логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 goce.justinijana.jpg


Предговор
 
Предложениот труд претставува современ превод на западна музичка нотација од источно невматско музичко писмо, кое во Македонија беше во богослужбена и образовна употреба до 20-те години на XX век. 

Литургиските Химни во предложениот краток зборник се дел од богатата ризница на црковната химно – музикографија на Светата Православна Црква.

 goce.justinijana.jpg

Истиот, како и првото издание на “Зборникот на Литургиски  Псалтикијни Сочиненија”, издаден од манастирот “Успение на Пресвета Богородица” – Трескавец во 2003 год., а за потребите на Хорот за источно-црковно пеење “Митрополит Методиј Кусев” од Прилеп, има за цел да понуди еден начин на произнесување, т.е. на пеење на Светата Литургија, со тоа давајќи придонес кон возобновувањето и развојот на псалтикијната уметност во Македонската Православна Црква, како и систематизација на црковното пеење во сите храмови на Светиклиментовата диецеза. Предложеното издание може да послужи и како учебно помагало во образовните институции на нашата Света Црква – Богословијата и Факултетот. При составувањето на првата редакција на спомнатиот Зборник, како ползувана литература беа наведени псалтиките на Зографскиот манастир Св. Вмч. Георгиј од Света Гора, Псалтикијната Литургија на Манасиј поп Тодоров и Божествената Литургија на Протопсалтот Хрисантос Теодосопулос од Солун. Останатиот дел, како и во првото издание е дополнет по сеќавање од усното псалтикијно предание во Македонија и родниот Прилеп. Во предложената книга се објавени и авторски композиции кои се компонирани во стилот на источно-православната музикографија, а се прилагодени кон потребите и богослужбената пракса на МПЦ.
Литургиските химни претставени во оваа книшка беа предмет на изучување и успешна имплементација во Македонската Православна Богословија “Свети Климент Охридски”, каде учениците и Хорот “Јустинијана Прима” при спомнатата образовна институција, под раководство на составувачот на оваа псалтика, во периодот од 2004/08 година ги изведуваа на секоја Божествена Литургија во многу храмови на нашата Родна Црква.

 goce.justinijana.jpg

Потребата да се издаде ваков современ превод се јавува од проста причина, црковното пеење да се приближи до обичниот верник и до македонската музичка јавност, како и од желбата на многу чеда на нашата Света Црква во Татковината и задграничните епархии на МПЦ, Литургијата да ја пеат по источно-црковен напев, што е свет аманет на преродбениците и на плејада македонски црковни псалти, кои зад себе оставија огромно и сеуште во потполност неиспитано музичко црковно наследство. Истовремено се потрудивме црковнословенскиот текст да биде напишан со македонската азбука, заради сите оние кои имаат потешкотии при читањето на истиот.

 goce.justinijana.jpg

Овде е редно да споменеме дека секој превод од источни невми на западна нотација, се соочува со извесни потешкотии при преведувачкиот процес, затоа што православното невматско музичко писмо има знаци кои се однесуваат на начинот на произнесување на псалмопеењето, како и украси, кои е прекомплицирано во целост прецизно да се преведат, што е последица на различните толкувања на украсителните знаци кај постојните Школи за црковно пеење во православната Екумена. Нашиот превод ќе претставува и продолжеток на автентичната Македонска Школа за црковно пеење, која успешно се развиваше до јуни 2008 година во Македонската Православна Богословија “Свети Климент Охридски”.

 goce.justinijana.jpg

Во источно-црковното пеење посебно место во исполнувањето на црковните химни завзема исонот. Тоа е еден тон кој се слуша во позадина, како пратечки глас на основната мелодија. Истиот со шифра го назначивме во целата книга, напишан над петтолинискиот систем со латински букви кои го означуваат името на тонот кој треба да се пригласува заедно со мелодиската линија. Исонот во црковната музичка уметност се толкува како икона на Светиот Дух, Кој “дава сила” и го исполнува Словото Кое е Господ Иисус Христос, а Он Господ, во црковното пеење го препознаваме во главната мелодиска линија што го носи текстот. Исонот извира т.е. исходи од Всеопфатната Тишина, Кој е Отецот и дава полнота на проповедта на Логосот Божји Господ Иисус Христос, Синот Единороден Кој ни го објави Отецот. Така црковното пеење, за кое многумина грешат кога велат дека е заостанато, монотоно итн., всушност  ја содржи тајната на нашето Богопознание на Троичниот Бог – Отец, Син и Дух Свети, како е запазено во сите божествени химни составени во духот на источната (изворната) музичка традиција на Православната Црква. За источното пеење Светиот вселенски учител на Црквата, Великиот Василиј ќе рече: “Пеењето дава убавина на богослуженијата, создава жалост по Бога, зашто пеењето е дело на ангелите, на небесното живеење, духовен темјан. Тоа е премудар изум на Учителот, Кој уредил во исто време да пееме и да се учиме на корисно. Преку него подобро се впечатуваат поуките”. Затоа, чувањето на црковното пеење, односно неговото суштинско, а не површно без никакви резултати и критериуми, возобновување, за нас Македонската Православна Црква ќе значи враќање кон преданието на православната спасителна наука и причислување кон семејството на древните Патријаршии во Константинопол, Александрија, Антиохија, Ерусалим, кон Помесните Свети Цркви во  Софија, Букурешт, Кипар, Атина итн., кои го сочувале непроменето уште од апостолското време. Пазењето на ова свето наследство за нас Македонците е уште повеќе важно, зашто токму Македонија е земјата од која произлегоа многу наши славни предшественици, кои оставајќи ни аманет да го чуваме, ги запишаа своите имиња во книгата на животот и всенародното паметење. Целосната имплементација на источното  црковно пеење во животот на нашата Црква ќе придонесе за поголема дисциплина и воедначување на секојдневните богослуженија и нивно благолепие, што за жал во нашата Помесна Црква не е случај.

 goce.justinijana.jpg

Значајноста и посебноста на ова издание е во тоа што, како приложение на преводот, се доставува и музички диск, кој може да послужи како помагало при изучувањето на свештените литургиски химни. Во истиот направен е избор на литургиски псалмопеења, за кои сметавме дека слушателите ќе имаат најповеќе духовна и едукативна корист и  претставува еден начин на пеење на Св. Литургија. Изборот, пак е сведен на божествени химни од сите три Свети Литургии кои денес се служат во Православната Црква, Св. Златоустова, Св. Василиева и Св. Литургија на Претходно осветени дарови. Музички, псалтикијните сочиненија кои се предмет на нашиот избор, претежно припаѓаат на првиот и петтиот глас, кој уште во грчката наука за црковно пеење се нарекува плагален први, со што во еден мал дел се презентира неисцрпното богатство на мелодиски варијации во рамките на еден глас, односно два сродни гласа. Целта на таквиот избор е да ја доближи до слушателот, не само убавината на источно-црковното пеење, туку и множеството начини на интерпретација и музичко изразување, каде се запазени правилата во однос на акцентирањето на текстот, а истовремено да се создаде, поточно, музикографи мелодиска линија која припаѓа на една категорија музички варијации и ги исполнува сите критериуми на компонирање во стилот на источно-црковната музичка уметност. Понатаму, во однос на едукативниот дел од проектот, акцентот на два сродни гласа најзастепени во дискот, ќе придонесе за врежување на мелодиските карактеристики на првиот, односно петтиот глас во меморијата на слушателот, т.е. ќе го направи полесно сфаќањето и восприемањето на духот, етосот на источното црковно пеење, како и начинот по кој тоа треба да се произнесува, што секако спаѓа во едукативната категорија покрај уметничкиот концепт на целиот проект.

 goce.justinijana.jpg

Како помагало при изучувањето на црковното пеење го предлагаме и музичкото ЦД “Литургиски Химни” издадено во 2004 год., на кое се снимени избрани композиции, објавени во гореспомнатиот Зборник, но и во предложената псалтика и претставуваат начин на пеење на Св. Литургија при поголеми празнични денови. Второто издание на спомнатото ЦД веќе е во подготовка, а може да се набави преку личен контакт со авторот: георгијпсалтЖѕахоо.цом. На крајот од книгата, во содржината, со ѕвездичка се означени композициите кои се снимени во првото ЦД (2004г.), додека пак со две ѕвездички, се означени композициите од второто, кое се предлага заедно со книгата. Во двата аудио дискови се снимени скоро сите композиции во преведената и предложена псалтика, така што трите изданија сочинуваат една комплетна музичко-литургиска целина, која ќе биде од корист за секој оној кој сака да навлезе подлабоко во псалтикијната уметност на Православната Црква и по зборовите на Св. апостол Павле, “со пеење на духовни химни и псалми” да се “усовршува во верата”.

Повторно, како и првото издание, овој скромен труд се посветува на нашата Родна Црква, олицетворена во сите црковни псалти и членови на Хорот “Митрополит Методиј Кусев” од Прилеп, “Јован Хармосин Охридски” од Скопје, а особено на моите ученици од “Јустинијана Прима” – Хорот при МПБ “Свети Климент Охридски” 2004/08 година.

Со посебен пиетет, ја изразувам својата благодарност на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско – Новозеландски  Г. Г. + Петар, за неговото разбирање и поддршка не само на ова благоначинание, туку и за неговата поткрепа низ сите години од самиот почеток на мојата дејност во областа на црковното пеење. Неговата јасна определба за благолепието и поредокот на Црквата, како и способноста да го препознава националниот и црковен интерес во делата на својата Богомдарована паства, се цврста основа и гаранција за успех на секое Христоугодно дело започнато во од Бога спасуваната Преспанско – Пелагониска Епархија.

Мојата благодарност, исто така братски ја упатувам на битолскиот протопсалт Александар Гулевски, кој е еден од првите дејци, псалти во Македонија, кои уште пред дваесетина години работеа на создавањето свест и со тоа ставија начало на возобновувањето на древното изворно пеење на Православната Црква во нашата Татковина. Токму денешната застапеност на источното пеење во престолниот град на нашата Митрополија во скоро сите битолски храмови, всушност е плод на неговата долгогодишна постојана и истрајна дејност на ова поле, што секако е години порано пред јас самиот да почнам сериозно да се занимавам со проблематиката на црковнота музика кај нас.
 
На крајот, како ја предложуваме оваа скромна псалтикијна книшка на музикословејшите псалти и љубители на црковната музика, заедно да повикаме кон Бога, од Кого е се



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2025
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2545
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная