Седумдесет и петтиот број на првото македонско интернет-списание "Блесок-литература и други уметности" донесува поезија од Мехмед Бегиќ, Тихомир Јанчовски и Иван Херцег. Во интернет-списанието ќе може да се прочита и проза од Томислав Османли, есеј за името и идентитетот од Златко Крамариќ, критика од Дора Голуб за "Мојот Антонио Диаволо" од Сибила Петлевски. Тука се и изложбите од Глигор Чемерски и Мирослав Масин и освртот на Ана Мартиновска "Со челото на прст" по повод изложбата на Масин. Прославувајќи го убавиот 75-ти јубилеј, под наслов "Што липаме додека свириме", овој број на "Блесок" донесува и повеќе од 3 часа музика. Содржините на "Блесок" бр. 75 се бесплатно достапни на www.blesok.com.mk.
Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=3F33B8B5E1B8DF4ABDACAAC59825C05F