Дните на човекот се како трева, како полски цвет,
така прецутува тој: ќе дувне ли над него ветар,
и веќе го нема и местото веќе нема да се
познава (Псал.102,15)
Зрнце песок
Садот на времето нема да протече
залудно на песокта бројна,
зашто јас сега сум човек,
кој чекори во нов живот
за да прераснам во планина,
а не да се смалам во зрнце песок.
Моите катадневни обиди за почеток
на нешто ново е денешната тага,
но утре таа ќе донесе радост.
Кога ќе издржам долго,
тогаш ќе истраам, ќе победам
и до крај ќе научам вечно да се
РАДУВАМ!