логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Bogorodica.f.Matka

         Акатистот кон Пресвета Богородица е една длабока и молитвена творба во која се славослови Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија. Тој е една од највозљубените служби во Православната Црква. Напишан е во царскиот град, „градот на Пресветата“. Самиот збор „акатист“ значи неседален, односно – додека се стихослови, од верните се очекува да стојат простум во знак на почит и благодарност кон Мајката Божја. Составен е од 24 дела (станци) уредени во акростих според грчката алфавита. Кон овој број во 626г., по избавувањето на Константинопол од наездата на непријателите, додаден е и воведниот кондак „Тебе Богородице, Војвотко…“. Станците се делат на кратки (напишани прозаично, кои завршуваат со пеење „Алилуја“) и долги (кои завршуваат со припевот „Радувај се, Невесто Неневесна!“). По овој модел се напишани и другите акатисти.

Тематски, првиот дел од Акатистот е посветен на Благовештението. Се пее за посетата од Архангелот Гавриил, зачуденоста што ја покажала Пресветата, нејзината посета на Елисавета и сомнежот на светиот и праведен Јосиф. Вториот дел го воспева Рождеството Христово, поклонувањето на пастирите и мудреците, бегството во Египет и Сретението на св. Симеон Богопримец во Храмот. Третиот дел го насочува нашето внимание кон обновувањето на светот со Христовото пришествие, вчудовиденоста на ангелите и немоќноста на луѓето достојно да ја искажат пофалбата кон Пресветата. Четвртиот, и последен дел се состои од лирско-реторски хвалоспеви кон Богородица преку кои верниот народ повторно го проси нејзиното застапништво.

Петоците од Великата Четириесетница се посветени на совршување на Акатистот кон Пресвета Богородица, за време на Малото повечерие. Ова читање е поделено на четири дела. Првите четири петоци од Постот се читаат четирите дела одделно (првиот – во првата седмица, вториот во втората итн.), а петтиот петок се служи Акатисно бдение – Похвала на Пресвета Богородица, кога се чита целиот Акатист.

КОНДАК 1

Тебе Богородице, Поборнице, Војвотко, ние, слугите Твои од зло избавени, песни пофални Ти воспеваме. Но Ти, Која крепост имаш непобедлива, од секоја беда ослободи нѐ, да повикуваме: Радувај се, Невесто Неневестна!

ИКОС 1

Икос 1 Икос 1 Ангел претстател од небесата беше испратен на Богородица да ѝ рече ‘Радувај се!’ И со глас бесплотен, гледајќи Те како се воплотуваш, Господи, во ужас стоеше воскликнувајќи ѝ: Радувај се, низ Тебе радоста заблеска. Радувај се, низ Тебе клетвата исчезна. Радувај се, на паднатиот Адам исправување. Радувај се, на Ева од солзите избавување. Радувај се, висино, и за помислите човечки недостижна. Радувај се, длабочино, ни за очите ангелски несогледлива. Радувај се, зашто царски престол Си. Радувај се, зашто Го носиш Носителот на сѐ. Радувај се, ѕвездо Која Сонцето Го објавува. Радувај се, утробо на Божественото воплотување. Радувај се, низ Тебе тварта се обновува. Радувај се, низ Тебе на Творецот Му се поклонуваме. Радувај се, Невесто Неневестна!

КОНДАК 2

Гледајќи се Светата Себеси во чистота, смело на Гавриила му прозборе: Преславниот твој глас неразбирлив е за душава моја, зашто за рождество низ бессемено зачнување зборуваш воскликнувајќи: Алилуја!

ИКОС 2

Сакајќи да го разбере недостижното за разумот, Дева кон Тајнослужителот повика: ‘Кажи ми како е можно Син од чиста утроба да се роди?’ Икос 2, Кондак 3 Икос 2, Кондак 3 А тој со страв одговори ова велејќи ѝ го: Радувај се, на Советот неискажлив Тајнице. Радувај се, на оние молчание што бараат Веропазителке. Радувај се, на чудата Христови Началнице. Радувај се, на повеленијата Негови втемелителке. Радувај се, лествицо небесна по Која Бог слезе. Радувај се, мосту што земните на небо ги возведуваш. Радувај се, чудо многусловено од ангелите. Радувај се, многуоплакан поразу на демоните. Радувај се, Светлоста надумна Си ја родила. Радувај се, начинот никому не Си му го открила. Радувај се, Ти Која мудрите со разум ги надминуваш. Радувај се, Ти Која верните со смисла ги просветлуваш. Радувај се, Невесто Неневестна!

КОНДАК 3

Силата на Севишниот за зачнување Ја осени Неискусобрачната, и плодната утроба Нејзина нива беспрекорна стана за оние што спасение сакаат да жнеат, пеејќи непрестајно: Алилуја!

ИКОС 3

Икос 3 Икос 3 Имајќи Дева утроба Богоисполнета при Елисавета поита; а младенецот Елисаветин,познавајќи го поздравот Нејзин се зарадува,и со игра како низ песна на Богородица ѝ воскликна: Радувај се, лозо со Ластар несовенлив. Радувај се, на плод бесмртен стекнување. Радувај се, Сотворителке на Творецот човекољубив. Радувај се, Ти, Која Насадителот на нашиот живот го роди. Радувај се, ниво која обилниот плод на штедроста Го раснеш. Радувај се, Трпезо Која обилно очистување носиш. Радувај се, зашто рајската сладост ја расцутуваш. Кондак 4 Кондак 4 Радувај се,на душите пристан им приготвуваш. Радувај се,преслатко молитвено кадење. Радувај се, на сиот свет очистување. Радувај се, кон смртните Божјо благоволение. Радувај се, на смртните кон Бога дерзновение. Радувај се, Невесто Неневестна!

КОНДАК 4

Имајќи во себе бура на помисли сомневачки, целомудрениот Јосиф се збуни гледајќи Те, неискусобрачна, за тајнобрачна мислејќи Те, Тебе, пренепорочна; кога дозна дека од Светиот Дух е Твоето зачнување, рече: Алилуја!

 

 



Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/akatistot-niz-freski-1-6-stanci/

 

 

https://www.google.com/search?q=%D0%90%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%82+%D0%BD%D0%B8%D0%B7+%D1%84%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B8:+%D0%BF%D1%80%D0%B2+%D0%B4%D0%B5%D0%BB&client=firefox-b-d&sxsrf=AOaemvIlddr2UcLmWr0M7jn_L_fZaR9a4Q:1630033845131&tbm=isch&source=iu&ictx=1&fir=1Kt2dgrIfFvVTM%252CqrbXc8jMGzKvOM%252C_&vet=1&usg=AI4_-kQ_Bk5_GO4oV8dJzgLlZz7ibD3eGg&sa=X&ved=2ahUKEwid6L2indDyAhVjgP0HHfnBD4kQ9QF6BAgMEAE#imgrc=LO3ugHmXqn4QhM

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

http://pravoslavie.mk/akatistot-niz-freski-1-6-stanci/



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2136
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2155
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 596
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/05/2026 -сабота

Светиот апостол Симон Зилот; Светите маченици Алфеј, Филаделф и Кирин; Преподобна Исидора Јуродива; Блажената Таиса;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

  Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната...

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован  21 мај / 8 мај 2026

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 21 мај / 8 мај 2026

Благочестива усто на откровението, на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,да знаеме и да веруваме, да...

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная