логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TViTer173.s.Emilijan


КАКО ДА НЕ СЕ СТРАДА ОД ТОКСИЧНОСТА НА БЛИЖНИОТ
(Совети на стрецот Емилијан (Вафидис))


Зборот токсичност денес се употребува нашироко и насекаде: во статиите и објавите, во обичната, разговорна реч. “Токс”, “токсичен човек”, “токсични односи” – таквите форми можно е да се слушнат дури и кај воцрковените луѓе. А зборот некако одговара: самиот за себе говори, во буквалната смисла на зборот означува некоја мака, можност за предизвикување на труење, како база или киселина. Еве, на пример, оцетната киселина е нешто што е корисно во домаќинството но, ти сфаќаш дека со неа треба да се однесуваш задолжително со крајно внимание: не треба само да ја земеш и да пиеш, дури и не треба ни да ја помирисаш, ставајќи го носот во шишето.

Со оцетната киселина треба многу внимателно и грижливо, оти може и во болнички кревет да звршите. Исто е и со “токсичниот” човек. Ако се однесувате непредострожно, може да се разлее отров: критика, раздразливот, незадоволство од сите и се’. Понекогаш таквите луѓе самите, без особена дозвола, упаѓааат во вашиот живот. Ви делат секакви совети, го наметнуваат своето мислење и го обезвреднуваат сето она што ви е важно и драго.

Кога ќе искомуницираш со таков “токсичен” – цел ден си доаѓаш на себе: расположението ти е уништено, главата те боли, те мачат непријатни мисли. Веќе читаш некоја попатна статија за тоа, како да се заштитиш од тие луѓе, како да не се предаваш на емоциите или како на крајот од краевите, со сето тоа да живееш. А се даваат следните совети: да се бранат своите граници, да се управува со разговорот, да се контролира својата емоционална состојба и да не се навлегува во туѓите проблеми. Во краен случај советуваат да се оддалечиш, да ги сведеш средбите на минимум и ли сосема да не комуницираш.

    Најверојатно, од тој список е најлесно да се исполни последното: ако не ти се допаѓа дружењето – отфрли го човекот од својот живот. Но...не е се’ така еднозначно. Токсичен човек може да биде твојот колега од работа, со кој не сакаш да ги нарушиш односите или најблизок роднина. Та тогаш сакал – нејќел сепак ќе треба да истраеш во општењето. Но, тоа не се дава многу лесно, така што и од внатрешното напрегање, непријатните мисли, а понекогаш и од главоболка не избавува ниту бранењето на своите граници, ни обидот да се управува со разговорот. Тогаш на ум доаѓа една слика од Евангелието: кога Господ одел по земјата, тогаш Тој морал доста блиско да општи со разни луѓе.
Многумина од нив би можело да ги сместиме во категоријата токсични. Тие Негo го критикувлае, провоцирале, го мразеле, Му се смееле и Му причинувле многу неудобности но, Он бил спокоен и надворешно и внатрешно, и како одговор не се раздразнувал, не се навредувал, не искусувал внатрешна напнатост, не се мачел со помисли. Што и да се случело Он бил спокоен. Научете се од Мене, оти Јас сум кроток и смирен по срце и ќе најдете спокој на вашите души (Мт. 11,29) – говори Спасителот. Се чини, дека внатрешниот спокој не е сврзан со тоа, како се однесуваат луѓето со тебе: тоа е резултат на дејството на двете добродетели врз срцето – кротоста и смирението. А да се научиш на кротост е можно само преку прифаќањето на таквиот кој тебе ти е непријатен, “токсичен” ближен.
Современиот атонски старец, архимандритот Емилијан (Вафидис), во книгата “Да живее во Божјо присуство” има интересни кажувања по тој повод:


“Ти треба да ги примаш луѓето такви, какви што се. Ако сакаш да им ја измениш речта, нивниот живот, нивниот изглед, нивното срце, нивниот однос кон тебе, тогаш ништо нема да направиш.”
И уште:
    “Своеволниот и глупавиот човек е многу тешко да се понесе, тоа е вистина. Но, токму него треба да се научиме да го љубиме и трпиме, ако сакаш да стекнеш Свет Дух. Тогаш ќе бидеш споспобен да стекнеш мир на телото, душата и духот.”
Старецот исто така предупредува:
“Оние кои не можат да пронајдат согласие со ближниот и да го признаат, го губат душевниот спокој, почуваат да да оценуваат се’, што сами кажале или ним им било кажано, се навредуваат и бараат објаснувања... Тие попустo го губат времето на својот живот, набљудувајќи ги ближните и станувајќи нивни робови и нивен плен.”
Но, има уште потешки последници од неприфаќањето на ближниот, кога се’ во човекот – неговите дух, душа и тело – стапуваат меѓусебно во конфликт. Еве, што за тоа говори старецот:
“Во онаа минута, во која ќе возникне и најмалото колебање во твоите односи со ближните, дури и едно мало противење, бунтување, осудување, обвинување на ближниот, токму тогаш ти ја губиш рамнотежата и се потресува сето твое суштество. Твоето здравје почнува да слабее, ти венееш, страдаш од разни болести: те боли глава, желудец, појас, срце. Нозете почнуваат да се вкочануваат, одземаат. Ти се чини дека сите челнови на твоето тело ти се спротиставуваат. Очите се помрачуваат, како што говори Давид (сп. Пс. 37,11), те болат, видот се намалува, затоа што не си можел да го сочуваш мирот со ближните.”
Сево ова е многу важно да се разбере. Доаѓа, дека твојот ближен не е виновен за твоето лошо самочувствие, дури и да се понел кон тебе грубо и неправедно, одговорил со гнев или ти досадувал. Тој се однесувал токсично но, проблемот е во тебе: ти не си можел да го примиш во тој момент. Дури и да си го задржал надворешното спокојство, сепак можно е, внатрешно, во своето срце, да го обвинил, или осудил. Од таа причина си ја изгубил молитвата – врската со Бог, си се оддалечил од него, и затоа страдаш.  
Во “Душеполезните поуки” на ава Доротеј има еден многу силен пример. Тој предлага да си замислиш круг, нацртан на земјата. Најдете го центарот и од него нацртајте линии, кои одат кон кружницата. Кругот – е светот, центарот – е Бог, а радиусите – патишта на човечките животи. Ако човекот се приближува кон Бог, тој се приближува и до другите луѓе: колку сме поблиску до другите луѓе, толку сме поблиску до Бог, и обратно.   
Да се прифати човекот – значи да му се дозволи нему, да биде онаков, каков што тој е. Бесцелно е да се очекува учтивост од груб човек: тој не умее да биде учтив, а човекот кој е своеволен нема да се прилагоди на тебе. Старецот Емилијан Вафидис тоа го објаснува поподробно:
“Кога ближниот ќе ја отвори својата уста, тој нема да говoри со тебе онака како што ти заслужуваш но, соодветно на тоа, што тој има во срцето. Ако му е тешко, ако е груб човек, невоспитан, необрезан по срце, жесток, без љубов, без Дух, без Бог, на таков начин тој ќе зборува со тебе.”
Каде и да се наоѓа човекот, каде и да појде, тој ја носи со себе својата човечка природа, која е пленета од гревот. Зарем е можно да се очекува од луѓето, тие да бидат идеални? Може да се случи еден ист човек денес да те уважува, а утре да се однесува со презир. Не треба да се чудиме на тоа. Сето внимание од другите луѓе неопходно е да го усмериме само на себе. Ти самиот однесувај се правилно и набљудувај, што се случува во твоето срце кога ќе се соочиш со луѓето. Во однос со ближните старецот Емилијан предлага да се пројави.....милосрдие, да се покаже милост. За тоа тој вака говори:
         “Милостињата е добродетел, кооја ми помага мене да не ги приметувам, да не ги гледам страстите на човекот, неговите гревови, немоќи и во тој случај јас го љубам, ја признавам неговата светост, односно признавам, дека тој припаѓа на телото, кое има Света Глава но, притоа јас од тој човек ништо не очекувам. Нека прави што сака, нека зборува, што сака. Доколку како одговор на мојот поздрав тој ме навреди, избрка, понижи, проколне тогаш јас нема да почнам да го судам, нема да му дадам значење на неговото однесување. Кога ти не ги гледаш и не ги приметуаш погрешките на ближниот, тогаш тебе те интересираат само твоите гревови, за кои ти бараш прошка од Бог.”
     “Тоа што ближниот се понел лошо, грубо, те оклеветил, тоа значи дека тој страда, тој е три пати понесереќен и потребно му е да се сожалиш на него. Доволна му е  сопствената судбина, сопствената тага и болка. Доколку и ти го огорчиш него со својата суровост и противречење та дури и само во срцето да си помислиш на тој начин, гневот ќе падне на тебе, а не на тој несреќник, страдалец – него можеби Бог ќе со спаси.”  
Ако го посматраме ближниот онака, како што советува старецот, веќе и самиот јазик не се осмелува да го нарече него “токсичен”. Подобро би било да се каже, дека тој е несреќен, ист таков грешник, како и ти.
Неопходно е постојано да бидеме подготовени за тоа, дека ближните нема престанат да бидат за нас искушение. Но, сето она што тие ќе го кажат, и она како ќе се обраќаат со тебе – сето тоа тебе ти е потребно. Преку еден човек ти ќе се научиш на трпение, преку друг – на простување, третиот ќе ти помогне да бидеш кроток. Кога ти најнакрај ќе се смириш и ќе најдеш сили да ги прифатиш луѓето со сите нивни немоќи, тогаш нема да се вознемируваш за тоа како со тебе постапуваат. На тој начин ти ќего најдеш долгоочекуваниот мир и спокој.  

 

Април 2022 лето Господово

 Извор:

https://pravoslavie.ru/143861.html?fbclid=IwAR30OQlZ89Q56Hyq5lQ6Q07SwpX_DKYx5Ke6Diigk9R9HqzhzIxYRdJ1azk
Подготви: М. Б.
 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная