логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


07.jpg

 

Исправање на искривените личности

(Лука 13,10-17)

✤✣✤

Има една приказна како некоја жена на некој американски инжинер му донела благослов на народот на една азиска земја. Таа забележала дека сите стари луѓе во некое село се згрбавени. Се распрашала  и дознала дека причината за тоа е метењето. Старите луѓе биле одговорни за метењето. Бидејќи таму немало дрвја за правење дршки за метлите, тие морале да метат наведнати и сите тие, со текот на времето, си ги искривиле ʼрбетите.

Таа решила да прееме нешто. Во планините нашла некоја висока трска. Пресадила неколку такви трскиво дворот на нејзината куќа во селото, направила метла и метела каде што сите селани можеле да ја видат. Полека идејата се раширила и тие почнале да ги користат високите трски за правење на метли со кои можеле да метат исправени.

Четири години откако се вратила во Питсбург, добила писмо од кметот на селото во кое пишувало:

„Инжинерева жено,

 ...ни покажа нов начин на метење. Тоа е мала работа, но го смени животот на нашите стари... Сигурно ќе ти биде мило да знаеш дека денес во селото има многу малку згрбавени... Изградивме мал храм во твој спомен. Многу е едноставен, во подножјето на олтарот е напишано: ,Во знак на сеќавање на жената што ги исправи грбовите на нашите луѓеʻ.“

Отплеткување на замрсеното

Денешното евангелско четиво зборува за жената која била „опседната од дух на немоќта осумнаесет години“. Таа била згрбавена и никако не можела да се исправи. Кога Исус ја видел, ја повикал, ги ставил рацете Свои вра неа и таа веднаш станала.

Првата порака на оваа случка е за Христовата моќ да го исправа искривеното, не само искривените тела, туку и искривените животни. Од сите суштества на светот, само човекот е создаден да гледа угоре. Но гревот го свиткува до земјата. Колку повеќе човек му служи на Бога, толку поисправен, поедноставен и поправ ќе биде неговиот внатрешен живот - неговиот ум и неговото срце.

Има луѓе што велат: „Не можеш да ја смениш човечката природа“. Овој исказ е директно порекнување на Бога - на Бог кој дојде во светот токму за да ја смени човечката природа, да ги исправи искривените личности. „Такви беа некои од вас,“ им пишува апостолот Павле на Коринтјаните, „пијаници, идолопоклоноци, крадци, хулници. Туку се измивте, се осветивте, се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос...“, станавте нови личности во Христа.

Сме виделе многу реки со криви токови. Во Минеаполис има еден поток со многу крив тек, се вика Минехаха. Токот му е крив затоа што постојано ја следи линијата на најмал отпор. Така е и во животот. Кога наместо да го следиме Христа, ја следиме линијата на најмал отпор, крајниот резултат е искривен живот.

Едно дете си дошло дома од риболов. Најлонот од јадицата ми се замрсил и се мачел да го отплетка и да го одмрси. Се мачел долго време, но безуспешно. На крај отишол кај татко му и му рекол: „Тато, најлонот ми се заплетка. Можеш да ми го одмрсиш?“ Вештите раце на татко му почнале да го исправаат најлонот без мака и за две-три минути најлонот бил прав.

Тоа е парабола за нашите животи. Малку по малку се заплеткуваме во искушенијата и гревовите на кои наидуваме. Конечно, доаѓа денот кога откриваме дека веќе не можеме сами да си помогнеме. Некој однадвор мора да дојде во нашиот живот за да нѐ ослободи од замрсеноста. Бог е во да помогне, само ако Му дојдеме со вера.

Исправање на искривениот живот

Припомнете си колку личности и ќивоти згрбавени од алкохолизмот и дрогите ги исправила моќта на живиот Христос.

Припомнете си на животот на св. Петар згрбавен од тројно одрекување од Учителот, исправен од Исуса до толку што можел да стане голем апостол на верата кој рекол: „Господи, знаеш колку те љубам“.

Припомнете си на жената од улицата која била згрбавена под големиот товар на вината.Таа ги миела нозете на Учителот со своите солзи и ги бришела со својата коса. Кога станала била нова личност затоа што Великиот Лекар ѝ простил и го исправил нејзиниот искривен живот.

Припомнете си на разбојникот распнат до Христа - неговиот живот бил потполно згрбавен од гревот. Пред да умре, со последниот здив кажал молитва: „Господи, спомни си за мене“. Одеднаш големата љубов Божја се влеала во неговото срце и го чул ветувањето: „Ќе бидеш со мене во царството небесно“.

Што ја врзал сатаната

Првата порака на приказнава е дека Бог кој го исправил грбот на една жена, денес ги исправува животите на згрбавените и заплетканите од гревот. Втората порака се наоѓа во зборовите со кои Исус ја опишал болеста на жената: „...оваа ќерка Авраамова, што ја врзалсатаната еве веќе осумнаесет години...“ Тука гледаме дека Исус ја припишува болеста на жена не на Бога, туку на сатаната. Си припомнуваме и дека св. Павле ја нарекува својата хронична болест „гласник на сатаната“. Колку често ја поврзуваме волјата Божја со тоа што е зло, со болеста и смртта. На пример, кога му рекла жената на еден човек, тој си рекол: „Морам да го прифатам тоа, таква е волјата Божја“. Но, самиот човек бил лекар и со недели се борел за нејзиниот живот. Цело време ли се борел против волјата Божја? Се разбита, не! Христос го поминал цел живот лекувајќи ги болните. Никогаш не Го гледаме да разболи некого. Смртта не застанала затоа што Бог ја сакал. Самиот Христос заплакал пред гробот на Лазар. Д-р Лесли Ведерхед има кажано: „Ако сакаш да кажеш ,да биде волјата Твојаʻ, кажи го тоа утрото кога ќе се пронајде превентива или лек за ракот; кажи го тоа некое сончево утро кога си полн со живот; кажи го тоа кога твоето бебе ќе се роди живо и здраво и мајката е добро; кажи го тоа некое сончево утро кога си полн со живот; кажи го тоа кога срцето ти чука со онаа радост чиј извор е срцето Божјо.“1 Затоа што тоа е волјата Божја за човекот: не гробишта, болести и превирања, туку здравје, среќа и живот во изобилие.

Припомнете си колку животи биле згрбавени од ужасната болест наречена полио. Д-р Јонас Салк ја открил вакцината што го истреби полиото. Гледате како еден човек со своето научно истражување ги исправил животите на голем број луѓе. Д-р Салк не ѝ се противел на Божјата волја, туку дејствувал во согласност со неа со тоа што направил сите луѓе да можат да живеат подобро. Има многу области во животот каде што можеме да соработуваме со Бога за да помогнеме да се исправат животите згрбавени од грев и маки.

Молитва

Господи, помогни ни да дојдеме кај Тебе со нашите згрбавени животи за да ни ги исправиш како што си ја исправил жената на денешното Евангелско четиво. Затоа што знаеме дека ниту искривените грбови, ни згрбавените души не се Твоја волја за човекот, туку здравјето и целосноста. И помогни ни, милостив Господи, во текот на животот да помагаме да се отплеткуваат и одмрсуваат заплетканите и искривените работи што ги среќаваме:

    Та таму кај што има омраза - да сеам љубов,

    кај што има осуда, проштевање,

    кај што има раздор, слога,

    кај што има очај, надеж,

    кај што има темнина, светлина,

    кај што има тага, радост.

    (Извадок од книгата на Ентони М. Конијарис, „Скапоцености од неделните Евангелија на Православната Црква“, Скопје 2004)

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7720
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная