логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Византискиот нотен запис неодамна најден на карпа во с. Туминец е исклучително вредно откритие

Тина Иванова -Утрински весник

Веста за неодамна пронајдените уникатни записи на византиско нотно писмо на карпа, во атарот на селото Туминец, Долна Преспа, ги разбранува емоциите кај македонските византолози и музиколози. Само да потсетиме, записот со византиски нотни знаци, во музикологијата познати како невми, е пронајден во април годинава од страна на археолози и конзерватори од музеите од Охрид и Струга во близина на пештерната црква „Св. Богородица“. Гоце Ангелечин-Жура, советник и конзерватор од Музејот во Охрид, истакна дека станува збор за раритетен епиграфски споменик пишуван на византиско нотно писмо кој е единствен за Охридско-преспанскиот, но и пошироко, за Балканскиот регион.

Музикологот-византолог проф. д-р Бојан Ортаков, вели дека овој византиски нотен запис е исклучително вредно откритие кое секако ќе биде предмет на понатамошна сеопфатна опсервација, во однос на византиската музичка палеографија, т.е. видот на нотацијата со која е напишан тој музички споменик, што во исто време е во непосредна врска со датирањето на ракописот, односно времето на неговото настанување. Но, истакнува дека веста за пронаоѓањето на ова уникатно црковно песнопение од византиско-словенската музика во Македонија, запишано на карпа, целосно ја заинтригирала неговата научно-истражувачка љубопитност и логично се вклопила во мозаикот на досегашните научни откритија на македонската музичка византологија. „Првите асоцијации кои ми допреа до свеста по дознавањето на оваа вест, беа имињата на втемелувачите на византиско-словенската музика во Македонија, што впрочем се темел и на словенската писменост и култура воопшто, како светите браќа Кирил и Методиј, св. Климент и св. Наум Охридски, св. Јован Кукузел...“, вели проф. Ортаков.

 

И покрај неопходните идни истражувања, проф. Бојан Ортаков ја објаснува асоцијацијата за врската на пронајдениот византиски нотен запис со гореспоменатите имиња. „Во науката е мошне добро познат фактот дека зборот и тонот во византиската музика егзистираат во единствена, неразделна и симбиотска врска. Богатата Кирило-Методиева литература дава податоци кои говорат за тоа дека св. Константин - Кирил и св. Методиј, како високо образовани луѓе и творци на првата словенска азбука, биле упатени и во теоријата и практиката на источното црковно пеење. Посебно е интересно местото и улогата на св. Методиј во креирањето и ширењето на првите црковно-словенски напеви. Хрватскиот музиколог Фрањо Кухач, во необјавениот труд ’Раѓањето и развитокот на нотацијата воопшто’, во делот под наслов ’Системот на Методиевата нотација’, вели дека св. Методиј бил автор на посебен вид нотација, различна од византиската и од грегоријанската, нотација примерена на словенските песнопенија, и дека неговата заслуга на тој план е рамна со онаа на папата Гргур Први Велики, кога станува збор за западно-христијанската музика. Во таа смисла, основоположникот на македонската музикологија проф. д-р Драгослав Ортаков, вели дека ученикот и наследникот на солунските браќа - св. Климент Охридски, во својата Охридска школа, создавал музика во духот на македонско-словенскиот музички сензибилитет. Ортаков понатаму истакнува дека во Климентовата школа ’била инаугурирана одделна домашна варијанта на византиското црковно пеење, на црковнословенски јазик. Не е исклучено, исто така, за одделните специфики на тоа охридско црковно пеење, при неговото нотирање да биле употребувани и некои специфични знаци.’ Тоа ја вклучува во игра претпоставката за посебна невматска нотација, усвоена од страна на св. Климент, од неговиот учител св. Методиј, или пак своевиден комбиниран знаковен систем што најдобро соодветствувал на локалните мелодиски структури, што повторно би било нотно писмо кое има византиско-словенски предзнаци од македонска провениенција, како отклонување од византиското, т.е. византиско-грчкото нотно писмо“, вели проф. Ортаков.

 

Познато е дека Охридско-преспанскиот регион бил најголем расадник на книжевни и музички ракописи во целиот словенски, но и источно-христијански свет, се до крајот на Самуиловото царство кога бројните ракописни споменици од Климентовата богата збирка, со доаѓањето на грчко свештенство во Охрид и другите поголеми центри, биле уништени, пренесени во странски библиотеки, а најубавите од нив биле преведени на грчки јазик. Проф. Бојан Ортаков објаснува дека сепак „величествената нишка на Кирило-Методиевата и Климентова традиција, продолжила да живее во помалите и пооддалечени места, во кои византиско-словенската музика во Македонија ги сочувала своите оригинални карактеристики и специфики“. Тој како пример го посочува случајот со значајниот невматски ракопис наречен Болоњски псалтир (бидејќи денес се чува во Универзитетската библиотека во Болоња, Италија), напишан од калуѓерите Јосиф и Тихота во 13. век, во охридското село Равне (Рамне).

Проф. Ортаков токму за нотираните невматски знаци пронајдени на карпа, вели дека спаѓаат најверојатно во истата група на ракописи, исклучително значајни за македонската музичка и културна историја воопшто. „Потврда за тоа се и различните толкувања на музиколозите за видот на нотацијата во Болоњскиот псалтир, како што најверојатно ќе биде случај и со ракописот од Туминец. Во секој случај, компаративната анализа на тие знаци, тој текст и тоа музичко писмо со најстарите сочувани ракописи од македонскиот простор (меѓу кои се издвојуваат 14-те музички ракописи од Охридската збирка), ќе фрлат многу повеќе светлина врз нашето пребогато и автохтоно музичко минато, традиција која верувам ќе осветли и некои исклучително значајни сегменти на македонскиот културен и национален идентитет“, истакнува проф. Ортаков.

 

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1073
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2642
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

07/06/2025 - сабота

+Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител; Светиот свештеномаченик Терапонт, епископ Кипарски; Светите маченици Пасикрат, Валентион, Јулиј и други; (Задушница);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная