар за овој месец - МПЦ

    Кожувчанка

    Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

     Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

    Тропар

    Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

    Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

    О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

    Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

    Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

    Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

    Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

    Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

    Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

    Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

    Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

    Болестите според светоотечкото учење

    Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

    Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

    Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

    Духовни поуки: „Помоли се за мене“

    Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

    Живот без стрес

    Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

    Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

    И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

    Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

    Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

    ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

    Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

    Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

     

    Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

    За Моето име

    Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

     

    „Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

    Взбранной Воеводе победительная