ПРЕДГОВОР
Многу знајни световни умови - философи, физичари, метафизичари, астрономи, психолози и други - трагале, талкале и од светот го барале
одговорот за видливото и невидливото, почетокот и крајот, бесконечноста и вечноста. Се конфронтирале со безброј хипотези и ставови за тајната и смислата на постоењето. Многумина самобендисано тврделе дека го знаат одговорот, а други признавале дека се далеку од вистината за совршената креација, наречена живот. Неука, но и мала сум да ѝ противречам или да полемизирам со нејзиното височество егзатната наука. Сепак, заклучив дека таа наука многу ретко покажала интерес за живиот опит на малиот и обичен човек - човекот во мене, околу мене. Не случајно го нареков „малиот човек”, зашто токму нему бедниот по дух, му е дарено блаженството на Создателот. Тој е Неговата највидлива манифестација, на Словото, Мудроста, Љубовта.
Но, каде е внатрешниот човек, кој е патот до него, која е силата за неговото Богоспознавање? Како да стасаме до големиот одговор тука, меѓу хаосот и заблудата на животот во светот?
Честопати се прашував дали талкајќи со затворени очи, слушајќи без да чујам, давајќи без да љубам ќе го откријам патот до моето вистинско име? Дали барајќи без да знам кого, правејќи идол од себе си, од она што ме научиле одамна кодираните животни страсти, ќе го откријам патот до моето вистинско име? Големиот Простодушен, без предзнаења, со благодат и жив опит е најблиску до разумот на
срцето, а оттаму до изворот, до вистинското име дарувано од Божјата премудрост. Но, каде се случува тоа спасително патувaње? Радувајте се и тргнете со љубов, од умот до срцето.
„Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно”
Иса. 57,15.; Лука 6,20.
Марија мрзоволно ги отвори очите за да ја избрка дремката и по навика се прекрсти седнувајќи на работ од креветот. Веднаш потоа целото внимание го сврте внатре во себе си, ослушнувајќи го дишењето и чукањето на срцето. Дланките ѝ беа влажни од познатиот стар пријател - утринскиот немир и стравот од будење. Таа веќе научи да живее со тој страв повеќе од една деценија. Сепак, за разлика од порано, тој ден се чувствуваше со поголема енергија и оптимизам. Се погледна незадоволно во огледалото... Беше во петтата деценија, а лузните од животот, сепак, ја беа поштедиле. Белото заоблено лице сѐ уште имаше свежина, а светлите очи останаа украс од младоста. Погледот оддаваше детски сјај секогаш кога не го сокриваше детето во себе си. Костенливата коса со огнен сјај го оживуваше белиот тен, паѓајќи преку рамениците, прекривајќи ги, при тоа, почетните недостатоци на зрелото доба. Инаку, во младоста важеше за атрактивна и убава жена.
Таа конечно стана од креветот, широко ја отвори стаклената врата што ја откри распосланата убавина на нејзината градина. Во тоа парче рај си го најдоа својот дом, таа и нејзиниот сопруг.
Нивниот темперамент и начин на размислување беа во хармонија со тивкото спокојство тука во куќичката, сместена во лулката од околните ридови. Токму оваа глетка ја отсликуваше Божјата креација на раскошната убавина на природата.
Порано, додека живееше во градот, Марија речиси воопшто не го перцепираше амбиентот околу себе, ништо не ѝ значеа малите засадени површини со цвеќе околу станбените блокови, зашто постојано денот брзаше од настан до настан, од место до место.
Но, тука во градината таа беше како мало де те, воодушевена од секојдневните нови сознани- ја: растот на трендафилите уште за еден прст, зелената жива ограда која што свечено го облекуваше белиот ѕид, младата тажна врба која што за неколку месеци од мало и кревко растреперено стебленце, се возвиши нагоре, китејќи се со својата убавина, истовремено, горделиво пресвиткувајќи се кон земјата. Тука, на дофат на раката, се случуваше пожарот на небото што го најавуваше изгрејсонцето и будењето на денот.
Зеленилото и боите на денот ѝ ги одморија очите, па прво на што се потсети беше нивниот стар пријател, доктор Стефан и на неговата посета пред неколку месеци.
Тој беше специфичен човек, со среден раст, невообичаено крупни очи кои се криеја под ипакнатото чело и кои стануваа уште повпечатли-
ви поради јаката диоптрија на очилата. Скоро секогаш беше таинствено сериозен, без насмевка, а кај луѓето влеваше чувство на стравопочит. Во текот на последните две децении направи кариера во многу европски земји, во областа на микрорезонантната медицина (алтернативен правец во медицината) и се стекна со титула професор по алтернативна медицина при Обединетите нации.
Тој е исклучителна личност со неверојатни знаења не само од алтернативната медицина, туку и од областа на официјалната, со сите нејзини содржини.
Докторот Стефан при еден наш дамнешен разговор се понуди да ги измери, но и да го по- чувствува амбиентот и енергијата наоколу. Не-колку минути молкум чекореше нагоре - надолу, потоа нешто промрморе повеќе како за себе си и ги подготви инструментите за радиестезиска ди- јагностика. Значајно нѐ погледна и конечно проговори:
- Ова е парче од рајот со чудна, хармонизирана енергија.
- Навистина? - запраша Марија со олеснување.
- Добри луѓе живеат тука, па можеби тука лежи зајакот - изговори во полушега, за прв пат насмевнувајќи се.
- Геопатогени зрачења немате, а електричното поле е рамно на нула. Денес во еден стан во центарот на градот измерив осумстотини процени посилно поле. Тоа е жива болест! За жал, луѓе то многу малку знаат за ваквите ризици по нивното здравје - констатира докторот.
* * *
Враќајќи ги мислите наназад, Марија тивко му заблагодари на Бога за дарот на ова ново искуство. Беше време за молитва што таа редовно ја практикуваше во текот на денот, особено пред секоја нова работа. Одајчето што го претвори во мала црквичка, гледаше кон источниот рид во кој што тихуваше манастирот „Св. Сpас". Од полици-те на ѕидот зрачеа ликовите на Спасителот, Исус Христос, другите светци, некои осветени тука, а некои во Светата земја. Тука беше и парчето бела ткаенина со која Марија низ солзи го допира- ше гробот на нашиот Спасител, пештерата каде што се родил, местото на распнувањето, подножјето на Крстот, местото на помазувањето и др. Тоа парче за неа веќе не беше ткаенина, туку реликвија што ја чуваше повеќе од сите земни бо- гатства. Десно на полицата беа положени неколку мали садови наполнети со вода од реката Јордан, а до нив кутија исполнета со прав од Светата земја. Тука беше и крстот од бронза, стар два века, парче од гробот на Исус Христос. Дали слу чајно или не, нив ѝ ги испрати универзитетски професор од Скопје, човек со раскошен интелект, со исклучително длабока мисла и знаење.
Многу често се прашуваше зошто токму до нејзиниот дом стасаа тие светии, но одговор не маше.
И сега стоеше простум, со наведната глава, се прашуваше по којзнае кој пат дали во мир и со радост ја прави утринската молитва. Искуството назад низ годините ја научи да ги препознава состојбите на срцето и квалитетот на молитвениот збор. Понекогаш тоа го правеше брзо, по навика, добро извежбано, како и секоја друга обвр- ска. Редовно по таквата молитва чувствуваше ви- на. Друг пат, пак, молитвата траеше подолго и со внимание беше изговарана, но сепак, не со толку големо внимание, штом успеваше да се запраша себе си:- Искрено ли се молам или умот ми шета? - ќе почнам повторно.
Се сеќаваше и на такви денови кога затрча- но влегуваше во малото одајче, затворајќи ја вратата зад себе, клекнуваше на коленици и го пие ше дадениот дар за вистинска молитва со солзи што ја миеја душата. По нив беше доволно да се молчи, со утеха во срцето.
Така беше и тоа утро. Душата бараше молитва. Веќе при помислата на Неговото име во истиот миг таа почувствува копнеж, страдање, љубов, недостојност, милост, страв... и сето тоа истовремено се случуваше во срцето, а потоа како зрак се разлеваше нагоре, престорувајќи се во солзи - толку поинакви, непознати, без најава, без конкретна причина. Тие со сладост го бараа Исусовото име и повторно произлегуваа од Него.
Во таа состојба, сосема неочекувано, збуну- вачки и за неа самата, го препозна гласот на из- губениот, дивиот и осамениот човек сокриен под правот на минатото. Тој премногу долго офкаше во очекување да ги скине прангите на сопствена- та вина што сакаше да ја згази, да ја здроби, оф- каше како да се наоѓа пред смртниот оган на ко- нечното издишување. Марија конечно ја донесе големата одлука, не знаејќи, сепак, дали е тоа само нејзина одлука.
- Ќе говорам, ќе го споделам без страв моето искуство за сите ужаси и страдања низа кои поминав во времето кога без принуда (не)битисував во состојбата на (п)адот. Ќе го споделам и со оние кои ќе одмавнат со рака, со оние кои ќе ми се потсмеваат, со неодлучните, со штотуку прог- леданите, со оние кои се живи икони во светот и со жив опит сведочат тука, околу нас за борбата на паднатиот човек.
Таа се изненади кога ги слушна сопствените зборови од одлуката, што ги изговори речиси гласно! Ги бакна Исусовите нозе и ја затвори вратата од нејзината мала, „домашна црквичка". Веднаш потоа се зафати со работа. Ги извести најблиските пријатели дека во наредниот период ќе има помалку време за дружење со нив, не за- боравајќи да им ја објасни причината за големата одлука.
Се упати кон библиотеката, од која што ѕир- каше духовна литература од различен вид. Брзо ја пронајде големата тетратка, што не беше отво- рена одамна. Таа претставуваше еден вид днев- ник во кој беа сочувани настаните, состојбите на душата, луѓето што ја опкружувале во периодот на падот, но и по него. Многупати, порано, таа размислуваше да ги уништи тие сеќавања кои ѝ предизвикуваа немир и чувство на презир кон са- мата себе. Сепак, ја отфрлаше намерата, сфаќајќи дека е неправедно да избрише нешто што беше дел од неа, нејзин избор, нејзин пад. Размислуваше, дека можеби без талкањата во круг низ слепите лавиринти на заблудата, веројатно никогаш не ќе се обидеше да ја тргне завесата, зад која се крие светлината на будењето.
Знаеше дека нема да биде лесно да се преживеат уште еднаш тие настани, да се поминат ужасните Сцили и Харидби во морето на искушенијата, во деновите на духовното умирање, во (п)адот. Но, беше сигурна дека ќе биде докрај искрено разголена и тогаш речиси е невозможно да не биде полезно да не допре до срцето, ако не повеќе, барем на уште еден слеп патник што ги чита овие редови. Мораше да биде искрена по секоја цена, дури и на сопствена штета, ризикувај ќи да ја изгуби духовната рамнотежа, доближувај- ќи се до силите на (п)адот.
Марија ги отвори со олеснување првите страници од дневникот, токму на местото каде што беа запишани настаните и нејзината состојба на духот, непосредно пред падот. Без размислување и буквално без никаква измена, одлучно го пренесе текстот на првите страници од својата исповед.
ПАДОТ
Светлата на рефлекторите, џагорот во студијата, суетните дотерувања, дведецениското појавување пред камерите постепено, но сигурно почна да ме притиска, душата го пројави својот револт, телото се измори до чувство на бесмисленост... Идентификација без вистинска содржина, препознавање по улиците, за себе претстава како за идол без покритие, озборувања, опкружување со квазиинтелектуалци, со самобендисани умови украсени со пердуви од слама, самодокажување, (не)битисување... Сето тоа кулминираше со немоќ и одбивање да се биде јавна личност. Одлуката е донесена, проследена со вртење на главите, неодобрување. Некаде има и злонамерност зара- ди откажувањето од професијата, која за многу- мина живот значи. Но, одлуката беше дефинитивна со прашањето: „Од кого беше упатена внат- решната порака?" Одговорот не го добив.
* * *
Уживав во размислувањето да се биде секој- дневна мала жена, далеку од лажниот сјај, далеку од разбеснетата толпа, собирањата на чашка ви- ски исполнети со празни, бесцелни брборења. Најсреќна, сепак, бев во мојата соба, каде што можев опуштено да мечтаам, не можејќи до крај да ја објаснам состојбата што ме снајде. Бев во потрага по зборот мир и спокојство. Само така би се чувствувала во своја кожа. Во мојата душа не постоеше страв, туку нејасна цел кон која што се стремев, без моја волја.
Во тие услови ја започнав потрагата, патувањето до вистината, чепкајќи по првите рафтови со необична литература која предизвикува љубо питство. Бев воодушевена од секое ново созна- ние, за космосот, за љубовта, за животот по смртта, за индиските Веди, вакви и онакви и којзнае какви не сознанија, а секое наредно личеше на Вистината. Но, веројатно, од некаде мораше да се започне. Требаше да се направат првите чекори на детето, кое подоцна ќе порасне, иако долго време и покрај сите тие уки и науки, душата беше празна со нејасно, неосвестено очекување на големиот одговор.
Ете, така некако, на прв поглед безопасно, започна моето долго патување до состојбата на падот. Преку ноќ бев обземена од некоја чудна воз буда и љубопитност за некои нови, таинствени гранични димензии на човековата природа. Сега знам дека во тој миг јас свесно и со сопствена волја, не знаејќи што правам, се согласив да се нурнам во тие необични и мрачни предели. Веру- вав дека само одредени луѓе се одбрани да ги вкусат тие моќи и тие нови и безгранични искуства. Не ќе поминев низ тие несекојдневни состојби на умот кои ја пустошат душата, ако во тоа време не верував дека се награда од небото. Не умеев да видам дека линијата што ја дели заблу- дата од вистината, мракот од светлината, оваа од онаа страна е тенка и невидлива. Неа заведениот ум може да ја премине за миг, а лажната вистина да донесе лажен мир, лажна претстава за себе и околината, буквално да ти ги затвори очите.
Но, да продолжам за периодот од тие десетина дни, кога од некого ми беа дадени моќи што требаше да ме поттикнат, но истовремено и да ме повлечат во (п)адот.
Еуфорично, во некакво исчекување, удобно сместена во фотелјата уживав во книгата пред мене „Реинкарнација и надживување на душата" од Жером Пјетри (Jerome Pietri). Се наоѓав во мојот дом, мало станче во една градска населба во Скопје. Потрагата по нови вистини започна и на- секаде околу мене, на подот, на дрвениот шанк, секаде стоеше по некоја заборавена книга со вак ва или слична содржина.
Одненадеж, од читањето вниманието ми го одвлече рескиот звук на телефонот. И ништо нео- бично немаше во тоа што телефонот ѕвони, што некој ме бара, но новото чувство беше следното. Во дел од секундата, на некој начин знаев или добив информација, кој всушност ме бара. Во пре- делот на вратот се случи необично, благо треперење или придвижување на непозната енергија. Почувствував енергетски вртлог кој одеше наго ре до темето и се артикулираше во необична свесност за тоа кој е на другата страна на телефонската линија. Брзо станав, љубопитно дотр- чав до телефонот за поскоро да го проверам но- вото чувство. Не почекав да чујам кој е, туку веднаш изговорив:
- Да, Весна и денес ли сакаш да ме посетиш?
Од другата страна настана молк! Весна се збуни, па и требаа неколку секунди да се прибе- ре, за да одговори по малку изненадено.
- Чекај Марија, па како знаеше дека сум јас… изненадено рече.
- Навистина веќе сум спремна да тргнам кај тебе...ова е многу чудно, мора да е во прашање телепатија! Но, доаѓам, ќе разговараме кога ќе се видиме.
Ја спуштив слушалката со благ немир, истовремено со зголемена љубопитност и самозадоволство. Се подготвив да бидам спремна и да го про верам тој феномен во наредниот период.
Само по дваесетина минути телефонот повторно ѕвонеше. Овој пат знаев дека во прашање е маж, дека се јавува од работа, но не знаев кој е тој. Ја подигнав слушалката и го чув гласот на организаторот од телевизија, кој се јави за еден професионален ангажман. Бев сѐ повеќе заинте ресирана и скоро „навлечена" од некоја нејасна потреба да експериментирам и понатаму, со толкава сериозност, како небаре да се работи за не- какво научно откритие.
Значи, така некако го започнав процесот на самоедукација. Во понатамошните експерименти со телефонските јавувања и други настани, не ос- тавав сѐ на спонтаната реакција. Нешто ми кажу- ваше каков да биде следниот чекор. Кога се под- готвував нешто да „видам", најпрво ги затворав очите и накратко влетував во непознат предел во главата. Тогаш очите, без да сакам, почнуваа ритмички и брзо да се движат налево - надесно, но исто така, трепките трепереа како крилца од пеперутка. Во истиот тој миг во пределот на гркланот, како зрак пролетуваше првата асоцијација, што на тој начин добиена, беше апсолутно точна. Кога го освестувам тој енергетски процес, мислам дека на некој начин го крадев однадвор до разумот, кој што, пак, ја артикулираше асоци- јацијата во т.н. слика и во збор. Очигледно, теш ко ми оди објаснувањето за она што навистина тешко се објаснува со зборови.
(Продолжува)
+++
Сите настани и ликови во романов се апсолутно веродостојни.
Сменети се само имињата на некои ликови