Скопје, 18 март (МИА) - Македонскиот роман „Пиреј“ од Петре М. Андреевски првпат е преведен на англиски јазик од австралиската издавачка куќа „Политекон“ со седиште во Сиднеј.
„Пиреј“ е единаесетта македонска книга на „Политекон“ која досега ги издаде и првите преводи на англиски јазик на македонските романи „Црно семе“ од Ташко Георгиевски и „Големата вода“ од Живко Чинго.
Преведувачите Вил Фирт и Мирјана Симјановска се професионални преведувачи од Австралија. Фирт има преведено повеќе од 20 книги, а Симјановска е професор и академик.
Романот „Пиреј“ може да се нарача преку интернет на веб страницата www.pollitecon.com. мд/мч/13:41