логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


УТРЕНА
На Бог Господ: тропар, глас 2:
Набожниот Јосиф, кога од крстот го симна Твоето пречисто тело, со плаштаница чиста го завитка, и со мириси го прекри, во нов гроб го положи.
Слава: Кога си слегол кон смртта, Животе бесмртен, тогаш си го умртвил адот со болскотот на Божеството; а кога и умрените си ги воскреснал од бездните, сите сили небесни Ти викаа: Жизнодавче, Христе Боже наш, слава Ти.
И сега: Кога застана пред гробот, ангелот им викаше на жените мироносици: Мирисите им приличат на мртвите, а Христос му се покажа туѓ на распаѓањето.
ПРВА СТАТИЈА
Глас 5.
По кадењето, почнува
ВТОРА СТАТИЈА
Додека свештеникот кади, ја почнуваме
ТРЕТА СТАТИЈА
Глас 8.
Потоа тропарот, на глас 5: Ангелскиот собор: со припевот: Благословен си, Господи: (Во Часослов).
Мала ектенија и возглас
Зашто Ти си Цар на мирот, Христе Боже наш, и Тебе слава Ти вознесуваме, со беспочетниот Твој Отец, и со Пресветиот и благ и животворен Твој Дух; сега, и секогаш и во вечни векови. Амин.
Потоа го пееме седалниот на денот, глас 1.

 

Подобен: Гробот Твој:
Јосиф, откако го испроси од Пилата чесното тело, со чиста плаштаница го завиткува, и со божествени мириси го миропомазува и во нов гроб го полага. Затоа жените мироносици, откако поранија, извикаа: Покажи ни го, Христе, воскресението, како што си претскажал.
Слава: Покажи ни го, Христе, воскресението, како што си претскажал.
И сега: Се исплашија хоровите ангелски, гледајќи Го Оној што седи во прегратките на Отецот, како Бесмртниот се полага во гроб како мртов, како ангелските чинови Го окружуваат и со мртвите во адот Го слават, како Создател и Господ!
Евангелие според Матеј, зачало 114 (27, 62-66). Откако го видовме Христовото воскресение: не читаме, но веднаш псалм 50. Потоа, канонот: Од првата до шестата песна се дело на Марко монахот, а од шестата песна до крајот – на св. Козма, глас 6.
Песна 1
Ирмос: Некогаш Господ го потопи во морето фараонот, а спасените момчиња го скрија под земјата гонителот мачител. Но ние, како деца на искупениот народ, да му пееме на Господа, зашто славно се прослави.
Господи Боже мој, Ти пеам песна проштална и погребна, Тебе, Кој со Твоето погребение ми ги отвори вратите на животот и, со смртта – смртта и адот ги уништи.
Спасителу мој, Кој си горе на престолот, и долу во гробот, со Твојата смрт ги потресе и небесните и подземните сили, созерцавајќи ја надумната глетка – на мртвиот Создател.
Си слегол во долните места, за да исполниш сѐ со Твојата слава: од Тебе не се скри мојата падната природа од Адама. Но, погребан, ме обновуваш мене изгниениот, Човекољупче!
Песна 3
Ирмос: Кога тварта Те виде како висиш на лобното (место), Тебе, Кој сета земја ја обеси на водите, од голем ужас трепереше, викајќи: Никој не е свет како Тебе, Господи!
Умножувајќи ги чудесата, Ти ни ги покажа символите на Твоето погребение; а сега богочовечки си им ги открил тајните на жителите на адот, кои викаат: Никој не е свет како Тебе, Господи!
Си ги раширил рацете, и си ги соединил некогаш разделените; а завиткан во плаштаницата и во  гробот, Спасителе, си ги ослободил окованите кои викаат: Никој не е свет како Тебе, Господи!
Ти, Кој си несместлив, доброволно си задржан во гробот и со печатите; зашто силата Твоја си ја покажал во дејствата, на оние што пеат богодејствено: Никој не е свет како Тебе, Господи!
Седален, глас 1: Војниците што го чуваа гробот Твој, Спасителе, од страв премреа од болскотот на ангелот што се јави, кој на жените им проповедаше воскресение. Те славиме Тебе – уништувачот на смртта; Тебе Ти се поклонуваме, Кој воскресна од гробот, и единствениот наш Бог.
Слава, и сега: исттиот.
Песна 4
Ирмос: Предвидувајќи го Твоето божествено понижување на крстот, (пророкот) Авакум зачуден викаше: Ти си ја пресекол моќта на силните, Благи, слегувајќи при оние во адот, како сесилен.
Денес си го осветил седмиот ден, што некогаш си го благословил со починот од Твоите дела, зашто, празнувајќи ја саботата, Спасителе мој, Ти го водиш и обновуваш сето создание.
Со Твојата победа, Слове, Твојата душа беше разделена од телото, раскинувајќи ги со Твојата моќ оковите и на смртта и на адот.
Кога Те сретна адот, Слове, се исполни со горчина, гледајќи човек обожен, прекриен со рани и сесилен. При таа страшна глетка, тој погина.
Песна 5
Ирмос: Исаија кога ја виде незаодната светлина, што нам милостиво ни се откри со Твоето Богојавление, Христе, од ноќта поранувајќи, викаше: Ќе воскреснат мртвите и ќе станат оние во гробовите, и ќе се зарадуваат сите родени на земјата.
Ја обновуваш природата на земните, Создателу, примајќи тело од прав; плаштаницата и гробот го откриваат она што е во Тебе тајно, Слове, а набожниот советник ја претставува намерата на Твојот Отец, Кој во Тебе чудесно ме обновува.
Со смртта го преобразуваш смртното, а со погребението гнилежното го претвораш во негнилежно, и со Твоето Божество нѐ извлекуваш од бездната, зашто Твоето тело, Владико, не виде распаѓање, ниту Твојата душа беше оставена во адот странец да биде.
Кога се роди од Безбрачната, и прободен во ребрата, Создателу мој, од неа си го извршил обновувањето Евино, а како нов Адам, кога натприродно заспа со природен сон, и животот го подигна од сонот и распаѓањето, како Сесилен.
Песна 6
Ирмос: Јона беше фатен, но не беше задржан во утробата китова, зашто го носеше образот на Твоето страдање и погребение; затоа од ѕверот излезе како од брачна одаја, викајќи им на војниците кои ги пазеа овие суетни и лажни работи: Оваа милост сте ја оставиле.
Си бил биен, Слове, но не си се разделил од телото што си го примил; иако за време страдањето беше разорен храмот Твој, и тогаш божеството остана соединето со плотта Твоја, зашто и во двете си единствениот Син, Слово Божјо, Бог и Човек.
Гревот Адамов беше човекоубиствен, а не Богоубиствен; иако пострада земната природа на Твоето тело, Божеството остана нестрадално. Распадливото си го претворил во нераспадливо и со Твоето воскресение ни го покажа изворот на бесмртноста.
Адот царува над родот човечки, но неговата власт не е вечна. А кога легна во гробот, Сесилен, со Твојата животворна рака, си ги скршил клучевите на смртта, и на оние што од вечноста таму спиеле, Ти им го проповедаше вистинското избавување, Спасителе, Кој си првенец од мртвите.
Кондак, глас 6: Оној што некогаш ја затвори бездната, сега мртов се гледа и, завиткан во смирна и плаштаница, Бесмртниот како смртен во гроб се полага; а жените, плачејќи горчливо, дојдоа да Го помазат со миро, викајќи: Оваа сабота е најблагословена, зашто во неа Христос, заспа, по три дена ќе воскресне.
жените, пак, викаат: Оваа сабота е најблагословена, зашто во неа Христос, заспа, по три дена ќе воскресне.

 


Синаксар
Стихови:
Попусто го чуваш гробот, стражо,
Зашто тој не може да го задржи самиот Живот.


Во светата и Велика Сабота го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, Кој нашиот род од распадливост го повика кон вечен живот. Светата Четириесетница е поголема од сите други денови, а од неа, пак, е поголема оваа света и Велика седмица; а од Великата седмица повторно најголема е оваа света и Велика сабота. А Велика седмица се именува не затоа што има повеќе денови или часови, туку затоа што во неа се случија големи и натприродни чудеса и извонредни дела на нашиот Спасител, особено денес. Како што при првото создавање на светот, откако го заврши сето Свое дело, особено откако го создаде човекот во шестиот ден, во седмиот ден Бог отпочина од сите Свои дела, го освети и го нарече сабота, што значи одмор, така и во создавањето на духовниот свет, откако на извонреден начин создаде се, откако во шестиот ден го пресоздаде распадливиот човек и го обнови со живоносниот Крст и со смртта, во овој седми ден повторно се одмори и, по завршените дела, заспа со животворен и спасителен сон.

Впрочем, Словото Божјо со телото слезе во гробот, а во адот се спушти со Својата нераспадлива и божествена душа која во смртта се раздели од телото и ја предаде во рацете на Отецот, Кому ја принесе и Својата крв, а која е нашето спасение, иако Он немаше потреба да го бара тоа. Поради тоа душата на Господа не беше задржана во адот, како душите на другите светии. Па како би била и задржана, кога таа воопшто и не потпаѓаше под прародителската клетва, како другите. Нашиот непријател ѓаволот, иако не задржуваше, не можеше да ја земе крвта по цената на која ние бевме искупени. Та, како ѓаволот, тој разбојник, би можел да Го задржи, бидејќи Христос не беше само од Бога, туку беше Самиот Бог? Меѓутоа, Господ наш Исус Христос се всели во гробот со Своето тело и со Своето божество кое беше тесно соединето со телото. Беше во рајот со разбојникот и, во исто време, беше во адот, како што се вели, со Својата обожена душа. Со Својата, пак, божествена природа Он седеше заедно со Отецот и со Светиот Дух, а како Бог неопислив беше насекаде, зашто божеството беше нестрадално ни во гробот ниту на крстот. Секако, телото Господово требаше да претрпи и смрт, односно разделување на душата од телото, но не и распаѓање, односно целосно разурнување на телото и на неговите членови.

Но Јосиф, откако го симна светото тело на Господа, Го погреба во нов гроб, близу во градината, и на влезот од гробот стави огромен камен, бидејќи Јудеите, по петокот, отидоа кај Пилат и му рекоа: „Господару, се сетивме дека оној измамник, додека беше жив, рече: По три дена ќе воскреснам. Мислиме дека е добро твојата власт да и нареди на војската да го чува гробот". Пилат одговори: „Ако е измамник, тогаш зошто се грижите за неговите зборови додека бил жив, бидејќи тој, ете, несомнено е мртов?" А, кога Тој рекол дека ќе воскресне? Се чини дека тие дошле до тој заклучок од поуката за Јона. Но, секако, ако гробот биде чуван, нема да го украдат. Безумници!!! Тие не беа сфатиле дека тоа што го правеа наскоро ќе се сврти против нив! Кога Пилат наредил, тие самите поставиле војничка стража и грижливо со печат го утврдиле гробот, за да не можат да речат, со клевети, дека воскресението на Господа се случило без стража и без печати, со измама.

Но отсега адот отстапува и се избезумува чувствувајќи поголема сила; и наскоро ќе Го исфрли Оној што неправедно беше Го проголтал - Христа, најтврдиот аголен камен, како и сето она што од памтивек го проголтал и ставил во својата утроба.
Со Твоето неизкаживо снисходење, Христе Боже наш, помилувај не. Амин.

Песна 7
Ирмос: О, неискажливо чудо! Оној што во печката ги избави од пламенот преподобните момчиња, во гроб мртов без дишење се полага, за спасение на нас кои пееме: Избавителу, Боже, благословен си.
Адот е ранет во срцето, кога Го прими ранетиот со копје во ребрата, и воздивнува согоруван од божествениот оган, за спасение на нас кои пееме: Избавителу, Боже, благословен си.
Богат е гробот, зашто во себе Го прима Создателот, како оној што спие, и се покажа како ризница на божествен живот, за спасение на нас кои пееме: Избавителу, Боже, благословен си.
За да му се потчини на законот на умрените, Животот на сите прима полагање во гроб, и го покажува како извор на воскресение, за спасение на нас кои пееме: Избавителу, Боже, благословен си.
Божеството Христово се покажа неразделено од Отецот и Духот и во адот, и во гробот, и во рајот, за спасение на нас кои пееме: Избавителу, Боже, благословен си.
Песна 8
Ирмос: Небото од страв нека трепери и нека се затресат темелите на земјата, зашто, ете, меѓу мртвите се вбројува Оној што живее во висините, и во мал гроб како странец се прима; Него, млади момчиња, благословете Го, свештеници, запејте Му; луѓе, превозносете Го во сите векови.
Пречистиот Храм се разурна, но Тој ја подигна паднатата скинија, зашто вториот Адам, кој живее во висините, слезе дури до адовите скривалишта, за да го крене првиот (Адам). Него, млади момчиња, благословете Го, свештеници, запејте Му; луѓе, превозносете Го во сите векови.
Храброста на учениците престана, а храбар се покажа Јосиф од Ариматеја, зашто, гледајќи Го мртов и необлечен Оној Кој е Бог над сите, Го бара и го погребува, викајќи: Млади момчиња, благословете Го, свештеници, запејте Му; луѓе, превозносете Го во сите векови.
О, чудеса нови! О, добрино! О, трпение неискажливо! Зашто Оној што живее во висините, доброволно под земјата се запечатува, и самиот Бог е клеветан како измамник. Него, млади момчиња, благословете Го, свештеници, запејте Му; луѓе, превозносете Го во сите векови.
Песна 9
Ирмос: Немој да редиш за мене, Мајко, за Синот што Го зачна во утробата бессемено, зашто ќе воскреснам и ќе се прославам и, како Бог, со слава ќе ги вознесам оние што со вера и љубов те величаат.
Во чудесното Твое раѓање, беспочетен Сине, откако натприродно ги избегнав болките, бев среќна. А сега, Боже мој, гледајќи Те мртов без дишење, оружјето на тагата луто ме пронижува, Но воскресни, за да се возвеличам.
Земјата Ме покрива по Моја волја, но адските чувари се плашат од Мене, гледајќи Ме облечен во крвава облека на одмаздата, зашто, откако на крстот, како Бог, ги поразив непријателите, пак ќе воскреснам и ќе те возвеличам.
Тварта нека се радува! Нека се веселат сите родени на земјата, зашто адот непријател е запленет. Жените мироносици нека Ме помазат; прародителите Адам и Ева ги избавувам и во третиот ден ќе воскреснам.
Егзапостилар, глас 2: Свет е Господ, нашиот Бог: (3-пати)
На хвалитни стихири земаме 4 стиха,
и ги пееме самогласните стихири, глас 2.
Денес гробот Го држи Оној што со рацете тварта ја држи; камен Го покрива Оној што небесата со добродетел ја покрива; спие Животот, а адот трепери и Адам од оковите се ослободува. Слава ѝ на Твојата промисла, Боже, со која, откако го исполни сиот вечен покој, ни го дарува Твоето сесвето воскресение од мртвите.
Што е ова што го гледам? Какво е ова упокоение? Царот на вековите, Кој со страдањето ја исполни промислата, во гробот саботно се одмора, давјќи ни нова сабота. Нему да му запееме: Воскресни, Боже, и суди ѝ на земјата, зашто Ти царуваш во вековите, Кој имаш неизмерна милост голема.
Дојдете да го видиме нашиот Живот, Кој во гроб лежи, за да ги оживи оние што лежат во гробовите. Дојдете денес да го видиме лавот од Јуда како спие, и пророчки да Му запееме: Кој ќе Те подигне, Цару, Кој лежиш и спиеш како лав? Но воскресни самовласно, Господи, Кој, себе се даде за нас доброволно, Слава Ти.
Глас 6: Јосиф го побара телото Исусово и во својот нов гроб го положи, зашто Му приличеше од гробот како од царска одаја да излезе. Господи, Кој силата на смртта ја скрши и рајската врата на луѓето им ја отвори, слава Ти.
Слава: Денешниов ден големиот Мојсеј таинствено го предвидуваше, говорејќи: И Бог го благослови седмиот ден; ова е блгосовената сабота; ова е денот на починот, во кој се одмори од своите дела Единородниот Син Божји, Кој телесно пострада заради наше спасение и, откако се врати таму каде што беше, со воскресението, ни дарува живот вечен, како единствен добар и Човекољубец.
И сега: богородичен, глас 2: Преблагословена си, Богородице, Дево:
Славословие големо. Свештеникот, пак, се облекува во сета свештеничка одежда и влегува со светото Евангелие. По Трисвето, свештеникот вели: Да внимаваме! Мир на сите. Премудрост. А ние го пееме тропарот Набожниот Јосиф: еднаш.
И го кажуваме тропарот на пророштвото, глас 2.
Христе, Кој ги држиш краиштата на светот, доброволно си прифатил да бидеш држан од гробот, за да го избавиш човештвото од проголтувањето адово и, како Бог бесмртен, откако ќе воскреснеш, и нас да нѐ оживиш.
Потоа прокимен, глас 4: Воскресни, Господи, помогни ни, и избави нѐ заради Твоето име. Стих: Боже, со нашите уши слушнавме и татковците наши раскажаа.
Од пророштвата на Језекил (37, 1-14), читање:
И би раката Господова врз мене и Господ ме изведе преку духот, ме постави среде полето – а тоа беше полно со коски, и ме проведе околу нив, а таму имаше многу, многу коски во полето и тие беа наполно суви. И ми рече: „Сине човечки, ќе оживеат ли овие коски?” И реков: „Господи Боже, Ти го знаеш тоа.” Па ми рече – изречи пророштво за тие коски и кажи им: „Коски суви, чујте го словото Господово!” Така им вели Господ Бог на оние коски – еве, Јас ќе внесам во вас дух и вие ќе оживеете. Ќе ви дадам жили, ќе направам на вас да израсне месо, ќе ве покријам со кожа и ќе вдахнам во вас дух, па ќе оживеете и ќе познаете, дека Јас сум Господ. – Јас го изреков ова пророштво како што ми беше заповедано, и кога пророкував, се чу шум, и, ете, движење, па почнаа коските да се зближуваат, секоја коска до својата коска. И видов, ете, имаше жили на нив, и месо израсна, кожа ги покри одозгора, но дух немаше во нив. Тогаш Он ми рече – изречи пророштво за духот, изречи пророштво сине човечки, и кажи му на духот, вака вели Господ Бог: дојди од четирите ветра, духу, и дувни врз овие убиени и тие ќе оживеат. И јас го изреков ова пророштво како што ми заповеда Он и влезе во нив дух – и тие оживееја и се исправија на нозете свои – многу, многуброен народ. Тогаш Он ми рече – сине човечки, овие коски се сиот дом Израилев. Ете, тие велат: „Се исушија нашите коски, и загина нашата надеж – ние сме истргнати од коренот.” Затоа изречи пророштво и кажи им – вака вели Господ Бог: „Еве, Јас ќе ги отворам гробовите ваши и ќе ве изведам, народе Мој, од гробовите ваши и ќе ве воведам во земјата Израилева. И ќе познаете, дека Јас сум Господ, кога ќе ги отворам гробовите ваши и ќе ве изведам, народе Мој, од гробовите ваши. Ќе вдахнам во вас од Мојот дух и ќе оживеете, ќе ве населам во вашата земја, па ќе познаете дека Јас, Господ, го реков тоа, и го извршив, вели Господ.”
Прокимен, глас 7: Воскресни, Господи, Боже мој, нека се издигне раката Твоја, не заборавај ги бедните Твои до крај. Стих: Те прославувам, Господи, од сѐ срце, ги кажувам сите чудеса Твои.
Апостол, до Коринтјаните (1. КОр. 5, 6-8; Гал. 3, 13-14),
Зачало 133 и зачало 206:
Браќа,  малку квас го потквасува целото тесто? Затоа, очистете го стариот квас, та да бидете ново тесто, како што сте бесквасни; оти Христос, Пасхата наша, се закла за нас. Па да празнуваме не со стар квас, ниту со квас од злоба и лукавство е знаете ли дека малку квас го потквасува целото тесто?  Христос нè искупи од клетвата на Законот, откако поради нас стана клетва, бидејќи е напишано: „Секој да е проклет што виси на дрво!”, та благословот на Авраама да се распространи над незнабошците, за да Го добиеме ветениот Дух преку верата.
Алилуја, глас 5: Нека воскресне Бог, и нека се распрснат непријателите Негови и нека бегаат од лицето Негово сите што Го мразат Него. Стих: Како што исчезнува димот, нека исчезнат, како што се топи восокот од лицето на огнот. Стих: Така нека загинат грешниците од лицето Божјо, а праведниците нека се развеселат.
Евангелие според Матеј, зачало 114 (27, 62-66). Потоа ектенијата: Да речеме сите: И остатокот како и обично. Да ја исполниме нашата утринска молитва: И отпуст.


Потоа се целива плаштаницата, а каде што нема плаштаница – иконата. Пејачите ја пеат стихирава, глас 5.
Дојдете да го пофалиме секогаш споменуваниот Јосиф, кој ноќе дојде при Пилата, и Животот на сите од него Го побара: Дај ми го овој туѓинец, Кого лукавиот ученик на смрт Го предаде. Дај ми Го овој странец, Кому Неговата Мајка, гледајќи Го како виси на крстот, редејќи Му викаше и мајчински Му воскликнуваше: Тешко мене, Чедо мое! Тешко мене, Светлино моја! И Рожбо моја возљубена! Зошто денес се исполни она што во храмот (старецот) Симеон го претскажа: Моето срце меч го прободе, но плачот го претвори во радост на воскресението. Се поклонуваме на Твоите страдања, Христе, се поклонуваме на Твоите страдања, Христе, и на светото воскресение.
Прв час се пее во припрата. Трети, Шести и Деветти час, како и Изобразителна се пеат во свое време, заедно во припратата.

 

 

 

Извор: ПОСЕН ТРИОД
Издавач: МПЦ Црква Св. Петка-Мил Парк, Викторија- Австралија и Австралиско- новозеландска епархија и Преспанско- пелагониска епархија
Превод: преводот и препев од црковнословенски јазик, го направи   д-р Јован Таковски

Извор: ПОСЕН ТРИОД

Подготви: Светланка Трајчева

Друго:

На Твоите ученици си им рекол, Благи: Бидете будни, оти не знаете во кој час ќе дојде Господ, за да суди секому (според неговите дела).

 

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7719
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная