·
+++ОБИЧЕН И ГОНЕТ - ДЕНЕС СЛАВЕН СВЕТИТЕЛ И ЧУДОТВОРЕЦ+++
Св Нектариј Егински беше мразен и клеветен од многу Владици скоро цел живот. Дури и богатите и оние кои беа во манастирите збореа се најлошо за овој омилен Христов војник на Бога.
Успеваа да го прогонуваат за да не служи во Црквите и манастирите,и на крај Бог го насели далеку од сите тие непријатели на островот Егина каде и остана до крајот на својот земен живот.
Никогаш не се слушна убав збор за светиот монах Нектариј,секогаш негови пријатели беа сиромавите и обичните луѓе.
Оние богатите,монасите и владиците со жезолите од дијаманти и злато со скриената гордост и себељубие тие мораа да се во првите редови и да се најфалени и најпочитувани. А овој обичен монах а свет уште на земјата никаде и никој не кажа убав збор за него.Сите му љубомореа на смиреноста и добротата, дури некои викаа глуми светец и преподобен.
Мислејки дека со бркањето од манастирите и Црквите ќе го одвратат од љубовта и животот монашки,Светиот Нектариј растеше и уште повеќе се одаваше на Господа иако немаше никој покрај него од луѓето но постојано беа покрај него Ангелите и Светителите. Може Бог допушташе да биде исмејуван ,понижуван во Црквите и манстирите да вика се најлошо народот за него ,дури и кога служел го бркале но ете тој баш непроценлив и камен од монах постана дијамант за целиот православрн свет и за сите нас православните мирјани монаси пример вистински што значи да се биде Христов слуга.
Без никакви оправдувања,без никакви омрази,без никаков гнев,гордост тој се прифаќаше дури секогаш кога ќе видеше дека некој на него се гневи и збори лошо ќе си кажеше :Господе прости ми јас немам љубов јас сум виновен .
Св Нектариј остана доследен,служеше и крвареше за Христа никогаш не прифати ништо што е од западната култура,секогаш го држеше погледот кон исток.
И благодарение на него ние сите православни денес ја пееме најубавата песна кон мајката Божја кој овој угодник божји со огромна љубов ја напиша:
РАДУВАЈ СЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА
Ете накратко тие што се вистина кон Бога трпат се за Христа,затоа и Бог го прослави најобичниот и најмалиот меѓу сите,а не ониее кои го клеветеа иако беа со многу поголеми чинови и права, Св Нектариј беше обичен монах но голем во очите на Бога ,Мајката Божја и сите небесни сили и Светии.
Денес неговите мошти (тело) кое Бог постојано прави чуда по неговите молитви помагаат на сите од сите страни на светот.
Народот не го знаеше додека беше на земјата но дознавме сите кога Бог го прослави.
Даваше се што има без да задржи нешто за него,немаше поделба,немаше национализам и политички правци го имаше само Христос и Царството Божјо.
Нека Св Нектариј го моли Бога за сите нас да се покаеме и во љубов да бидеме.
Да ги имаме неговите свети и силни молитви и благослов🙏
fb Ljube Petreski
Свети Нектариј ЕГИНСКИ
СВЕТА ДЕВОЈКО
А 1.
Света девојко, Владичице, нескверна Богородице
Радуј се, Невесто неневестна
Девојко Мајко, Господарке, Ти руно сеоросено
Радуј се, Невесто неневестна
2.
Возвеличана над Небесата, од зраците поблескава
Радуј се, Невесто неневестна
Радост на хоровите девствени, од ангелите посилна
Радуј се, Невесто неневестна
3.
Посветла од Небесата, од од светлината почиста
Радуј се, Невесто неневестна
Од сите небесни воинства посвета
Радуј се, Невесто неневестна
Б 1.
Марие Приснодево, на сета вселена Господарке
Смерна Девојко Пречиста, сесвета Владетелке
Радуј се, Невесто неневестна
2.
Благословена Марие, на радоста наша причино
Достојна Девојко, Царице, Пресвета Мајко
Радуј се, Невесто неневестна
3.
По чествувана од Херувимите,
и пославна од бесплотните Серафими
Од Престолите посилна
Радуј се, Невесто неневестна
В 1.
Радуј се Песно на Херувимите
Радуј се Химно на Ангелите
Радуј се Одо на Серафимите и
Радост на архангелите
Радуј се, Невесто неневестна
2.
Радуј се, Миру и Веселие, и Пристан на спасението
На Словото чертогу свет, Цуту на нетлението
Радуј се, Невесто неневестна
3.
Радуј се, Градино на изобилието, на вечноста и на животот
Радуј се, Дрво на животот
и на Бесмортноста источнику
Радуј се, Невесто неневестна
Г 1.
Тебе Те молам Царице, Тебе сега Те призивам
Тебе Те омилостувам, и радост, Севладичице, сакам
Радуј се, Невесто неневестна
2.
Девојко кротка и безгрешна, Владичице Сесвета
Тебе Храму духовен, горешто Те преколнувам
Радуј се, Невесто неневестна
3.
Прифати ме, од душманот избави ме
И на животот вечен наследник покажи ме
Радуј се, Невесто неневестна
препев од старогрчки М.Т. и М.К.
Од “Домострој” бр. 1
Друго:
http://preminportal.com.mk/content/view/2875/54/