логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT54

БОЖЕ, ЗАПАЗИ НЕ ОД БЛАГОЧЕСТИВИТЕ!

         Колку повеќе стекнувам искуство како свештеник во мојата пастирска служба, толку повеќе сум претпазлив за ... „побожните“. Ова е плод не само на набљудувањето, туку и на тој особен заострен сензибилитет што го стекнува Христовиот слуга, помагајќи му да ги разликува духовите, настроенијата и карактерот на тие околу него. Станува втора природа, вроден инстинкт кој веќе е дел од личноста.
Но, Боже, запази не и спаси не од оние „харизматични личности“ кои се обземени од таа прелест и живеат во вообразеност дека се благочестиви. Станува збор за православни мирјани, искусни, кои редовно го посетуваат храмот,и кои на секој начин се трудат да станат пример за однесување на другите и модел на „неприкосновена“ побожност. Тие се „посебните“ во светот на светото Православие. Мажи и жени, а особено жените, кои имаат изградено духовен ритам и утврдени навики во црковната реалност и толку силно поверувале во Христа што станале самоназначени судии, поставувајќи се во улога на такви и наметнувајќи се себеси како универзален критериум за состојбата на нештата во мајката Црква, во епархијата, во парохијата и ... за состојбата на сите духовници и мирјани што ги познаваат.
Целосно го почитувам нивниот труд и ревност, но…
             Тие се верници кои го посветиле срцето, душата и времето на својата лична вера,и кои еднаш допрени од нејзиното откровение, за ништо на светот не дозволуваат таа да отпадне,на секој начин чувајќи го нејзиниот оган со завидна упорност и постојаност. Држејќи се до својата праведност, тие ни за момент не помислуваат дека би можеле да грешат во своите судови. Тие себично го штитат и не дозволуваат некој да им предложи или покаже друг поглед на некоја личност или настан.
           Тие строго го почитуваат утринското и вечерното правило, неотстапно учествуваат во сите најавени иницијативи, посветуваат цели часови на акатистите и молитвените канони, ги запишуваат сопствените имиња на четириесетниците во секој од храмовите и манастирите и педантно го следат своето лично благочестие.
Овие личности секогаш имаат сериозен и длабоко промислен поглед, си придаваат исклучителна важност, а најважно и најопасно, ги оценуваат и судат другите. Затоа што се исткаени од вообразеноста дека секогаш се во право и знаат сè подобро од другите. Секогаш се спремни да стапнат каде што треба и каде што не треба, без да се обидуваат да се прилагодат на ситуацијата, да даваат мислење и „проверени“ духовни совети. Без никаков проблем се движат од парохија во парохија, собираат информации и ги пренесуваат, трудејќи се секогаш да бидат „на врвот на бранот“ и да ги следат „работите“ одблизу.

TVIT55
            Овие учени  и недоучени или поточно самоуки луѓе, исковале свое лично предание и модел, кој е секогаш најправилниот во сите околности. Тие, простете, се вистинска соблазна. Самото нивно присуство е вознемирувачко за свештенството и мирјаните бидејќи тие носат висока тензија. Кога ќе се појават, сè се менува. Човек не гледа благодат, туку напнатост - амалгам на гордост, прелест и самодоволност. Тие се најчести распространувачи на озборувања и интриги, носители на најелементарните клевети, без никакви скрупули и грижи. Тие секогаш мора да бидат компетентни и слободно да зборуваат од височината на својата камбанарија за Синодот, за епископот, за секој свештеник или поискусен лаик во дадената парохија. Тие даваат совети за однесувањето во храмот и си дозволуваат подмолно или јавно да коментираат за парохиското свештенство во секој случај, а особено кога, не дај Боже, искажуваат мислење или заземаат став што не им се допаѓа. Тогаш се чувствуваат навредено и длабоко повредено, а токму во оваа состојба се способни за се.
          Сите, неизбежно секогаш се внимателни со нив затоа што не сакаат да го изгубат својот душевен мир или едноставно не сакаат да влезат во неволја. Затоа ги избегнуваат или држат дистанца од нив. Сепак, сите ги знаат, бидејќи тие самите не сакаат да останат на страна, туку секогаш се ставаат во центарот. Тие сакаат секогаш да бидат забележани и ценети од оние околу нив - претпоставените или само нивните неволни набљудувачи. Тие сакаат долги и големи богослуженија и обично стојат во првите редови за да можат да ги видат што повеќе луѓе. Тие им даваат слободен израз на надворешната обредност и укажуваат на најдобриот рецепт за секоја работа и состојба.
Повеќе од точен е митрополитот Јеротеј Влахос, кој во своето дело „Православна психотерапија“ излага едно од своите согледувања како епископ и свештеник, а тоа е дека современиот православен христијанин многу повеќе личи на ликот на фарисејот отколку на митарот од Евангелието на св. Апостол Лука. Тие поседуваат, како и фарисеевото покажано самозадоволство, чувство на духовна супериорност и очекување да бидат нужно наградени за трудот и напорите што ги направиле. Едно веќе исковано уверување дека ќе се спасат и дека се Божји помазаници, чекајќи ја сопствената награда за нивната напорна работа и добри дела. Во сопствените очи, тие заработиле место во рајот. Тоа им е ветено, и не би можело да биде поинаку.
          Извикот на митарот „Боже, помилуј ме грешниот!“ и целата негова слика на грешник што се самоосудува, со очи кренати кон небото, се предалеку за незавидната состојба во која се наоѓа современиот православен. Нему му се туѓи и неразбирливи длабочината и моќта на покајанието и разголувањето на совеста. Затоа што го отстрануваат од зоната на воспоставено убедување дека е носител на откровение кое е неоткриено од оние околу него.
Од друга страна, вистинската побожност не сака да биде забележана... Ова е поука од историјата на христијанството и учењето на светите отци. Нејзините носители – светителите, праведни и обични христијани - се инспирација за една друга порака - чиста, убава, љубовна и пред се... смирена. Кроток и исчистен од елементите на егото.
              Тие се вистинските знаменосци на верата. Оние кои не бараат ништо и не сакаат ништо од Господ Бог, освен ... да Му угодат секаде и во сè. Да останат во Него и да црпат од неискажливата полнота на Неговото невидливо присуство. Мудри и убави души... Поставени далеку од вревата на светот и дневната светлина. Служители, кои дале завет дека ќе живеат со Неговото свето име, синови, а не посвоени. Призвани и предопределени да се понизат пред Неговата власт и волја. Тие се вистинските благочестиви. Претворени во Христови икони, носејќи го длабоко во себе ликот на Пречистиот Исус. Тие се примерот што не избледува, живите камења на нашиот пат кон Неговото неразрушливо царство. Наша должност е да се обидеме, и покрај сите наши грешки и противењето на поднебесните духови на злобата, да бидеме нивни подражатели.
            Меѓутоа, како треба да се справиме со оваа категорија на „побожни“? Овие наши опрелестени браќа и сестри, неизбежни сопатници на патот кон небесниот Ерусалим? Што можеме да направиме за нив и за себе? Не треба ни за момент да помислиме да ги исфрлиме од нашиот свет целосно и неповратно, бидејќи со тоа ќе го предадеме заветот на Спасителот да ги примиме сите „изнемоштени и оптоварени“. Да се обидеме со многу трпение и уште повеќе љубов да се молиме за нивните души и да се обидеме да им помогнеме. Ова е манифестација на Божјата и човечката милост - да се подаде рака, а не да се бега настрана.
            Затоа што во добро и во лошо, но по Божја волја, заедно патуваме во коработ на спасението на светата Црква и нашиот правец е ист. Затоа, не треба да заборавиме дека судијата е само Тој - Христос Спасителот. Во Негово име и заради Неговото Царство, ние сме должни да посегнеме по нив, трудејќи се самите да не бидеме заведени.

Автор: отец Јасен Шинев / bogonosci.bg
За Преминпортал Симеон Стефковски

 

16ти јануари 2023 лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3142
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная