логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

ВЕЛИКА ИЛИ СТРАСНА СЕДМИЦА
СВЕТИОТ И ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК


УТРЕНА

            По Шестопсалмие пееме: Алилуа: и го пееме тропарот бавно и велегласно, и со слатко пеење. Глас 8.
Ете, Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е слугата што ќе го најде буден, а недостоен ќе биде оној што ќе го најде да дреме. Затоа пази, душо моја, сонот да не те притисне, и на смрт да не бидеш предадена, и вратите на Царството да не се затворат пред тебе, но разбуди се, викајќи: Свет, Свет, Свет си, Боже, по молитвите на Богородица, помилуј нѐ.
По прво стихословие, седален, глас 1.
Подобен: Гробот Твој:
Чесните страдања на овој ден како светила совршени му светат на светот, зашто Христос, Кој со Својата рака држи сѐ, со добрина доаѓа да пострада и прифаќа да се распне на дрво, за да го спаси човекот.
Слава, и сега: исто.
           По второ стихословие седален, глас 1. Подобен:
Невидлив Судијо, си бил виден во тело, и доаѓаш да бидеш убиен од луѓе беззакони, Ти, кој со Своето страдање го осудуваш нашето осудување. Затоа, Слово Божјо, заедно Те славиме и едногласно пееме: Чест и слава на Твојата сила.
Слава, и сега: исто.
          По трето стихословие, седален, глас 8.
Подобен: Слово на премудроста:
Денот што доаѓа го осветлува почетокот на страдањата Господови. Дојдете, празникољупци, со песни да Го пресретнеме, зашто Создателот доаѓа да прими крст навреди и рани, суден од Пилата. Затоа да Му повикаме: Човекољупче, Христе Боже, дај им прошка на гревовите, на оние што со вера се поклонуваат на Твоите пречисти страдања.
Слава, и сега: исто. Потоа читање од Евангелието по Матеј со толкување. И словото на св. Јован Златоуст за исушената смоковница. И словото на св. Јован Дамаскин за исушената смоковница, и за параболата за лозјето. Евангелие по Матеј, зачало 84 (21, 18-43). Потоа псалм 50, потоа: Спаси ги, Боже, луѓето Твои: Господи, помилуј: (12-пати).
Трипеснец, творба на господин Јосиф. Ирмос по двапати, тропари на 12.
Припев: Слава Ти, Боже наш, Слава Ти: (Овој припев и во целата седмица). Најпосле ирмос, глас 2.


Песна 1
Ирмос: Да Му пееме на Господа, Кој непроодното разбранувано море со Својата заповед го исуши, и го упати еврејскиот народ пеш низ него да мине, зашто славно се прослави.
Неискажливото снисходење на Божјото Слово, на учениците им покажа дека Христос е и Бог и човек, Кој иако прима облик на слуга, не престана да биде Бог, зашто славно се прослави.
Како Создател, богат со божеството, самиот дојдов да му послужам на осиромашениот Адам, во чиј лик доброволно се облеков, и да ја положам мојата душа за негово избавување, иако по Божество сум нестрадален.


Кондак, глас 8.
Подобен: Како првина на природата:
Јаков плачеше поради загубата на Јосифа, а тој доблесен син, качен на колесница, прима почести како цар. Бидејќи тогаш не им подлегна на насладите египетски, беше прославен од Оној што ги знае срцата човечки и Кој испраќа венец бесмртен.
Икос: Да приложиме сега плач врз плач и да пролееме солзи со Јакова, кој плачеше за Јосифа целомудрениот, достоен за спомен, кој иако поробен по тело, душата си ја запази непоробена, и царуваше над целиот Египет, зашто Бог на Своите слуги им дава венец бесмртен.

 


СИНАКСАР
Стихови на Јосиф прекрасниот:


„Целомудрениот Јосиф, се покажа држител на правдата,
Давател на пченица и ризничар на добра“.Стихови за исушената смоква:
„Еврејското собрание, без духовни плодови,
Христос го споредува со бесплодната смоква;
Затоа да бегаме од страстите, зашто и ние еден ден
би можеле да бидеме проколнати и исушени“.

HRISTOS.Isushena.smokva

 

             Во овој свет и Велик Понеделник правиме спомен на блажениот и прекрасен Јосиф и на исушената смоква. Бидејќи одовде добиваат почеток светите страдања на нашиот Господ Исус Христос, за прв негов образ (слика) се зема Јосиф.

          Тој беше последниот син на патријархот Јаков, роден од Рахила, кому браќата му позавидеа поради некое негово видение на сон. Најнапред тој бил скриен во една јама, а неговиот татко е измамен од неговите браќа со неговата искрвавена облека, велејќи дека е изеден од некој ѕвер. Потоа за триесет сребреника бил продаден на Исмаилќани кои, исто така, го продале на Пентефрија – начлникот на евнусите на египетскиот фараон. Бидејќи неговата жена се разгневи против младиот, поради неговата невиност и чистота, затоа што не сакаше да направи беззаконие со неа, тој побегнал оставајќи ја својата облека. Таа го наклеветала на својот господар, и затоа доби затвор и окови. Оттаму е ослободен поради неговиот дар да толкува сонови и одведен пред фараонот, а потоа поставен за господар на сета земја египетска. Подоцна станал и снабдувач со жито на своите браќа и, откако во се добро го помина својот живот, умре во Египет, со голем углед поради неговата чистота, покрај другите добродетели.

        Може да се рече дека тој е праобраз (икона) Христова, бидејќи и на Христа Му позавидеа неговите едноплеменици Јудеи, и од ученик е продаден за триесет сребреника, и затворен во еден мрачен и темен ров – гроб, и оттаму излезе со своја власт, за да владее со Египет, односно над секој грев што го победува до крај. Он владее со целиот свет и човекољубиво не искупува нас преку таинствено давање на пченица, бидејќи Самиот се дава за нас и нè храни со небесниот леб – со своето живоносно тело. Ете, од овие причини, прекрасниот (убавиот) Јосиф е поместен овде.

       Овде правиме спомен и на исушената смоква, бидејќи божествените евангелисти, односно Матеј и Марко, за неа зборуваат по расказот за Цветници: „Утрото, кога Он излезе од Витанија, огладне“; а другиот вели: „Кога утрото се врати во градот, огладне и, кога виде една смоква која имаше само лисја но без смокви (бидејќи не беше времето за смокви), се доближи до неа и рече: „Никогаш повеќе да не раѓаш плод!“ И веднаш се исуши смоквата.

           Смоквата ја симболизира еврејската синагога во која Спасителот не го најде плодот што го очекуваше, туку само лиснатата сенка на законот, и тоа Создателот го одзеде од неа, бидејќи беше неплодна. Но некој ќе рече: Зошто бездушното дрво стана суво, откако прими клетва без да згреши? – За да се знае дека Евреите, гледајќи Го Христа како на сите им прави добро и никому не први зло, мислеа дека Он има сила да прави само добро, а не да прави зло.

Но, човекољубивиот Господ не сакаше тоа да им го покаже на луѓето. Он сакаше да ги увери неблагодарните луѓе дека има власт и да ги казни, иако оној којшто е добар не сака да казнува една бездушна и нечувствена природа. Исто така, до нас дошле и некои неискажливи поуки од премудри старци духовници. Како што вели Исидор Пелусиот: „Дрвото на престапот беше она од кое престапниците ќе ги употребат лисјата за да се покријат. Поради ова тоа е проколнато од Христа човекољубиво, бидејќи тоа немаше да пострада, ако смоквата не беше дала плод одговорен за престапот“.

А тоа дека престапот може да се спореди со ова дрво, тоа е очигледно, бидејќи во него ја наоѓаме сладоста на задоволството, која го привлекува гревот, а потоа горчината и грижата на совеста. Впрочем, историјата за смоквата Отците ја поместиле овде за да поттикне на покајание, како и онаа за Јосифа поради сличноста со Христа. Смоквата е секоја душа која е туѓа за секој духовен плод: кога наутро, односно по сегашниов живот, Господ не наоѓа кај неа покој, Он ја исушува со клетва и ја испраќа во вечниот оган, и таа стои како некој исушен столб, плашејќи ги оние што не дале достоен плод на добродетели.


По молитвите на прекрасниот Јосиф, Христе Боже, помилуј нè. Амин!


Песна 8
Ирмос: Неуморниот, постојано засилуван оган, се исплаши од благочестивите момчиња со чиста душа и тело, а врелиот пламен згасна кога се запеа вечната химна: Сите дела на Господа, пејте Му, и превознесувајте Го во сите векови.
Одејќи на страдање, Спасителот им велеше на Своите ученици: Сите луѓе ќе знаат дека сте Мои ученици, ако ги запазите Моите заповеди; мир имајте меѓу себе, и смирени мисли кога мудрувате, и ќе се возвисите; знаејќи Го својот Господ, пејте Му и превозносете Го во сите векови.
Власта кај вас нека биде спротивно на онаа кај незнабожците; суетата не е мојот избор, туку оној на мачителите. Ако некој меѓу вас сака прв да биде, нека биде последен; знаејќи Го својот Господ, пејте Му и превознсете Го во сите векови.
Го фалиме, Го благословуваме:
И пак ирмосот: Неуморниот, постојано засилуван оган, се исплаши од благочестивите момчиња со чиста душа и тело, а врелиот пламен згасна кога се запеа вечната химна: Сите дела на Господа, пејте Му, и превознесувајте Го во сите векови.
Почесна од херувимите:не пееме.
Песна 9
Ирмос: Си ја возвеличил, Христе, Богородица која Те  родила: од неа, Создателу наш, си се облекол во тело слично на нашето (страдално) тело, кое ги ослободува нашите гревови: Неа сите народи ублажувајќи ја, Тебе Те величаме.
Господи, Кој си Премудроста на сите, на Твоите апостоли Ти си им рекол: Отфрлете ја сета страсна нечистотија, за да примите достојно богомудро познание на царството Божјо, во него прославете се, светејќи посјајно од сонцето.
Господи, Ти си им рекол на Твоите ученици: Земете пример од Мене, не мислете високо за себе, туку бидете смирени; пијте ја чашата што Јас ја пијам, та и во Царството на Отецот со Мене да се прославите.
Потоа ирмосот: Си ја возвеличил, Христе, Богородица која Те  родила: од неа, Создателу наш, си се облекол во тело слично на нашето (страдално) тело, кое ги ослободува нашите гревови: Неа сите народи ублажувајќи ја, Тебе Те величаме.
И поклон до земјата.
Егзапостиларот го пееме трипати, бавно и умилно,
Истиот го пееме до Велики Четврток.
Твојата свадбена одаја ја гледам украсена, Спасителе мој, и немам облека да влезам во неа. Просветли ја облеката на душата моја, Дарителу на светлина, и спаси ме.
Хвалитни стихири самогласни на 4, глас 1.
Господ, одејќи на доброволно страдање, на апостолите по патот им велеше: Ете, се искачуваме кон Ерусалим, и Синот човечки ќе се предаде, како што е напишано. Дојдете, со очистени мисли, и ние да одиме со Него, и со Него да се распнеме, и заради Него да се умртвиме за животните наслади, та со Него и да оживееме, и да Го слушнеме како вика: Повеќе не одам во земниот Ерусалим да страдам, туку одам при мојот Отец и вашиот Отец, при мојот Бог и вашиот Бог, и ќе ве издигнам и вас со Себе во горниот Ерусалим, во царството небесно (2-пати).
Глас 5: Откако стигнавме, верни, до спасителното страдање на Христа Бога, да го прославиме Неговото неискажливо долготрпение, та со Своето миосрдие, да нѐ издигне со Себе и нас умртвените од гревот, како добар и човекољубец (2-пати).
Слава, и сега: глас исти: Господи, кој одиш на страдање, утврдувајќи ги Твоите ученици, си ги зел настрана и си им рекол: Зошто не ги помните моите зборови, што ви  ги реков порано? Дека секој пророк не може да умре, освен во Ерусалим. Сега настапува времето, за кое ви зборував, зашто, ете, се предавам во рацете на грешници да бидам исмејан, и на крст да бидам прикован и, откако ме погребаа, во мртвите ме вброија. Впрочем бидете смели, зашто по три дена ќе воскреснам за радост на верните и за живот вечен.
На стиховни, самогласен. Глас 5.
Господи, мајката на синовите Заведееви, не можејќи да ја разбере неискажливата тајна на Твојата промисла, од Тебе бараше на нејзините синови да им доделиш почести од царството времено. Но, наместо тоа, на Твоите пријатели си им ветил да ја пијат чашата на смртта, што Самиот Ти прв ќе ја испиеш, за очистување на гревовите. Затоа Ти викаме: Спасение на душите наши, слава Ти.
Стих: Се исполнивме наутро со милоста Твоја, Господи:
Господи, учејќи ги Твоите ученици да се стремат кон посовршеното, Ти им велеше да не се уподобуваатна незнабошците, за да овладеат со пониските (работи). Меѓу вас, Моите ученици, да не биде така, оти Јас избрав да бидам сиромав. А ако некој од вас сака да биде прв, нека им биде слуга на сите: оној што заповеда, како и оној што слуша; највозвишениот, како и последниот, зашто и Самиот дојдов за да му послужам на осиромашениот Адам и душата Моја да ја дадам за избавување на мнозина, кои Ми викаат: Слава ти.
Стих: И нека биде светлината на нашиот Господ врз нас:
Глас 8: Да се плашиме, браќа, од казната на исушената смоковница поради неплодност, и полдови достојни на покајание да Му принесеме на Христа, Кој ни дава милост голема.
Слава, и сега: глас исти: Змијата поверува дека во Египќанката најде втора Ева и побрза со ласкање да го урне Јосифа, но тој го избегна гревот, откако ја остави облеката, и гол не се срамеше, како првосоздадениот пред непослушноста. По неговите молитви, Христе, помилуј нѐ.
Потоа: Добро е: И остатокот според редот со поклони. И отпуст: Христос, вистинскиот наш Бог, Кој доаѓа за доброволно страдање, заради нашето спасение:

 

Извор. ПОСЕН ТРИОД

Подготви: Т.С.

 

Друго:

Hristos.isushena.smokva

  • 19.     А кога се стемни, Он излезе надвор од градот.
    20.     Утредента, минувајќи, ја видоа смоквата исушена откорен.
    21.     И кога се сети, Петар Му рече: „Рави, погледај! Смоквата, што ја проколна, се исушила.”
    22.     А Исус им одговори и рече:
    23.     Имајте вера во Бога. Оти, вистина, ви велам, ако некој и рече на оваа планина: »Дигни се и фрли се в море!« и не се посомнева во срцето свое, а поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже.

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная