Колку пати сум го гледал небото
без да ја видам неговата длабочина?!
Ангел на илузија!
Ќе го имам целиот живот на умирање,
за да преминам во живот без грижи,
без тага и без страдања.
Нешто ново да затаам, или пак
небото да го покријам со килибарна боја,
собрано во простор без крај.
Таму каде постојано леам созли
да ги собирам зборовите,
да ги бројам деновите,
сказани од искона.
А јас, во ветрот ќе бидам ангел
на илузија, во ноќта
кога ја следам својата сенка!
Скопје, 20 април 2010 год.