Господи, дај ми со мир да примам се` што ќе ми донесе денов и да се предадам на
Твојата Света волја.
Упатувај ме и помогни ми во секој час на овој ден.
И било какви вести да добијам, научи ме да ги примам со мирна совест
уверен дека е тоа Твоја Света волја.
Управувај со моите мисли и чувства, и со сите мои дела и зборови.
Во се` непредвидливо што ќе ме снајде, не дозволи да заборавам
дека се` доаѓа од Тебе.
Научи ме правилно и разумно да се однесувам со секој член на мојата обител
и со своите ближни, та никого да не растревожам и разжалостам.
Господи, дај ми сила да го поднесам заморот на овој ден и се` што ќе ми се случи
во текот на денот.
Управувај со мојата волја и научи ме да се молам, да верувам, да се надевам,
да трпам, да проштевам и сакам.
Амин.
Подготви: Стојанка Тежак