логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Кондак 1

Чудесен Војводо на градот Солун, голем угоднику Христов и славен,
подвижнику, Свети Димитрие, тебе, кој на светот му точиш миро на милост, ние те почитуваме и ти пишуваме пофалба, а ти имајќи слобода пред Господа, од секоја беда избави не’, за верно да ти воскликнуваме: Радувај се, Свети Димитрие, славен Великомачениче и Чудотворче!

sv.vmc.DIMITRIJ2

Кондак 1

Чудесен Војводо на градот Солун, голем угоднику Христов и славен,
подвижнику, Свети Димитрие, тебе, кој на светот му точиш миро на милост, ние те почитуваме и ти пишуваме пофалба, а ти имајќи слобода пред Господа, од секоја беда избави не’, за верно да ти воскликнуваме: Радувај се, Свети Димитрие, славен Великомачениче и Чудотворче!

 

Икос 1

Творецот на Ангелите и Господ на Силите те прослави тебе, достоен за
восхитување, како Ангел во тело, цврст и непобедлив во мачењето и силен заштитник на верните, затоа прибегнуваме кон Твоето застапништво принесувајќи Ти ги овие радосни песни:

Радувај се, ѕвездо која блескаш над цврстата Црква!

Радувај се, светилнику, кој со чудеса го осветлуваш светот!

Радувај се, непоколеблив столбу на верата!

Радувај се, нескршлив штиту на православните!

Радувај се, сјаен украсу на Тесалија!

Радувај се, преславна пофалбо на Солун!

Радувај се, сограѓанину на Апостолите!

Радувај се, заедно со мачениците си во небесните живеалишта!

Радувај се ти, кој ги примаш молењата на оние кои те повикуваат!

Радувај се, за сите нас на Бога се молиш!

Радувај се, свети Димитрие, славен Великомачениче и Чудотворче!

Кондак 2

Гледајќи се себеси како бездетни, побожните твои мајка и татко постојано Го молеа Господа да им дарува пород. А Севишниот, примајќи ја нивната молитва, се сети на милосрдноста кои тие им ја правеа на сиромасите и тебе им те дарува, Блажени. Радосни поради тоа, тие со радост Му воскликнуваа: Алилуја!

Икос 2

Имајќи боженствен ум како чедо од Бога дарувано, ја замрази измамата на идолопоклониците, мудри, и побожноста на родителите ја засака и со
добродетели од сила во сила како по лествица кревајќи се, ја здоби
Божјата благодат. Моли да ја добиеме и ние кои те почитуваме со ова
воскликнување:

Радувај се, молитвен наследнику на своите побожни родители!

Радувај се, наследнику на нивната побожност!

Радувај се, зашто многумина развесели раѓајќи се!

Радувај се, зашто уште од утробата на мајка си со благодат од висините беше осенет!

Радувај се, миризлив крину на девственоста и чистотата!

Радувај се, осветен во душата и телото!

Радувај се, ризницо на Божјите дарови!

Радувај се, зашто од младоста го презре служењето на идолите!

Радувај се, зашто вистинското Богопочитување го засака до самата смрт!

Радувај се, зашто со своето благочестие на својот Христос Му угоди!

Радувај се, зашто со Неговата благодат многу плодови донесе!

Радувај се, Свети Димитрие, славен Великомачениче и Чудотворче!

Кондак 3

Силата на Вишниот те направи, Димитрие, во бојот храбар, за непријателите – страшен, а на сите луѓе познат. Затоа злочестивиот цар Максимијан ти го врачи градот Солун наредувајќи ти како безумник да ги гониш христијаните, кои Му пеат на Бога: Алилуја!

Икос 3

Имајќи благопријатна ревност за вистинско Богопочитување, јавно,
префални, пред незнабошците го исповеда Христа и уште нив ги научи Нему да Му се поклонуваат и во Него да веруваат, така станувајќи за Солунјаните втор Павле, па и ние со нив ти пееме:

Радувај се, на Црквата Христова, многуценет бисеру!

Радувај се, најголем украсу на твојот град!

Радувај се, зашто боженствената ревност си ја носел во срцето свое!

Радувај се, зашто расипаноста на мачителите ја победи!

Радувај се, затоа ја разобличи одвратната лага на идолослужењето!

Радувај се, просветителе на помрачените!

Радувај се, зашто злочестието како плева го гориш!

Радувај се, зашто трњето идолско го отсекуваш!

Радувај се, зашто учиш на побожност!

Радувај се, зашто на патиштата на спасението продолжуваш!

Радувај се, зашто непријателите видливи и невидливи не смеат да ти пристапат!

Радувај се, непобедлив војнику на Исуса Христа!

Радувај се, Свети Димитрие, славен Великомачениче и Чудотворче!

Кондак 4

Зафатен со бура од злобни мисли, нечесниот цар се збуни гледајќи дека ти си, сечесен, верен слуга Христов и дека ги уриваш идолите и во верата во Христа Солунјаните ги приведуваш, учејќи ги да го слават Трисветото име Божјо, пеејќи Му: Алилуја!

Икос 4

Откако слушна дека Максимијан, исполнет со бес, по тебе доаѓа во Солун, ти Димитрие, со пост и молитва се подготви за мачеништво, наредувајќи му на Лупа, твојот верен слуга, твоето привремено богатство да го раздаде на сиромашните. А ние ти пееме и со љубов те фалиме:

Радувај се, зашто не се исплаши на заканите на мачителот!

Радувај се, зашто се’ раздаде за да Го добиеш Христа!

Радувај се, зашто празната слава од овој свет ја сметаше за ѓубре!

Радувај се, зашто небесната слава од Христа Бога ја доби!

Радувај се, зашто сострадуваш со сите кои за помош те молат!

Радувај се, на сите кои се во невоља ти си брз помошник!

Радувај се, зашто ништожните ги збогатуваш!

Радувај се, зашто се заземаш за несреќните и сиромашните!

Радувај се, зашто им помагаш на бедните!

Радувај се, зашто ги храниш гладните!

Радувај се, Свети Димитрие, славни Великомачениче и Чудотворче!

sv.vmc.DIMITRIJ1

Кондак 5

Стана сличен на Витлеемската ѕвезда, Димитрие, зашто, како што таа патот кон Богомладенецот го покажа, така и ти го откри вистинското Сонце на обземениот цар од темнината. Затворен од него во темница, во неа, како во раскошна палата, си го величел нашиот Христос Бог, во радост пеејќи Му: Алилуја!

Икос 5

Гледајќи дека ти, за блаженство достоен, ќе го завршиш својот подвиг, мразителот на доброто, ѓаволот, разјаден од завист, те нападна во облик на скорпија. Ти го згази и во голема светлина го виде Ангелот Господов, кој дојде да ти даде сила, несејќи ти рајски венец. А од нас земните ти прими мал венец со овие пофалби:

Радувај се, трубо, која на неверниците Христа Бога им Го огласуваш!

Радувај се, кавалу, кого верниците со радост го слушаат!

Радувај се, зашто со храброста твоја ги развесели небесните жители!

Радувај се, зашто во темницата исполнета со мрак и смрдеа ангелот те утеши!

Радувај се, зашто на небото како маченик прими прекрасно живеалиште!

Радувај се, зашто во тело го победи ѓаволот кој тело нема!

Радувај се, зашто мрежата негова како пајажина ја раскина!

Радувај се, зашто светол венец на победата прими!

Радувај се, зашто венецот ти го даде Царот на славата!

Радувај се, зашто од Него се удостои со многукратна благодат!

Радувај се, зашто голема слобода пред Него стекна!

Радувај се, Свети Димитрие, славен Великомачениче и Чудотворче!

Кондак 6

Злобниот Максимијан се радуваше кога неговиот силен борач Лиј ги убиваше христијаните. Нетрпејќи го тоа, блажениот Нестор, Мачениче, од тебе измоли благослов и одејќи во борба со него го собори на копје, пеејќи Му на Христа: Алилуја!

Икос 6

Запалувајќи ја во Солун светлината на вистината, ти, Свети, пред себе кон Христа преку мачеништво го испрати Нестор, кого царот го обезглави разжалостен што му ја уништи надежта во Лиј, а потоа и самиот по наредба на истиот цар за Христа со копја беше избоден. Те молиме и нас пред Него да не’ спомнеш, зашто со почит се сеќаваме на твоите страдања и ти воскликнуваме:

Радувај се, зашто Лиј, закрепнувајќи го Нестор против него со своите молитви го обори!

Радувај се, зашто му измоли победа како борец кој се борел слично како Давид со Голијат!

Радувај се, зашто после погибелта на Лиј со Нестор си примил иста маченичка смрт!

Радувај се, зашто си избоден со копја за името на Оној Кого на Крст Го прободеа со копје!

Радувај се, зашто после смртта Ангелите на небо те испратија!

Радувај се, зашто со душата пребиваш во незалезна светлина!

Радувај се, зашто со мачениците и сите светители непрестајно ликуваш!

Радувај се, заштито и покрове на оние кои те прославуваат!

Радувај се, зашто се молиш за оние кои го признаваат твојот спомен, Свети!

Радувај се, Свети Димитрие, славен Великомачениче и Чудотворче!

sv.vmc.DIMITRIJ3

Кондак 7

Сакајќи после твоето страдање да прими од тебе благослов, Луп го зеде прстенот и ризата натопена со твојата крв. Откако со неа направи многу чуда и исцелувања, нему му ја отсекоа главата и така го удостоија со тебе и Нестор да Му пее на Бог во Троица славениот: Алилуја!

Икос 7

Ѕидајќи ти нова црква, достоен за восхит, Леонтиј, кого го исцели, ги најде во земја светите твои мошти кои точеа миро, од чиј мирис целиот град замириса исцелувајќи многу болни. Те молиме да не’ замирисаш и исцелиш и нас, кои ти воскликнуваме:

Радувај се, зашто мирисот на добродетелта од младоста го засака!

Радувај се, зашто од младоста ангелска природа стекна!

Радувај се, саду на благодатта!

Радувај се, храму на непорочноста и чистотата!

Радувај се, зашто Господ во тебе се всели со Отецот и Светиот Дух!

Радувај се, зашто Он ги прослави моштите твои со благодатта на нераспадливоста!

Радувај се, зашто од нив мирисно миро се точи!

Радувај се, зашто со него се раздаваат осветувања и исцеленија!

Радувај се, зашто твоето миро е помирисно од смирната и нардот!

Радувај се, зашто со твојата миризба смрдеата на страстите ги истеруваш!

Радувај се, зашто со својата крв облеката и местото ги освети!

Радувај се, зашто заради своите рани, нашите душевни и телесни рани ги исцелуваш!

Радувај се, Свети Димитрие, славен Великомачениче и Чудотворче!

Кондак 8

Невидено и прекрасно чудо направи кога на ѕидарот на твојот храм, кој ја понесе со себе плаштаницата со моштите твои, му помогна со неа да ја премине брзата и голема река како по суво; а тој на Бога, кој се прослави во тебе, со срцето и усните Му пееше: Алилуја!

Икос 8

Леонтиј, кој целиот гореше со љубов и усрдност кон тебе, Свети, ти го соѕида и другиот храм во својата земја Илирија. Но, и таму се случуваа мноу исцелувања, како и во Солун, зашто со твоите молитви многу болни и од ѓаволот опседнати ги ослободи од слабостите, и уште многу други и славни чуда се случија. Восхитувајќи се на тоа, тебе ти извикуваме:

Радувај се, моќна заштито на оние кои те прославуваат!

Радувај се, чудесен покровителу на оние кои ти соѕидаат храмови!

Радувај се, дарителу на здравје!

Радувај се, исцелителу на болести!

Радувај се, зашто го запираш течењето на крвта кај болните!

Радувај се, зашто епархот Марин од рани и гној го избави!

Радувај се, зашто со облеката своја, како Павле со марамите, чудеса правиш!

Радувај се, зашто со неа и на Леонтиј му помогна преку реката!

Радувај се, зашто реката ти се потчини!

Радувај се, зашто духовите на темнината и злобата бегаат од оние кои те повикуваат!

Радувај се, зашто се надеваме дека со твоето застапништво и нас од ѓаволските напади ќе не’ сочуваш!

Радувај се, зашто веруваме дека ќе не’ избавиш од поплави и други неволји!

Радувај се, Свети Димитрие, славен Великомачениче и Чудотворче!

Кондак 9

Се восхитија војските Ангелски на големата слобода која ја покажа кога Господ, сакајќи да го предаде градот на непријателите, го испрати Ангелот да ти нареди да го напуштиш Солун, а ти не сакаше да го напуштиш, Славен. Тогаш Илустриј, кој сето тоа со ужас го гледаше и слушаше удостоен на видението, со трперење говореше: Алилуја!

Икос 9

Мудреците не можеа да разберат, ниту говорниците да раскажат како девојките, кои одведени во ропство по наредба на кнезот кој ги зароби, везејќи го твојот лик, одеднаш ги зеде и ги постави крај својот гроб во црквата каде се вршеше бдение на твојот празник. Ние, благословувајќи го Господа во тебе, со умиление ти говориме:

Радувај се, зашто на земјата за вистината се’ до крв пострада!

Радувај се, зашто на небото со чест и слобода пред Престолот Божји стоиш!

Радувај се, зашто ги избавуваш оние кои Те повикуваат во неволја!

Радувај се, зашто брзо им помагаш на оние кои се погодени од несреќа!

Радувај се, зашто Господ молитвите твои милосрдно ги прима!

Радувај се, непресушен извору на чуда!

Радувај се, источнику на неоскудни чудесни знаци!

Радувај се, ослободителу на заробените!

Радувај се, зашто ја скротуваш дрскоста на непријателите наши!

Радувај се, зашто на тажните им испраќаш утеха!

Радувај се, зашто даруваш радост на ожалостените!

Радувај се, Свети Димитрие, славен Великомачениче и Чудотворче!

sv.vmc.DIMITRIJ4

Кондак 10

Сакајќи да го спасиш градот свој од глад, ти, Свети Димитрие, на оние кои имаа пченица, во големите морски пристаништа и на островите, им јавуваше за да им наредиш со неа да пловат за Солун. А народот, со твојата грижа од смрт избавен, благодарно заради тебе на Бога Му пееше: Алилуја!

Икос 10

Како ѕид несоборлив се покажа на својот град, Богомудри, и непобедлив заштитник на сите оние кои те повикуваат, зашто така благоволи за тебе Творецот на небото и земјата. Затоа научи не’ и ние да ти пееме:

Радувај се, зашто сомилосно за сиромашните се грижиш!

Радувај се, зашто ги избавуваш верните од глад!

Радувај се, зашто ги сокриваш пред нападот на непријателите!

Радувај се, зашто многу пати Солун од оковите на горкото ропство го избави!

Радувај се, зашто смртните рани и другите повреди од нас ги оддалечи!

Радувај се, војводо, зашто на тебе по храброст равен никој не е!

Радувај се, воину, кој никогаш во сила не оскудуваш!

Радувај се, зашто сите зла кои се креваат врз градот твој како Мојсеј Амалик го оборуваш!

Радувај се, зашто како Самсон, нападите на другите народи ги одбиваш!

Радувај се, зашто на верните им даваш победа врз непријателите!

Радувај се, зашто на христољубивите војски во бој им помагаш!

Радувај се, Свети Димитрие, славен Великомачениче и Чудотворче!

Кондак 11

Секоја песна е немоќна да го искаже блескањето на твојата слава и твоите големи чудеса, зашто кога царот Јустинијан посака во Софискиот храм во престолнината честица од твоите мошти да има, од гробот излезе оган недавајќи им на царевите пратеници ниту да пријдат до твојата гробница. Воодушевувајќи се, тие со страв извикаа кон Бога: Алилуја!

Икос 11

Ние, кои сме во темнината на незнаењето, те гледаме како ѕвезда со светли зраци. Така на Онисифор, помрачен од темнината, кој служеше крај гробот, со двократно јавување му забрани да краде свеќи кои верните ги палеле крај гробот. Затоа со вера ти извикуваме:

Радувај се, зашто до мачеништвото свето живееше!

Радувај се, зашто после по чудесата се прослави!

Радувај се, затоа жив преку моштите во градот живееш!

Радувај се, зашто како вечно жив безброј чуда и сега правиш!

Радувај се, зашто правдата ја ублажуваш со милосрдие!

Радувај се, зашто гориш со оган на ревност за славата на Бога!

Радувај се, зашто твоите моштите се недофатни за насилниците и тираните!

Радувај се, зашто таквите со оган како со молња ги гориш!

Радувај се, зашто ги вразумуваш оние кои грешат!

Радувај се, зашто ги казнуваш разбојниците!

Радувај се, зашто им даваш осветување на оние кои искрено и со верба ти прибегнуваат!

Радувај се, зашто со мирото ги замирисуваш сите кои верно те почитуваат!

Радувај се, Свети Димитрие, славен Великомачениче и Чудотворче!

Кондак 12

Прими благодат, Димитрие, да ја лекуваш секоја рана и секоја слабост кај луѓето. Дај ни и нам исцелување на телото и душата со цел на Бога, Кој ни те даде тебе како помошник и исцелител, благодарно да Му воскликнеме: Алилуја!

Икос 12

Славејќи ги твоите чудеса, Блажени, достоен за почит, затоа што пред нечистите смело го призна Христа Бога, ја прославуваме твојата маченичка смрт, го почитуваме твојот спомен и во радост ова ти го принесуваме:

Радувај се, зашто Христос Спасителот ревносно Го следеше!

Радувај се, храбар подражателу на Неговото страдање!

Радувај се, зашто го прославуваш Бога со силите на небото!

Радувај се, зашто за светот со Царицата на небото и земјата се молиш!

Радувај се, зашто верните со скапоцен мир ги удостојуваш!

Радувај се, зашто ги исцелуваш душевно и телено раслабените!

Радувај се, Свети Димитрие, славен Великомачениче и Чудотворче!

Кондак 13

О, Свети мачениче и верен угоднику на Христос, Димитрие мироточив, прими ја оваа мала песна од нас и моли Го Христа Бога да се всели и да замирисаат во срцата наши православните светители, нашата вера вистинска, да се множи во животот наш елејот на добрите дела, да не се изгаснат нашите светла во полноќниот час кога ќе се сретнеме со небесниот Младоженец, и да станеме достојни за во вечност, заедно со тебе и сите светии, да Му пееме во царството на Христос, на Вечното Слово Божјо, со Отецот и со прославениот Дух: Алилуја! (три пати)

Икос 1

Творецот на Ангелите и Господ на Силите те прослави тебе, достоен за
восхитување, како Ангел во тело, цврст и непобедлив во мачењето и силен заштитник на верните, затоа прибегнуваме кон Твоето застапништво принесувајќи Ти ги овие радосни песни:

Радувај се, ѕвездо која блескаш над цврстата Црква!

Радувај се, светилнику, кој со чудеса го осветлуваш светот!

Радувај се, непоколеблив столбу на верата!

Радувај се, нескршлив штиту на православните!

Радувај се, сјаен украсу на Тесалија!

Радувај се, преславна пофалбо на Солун!

Радувај се, сограѓанину на Апостолите!

Радувај се, заедно со мачениците си во небесните живеалишта!

Радувај се ти, кој ги примаш молењата на оние кои те повикуваат!

Радувај се, за сите нас на Бога се молиш!

Радувај се, свети Димитрие, славен Великомачениче и Чудотворче!

Кондак 1

Чудесен Војводо на градот Солун, голем угоднику Христов и славен,
подвижнику, Свети Димитрие, тебе, кој на светот му точиш миро на милост, ние те почитуваме и ти пишуваме пофалба, а ти имајќи слобода пред Господа, од секоја беда избави не’, за верно да ти воскликнуваме: Радувај се, Свети Димитрие, славен Великомачениче и Чудотворче!

 

 Извор:

ttps://pravoslavenmolitvoslov01.wordpress.com/2021/01/21/a%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%81%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B2-%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%87%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%B4%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%98-%D0%BC/

 

Image

 Ноември 2022 лето Господово

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3220
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7713
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная