логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


  Sveti.voda.jpg

ЗА СВЕТАТА ВОДА


Во текот на целиот живот,покрај себе имаме на располагање голема светиња-света вода(на грчки„агиасма“-„светиња“).


Осветената вода претставува Божја благодат:таа ги чисти од нечистотија оние кои веруваат,ги осветува и закрепнува на подвиг на спасение во Господа.Прв пат се потопуваме во неа на Крштението,кога со примањето на Светата Тајна трипати се потопуваме во крстилницата наполнета со света вода.Светата вода во Светата Тајна Крштение ја симнува духовната нечистотија од човекот,го обновува и го препородува за нов живот во Христа.Светата вода задолжителносе користи кога се осветува црква и свети предмети,кои се употребуваат за време на богослужбите,кога се осветуваат домови или некои предмет од домакинството.Со света вода не' попрскуваат на литиите,на молебните.
На Богојавление секој православен христијани носи шишенце со света вода,внимателно ја чува како најсвета светиња,земајки ја со молитва за време на болест или немоќ.
Свети Димитриј Херсонски пишува:„Светата вода има сила да ги осветува душите и телата на сите што ја користат.Ако се користи со вера и молитва,таа ги лекува сите наши телесни болести“.
Преподобниот Серафим Саровски на поклониците по исповед секогаш им давал да се напијат по една чаша богојавленска вода.
Преподобен Амвросиј Оптински му испратил шише со света вода на болниот на смрт и неизлечивата болест исчезнала на изненадување на лекарот.
Старецот еросхимонахот Серафим Вирицки советувал производите и храната да се попрскуваат со крстовденска вода,која,според неговите зборови„се' сама осветува“.кога некој бил тешко болен старецот му давал благослов да зема по една лажичка осветена вода на секој час.Старецот кажувал дека нема посилен лек од светата вода и од светото масло.
Чинот на водосвет кој се извршува на Богојавление,се нарекува голем водосвет,заради посебно свечениот чин,кој е проткаен со сеќавање на крштението Господово ,во кој Црквата не гледа само таинствено очистување од гревовите,туку и вистинско осветување на природата на водата преку потопување на Бог во тело во неа.
Големото осветување се извршува двапати годишно

-на Богојавление,како и вечерта пред овој ден,на Водокрст.
Некои верници по грешка мислат дека водата,која е осветена во овие два дена е различна.
Всушност,на Водокрст и на Богојавление чинот на осветување на водата е ист.
Уште Свети Јован Златоуст велел дека,светата богојавленска вода со години останува свежа,чиста и пријатна,како во тој момент да е наполнета од некој жив извор.
Какво чудо на Божјата благодат, кое и денес може да го види!
Според верувањето на Црквата,светата вода не е обична вода од духовно значење,туку нова твар,духовно телесна твар,заемна врска на Небото и на Земјата,на благодатта и на материјата.
Еве зошто големото водоосветување според црковните канони се смета како понизок степен на Света Причест:
во случаите кога на некој член на црквата,заради сторени гревови му се наложува епитимија и забрана за пристапување кон Светите Тело и Крв Христови,има исклучок во каноните:
„Да пие богојавленска вода“.
Водокрсната вода е светиња,која треба да се чува во домот на секој православен Христијанин.
Таа внимателно треба да се чува во аголот кај„домашниот иконостас“.
Освен водокрсната вода,православните Христијани често користат вода,која е осветена на молебните(мал водосвет),а кој се врши во текот на целата година.
Мал водосвет Црквата задолжително прави на денот на изнесувањето на Чесниот Крст Господов и на Преполовение,кога се потсетуваме на зборовите на Спасителот,исполнети со најдлабока смисла,кои ги упатил на жената самарјанка:
„А кој пие од водата,што ќе му ја дадам Јас,нема никогаш да ожедни;таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен“(Јован.4,14).
Светата водокрсна вода треба да се зема на празен стомак со просфората по утреното правило,со посебна побожност како светиња.
„Затворник Георгиј Задонски велел:

„Кога човек употребува просфора и света вода,од него нечистиот дух,душата и телото му се осветуваат,мислите му се возвишуваат за угодување на Бога и човекот станува склон кон пост,молитва и секаква добродетел“.


ИЗВАДОК ОД ИЗДАНИЈАТА НА ЛЕСНОВСКАТА БИБЛИОТЕКА

 

20-ти јануари, лето Господово 2014

Преземено од: Свето Православие

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная