Оној кој што го владее светот 300 години односно целиот писмен свет мора да има свој јазик и свое писмо, па така и древните антички Македонци претходници, наследници на Александар Македонски имале свој јазик и свое писмо, што го докажав разоткривајќи што е напишано на таканаречениот Камен од розета, рече во денешното свое предавање во Велес наменето за професорите и учениците од УСО „Коле Неделковски“ професорот Аристотел Тентов.
Тој изјави дека континуирано го продолжил разоткривањето на тајната на Каменот од розета. Тентов најави дека целото писмо од Каменот на розета ќе го публикува исто така преку МАНУ во наредната година. Тој открил дека древниот споменик на писменоста на древните Македонци е напишан точно на 27 март 196 година пред новата ера.
Со тоа ги негирале, вели Тентов, досегашните толкувања на светски познатите научници односно за непостоење на древен македонски јазик, а со нашето октритие ја ставаме историјата на вистински нозе. Тој вели дека поддршка за својата работа добиваме од научници од Словенија и Русија, а за неговото дело се интересираат и многу други научници од светот.
- Најдобро е секој народ па така и древните македонци да си пишуваат сами за себе за својата историја и култура што се докажува преку овој древн споменик на писменост на древните македонци.
Професорот Тентов вели дека од овој период имаме голем број на артефакти напишани на папирус и камен односно има уште многу нови докази за писменоста на древните македонци кои допрва треба да ги дешифрираме за што ни претстои обемна работа, ни изјави професорот Тентов.
Тој вели дека моментално започнал со работа на дешифрирање на каменот од канопис кој е 34 години постар од Каменот на Розета и е од 230 година пред новата ера односно издаден од бабата на фараонот кој го напишал односно издал декретот на Каменот од розета.
Извор.МИА/