логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

crkva.porta1a.jpg

Повеќето од нас влегуваат во ноќниот мир. Ќе ја оставиме на страна тежината на денот, уморот, грижите, напнатоста и загриженоста. Ќе го одложиме сето тоа на прагот од ноќта и ќе потонеме во ноќната темнина. Ние во оваа темнина сме незаштитени; во текот на овие ноќни часови само Господ може да нe прегрне во Својата прегратка. Тој има моќ да ги огради нашите срца од она што може да исплива од нашите сеуште неочистени, непросветени и неосветени длабочини. Тој има моќ да ги огради нашите мисли, нашите соништа, да ги спаси нашите тела. Ќе влеземе во овој ноќен спокој, но најнапред треба да се сетиме на оние кои влегуваат во ноќ полна со грижи.

 

Во болниците или во болничките соби има луѓе кои нема да заспијат затоа што нешто ги боли, затоа што се плашат, затоа што се грижат за саканите, од кои едни заедно со нив го носат бремето на нивната болест, а други ќе осиромашат со нивната смрт.

 

Има луѓе кои се во самотијата на затворските одаи; некои од нив се млади, и некаде надвор, позади ѕидините постои девојка која ја сакаат, или постојат нивните деца, нивните пријатели, постои слободата, постоела надеж, а сега не останало ништо.

 

Има и такви затвори во кои ноќите се ужасни, каде сега ќе почнат испрашувањата; тие траат долго во срцето на ноќта; некого ќе тепаат, некого ќе измачуваат. Тие ќе се вратат во своите самици, безсилни, и ќе влезат во денот во кој за нив нема утеха, туку само страв од новата ноќ која доаѓа. Сега над нив се затвара ноќта, страв го обзема нивното тело и нивната душа.

 

Освен тоа, постои во сите градови бучна ноќ, ноќ на кафаните, ноќ на хазардните игри, ноќ на пијаниците, ноќ во која дечките и девојките ќе ја изгубат чистотата, ноќ кога сопружниците, заборавајќи на љубовта, обземени само од желбата, ќе бидат груби еден кон друг.

 

Има луѓе кои ќе ја изгубат својата чест и на кои ќе им биде срам наутро да се разбудат. Има и такви кои сето тоа го користат, кои опиваат и соблазнуваат други, кои тргуваат со дрога, оние кои се смеат со демонска смеа, не сфаќајќи дека се решава нивната вечна судбина.

И има во оваа ноќ такви кои ќе застанат пред Бога; мајка покрај детската глава; жена или маж, покрај сопружникот кој умира.

Има такви кои ноќта ќе ја посветат на молитва. Во неа е и детето кое на единаесет години замина од Москва, велејќи му на мајка му: “Бог ме повикува да се молам во шумата”: поминаа веќе пет години; тоа е само во шумските густини, во снегот на лутата руска зима…

crkva.porta3.jpg

И уште колку, колку други!

 

Во оваа ноќ нема да заспие лекарот и медицинската сестра ќе се борaт со сонот.

 

Постои цел ноќен свет на живот и страдања, и надеж, и смрт… и радост, и Божествено присуство; сето тоа постои во оваа ноќ. Пред да се препуштиме на одморот, да Му заблагодариме на Бога за се што ни испраќа, и да го замолиме Тој, додека ние, заборавајќи на се, спиеме, да се сети на страдалните тела – на болните, проститутките, децата и старците; затворениците кои ги испитуваат, како и оние кои ги предале на испитување; оној кој ја користи туѓата слабост, како и оној кој е скршен во својата слабост; оној кој стои пред Бога во својата пламена борба помеѓу животот и смртта.

Нека ги спомене Бог сите во Своето Царство, и нека дојде мир, и простување и милост.

Нека самиот ужас стане не крај, туку нов почеток.

Нека се сети Оној Кој пред лицето на предавството го позна најголемиот ужас во Гетсиманската ноќ, на сите оние за кои оваа ноќ нема да биде ноќ на спокој и одмор.

 

Тој нека нe спомене и нас, ранливите и незаштитени: се препуштаме на Неговата рака со вера, и со надеж, во радост затоа што Го сакаме онолку колку што можеме, и што Тој нас не сака вклучувајќи го и Крстот и Воскресението. Амин

crkva.sumrak.dr1.jpg
Подготи: Михаила Поповска
 
 
Посети:{moshits}
 
 
 
 
 
 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная