Со грешни дела си се приближила до вратите на пропаста, но Оној Кој ги сотре вратите на пеколот со силата на Своето Божество, ти ги отвори тебе вратите на покајанието, сефалена светителко, зашто Он Самиот е врата на животот.
Утрена, петта недела од Постот
Тропар на света Марија Египетска
Поуки од светите отци: Кога Бог строго би ги испитувал делата кои Му се противни, ние не би живееле ниту еден ден.
Свети Јован Златоуст
Молитва:
Подај ни, Боже, јасно да го согледаме она што ни носи мир. Во ова подобно време да итаме да чиниме дела, заради мир и добра волја, секаде околу себе и во светот. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Послание до Евреите: 9, 1-7
Свето Евангелие по Лука: 1, 19-49, 56
Созерцание: Зашто нема да остане во Бога ниеден збор без сила.
Свето Евангелие по Лука: 1, 37