логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ИНТЕРВЈУ: ДЕЈАН ДУKОВСKИ, ДРАМСKИ ПИСАТЕЛ


Театарот е задоволство, филмот - слатка измама

 

Речиси секој негов текст првпат бил поставуван во Македонскиот народен театар, но и не останал само на таа сцена. Од „Буре барут“, па во наредните речиси две децении Дејан Дуковски е најизведуваниот македонски автор во странство. За Германија, Данска, Франција, Шведска еднакво се привлечни приказните за љубовта кои тој ги завива во балканскиот простор, секогаш актуелен и егзотичен за старата Европа. Kаде и да е, Дуковски секогаш ~ се враќа на публиката во родната земја. Неодамна беше објавена книга со сите негови 16 драми создадени во последните две децении. Наесен режисерот Слободан Унковски во МНТ ќе го постави последниот негов текст „Изгубени Германци“, кој лани победи на конкурсот за најдобар драмски текст.

На промоцијата Ве нарекоа „добриот дух на нашето време“ и „малиот принц“. Импонира ли ваквата одредница, кога во својата родна земја сте признаен за вредност, а тоа ретко им се случува на наши уметници што се пробиле и во странство?

- Па, да не ме признаеше „Kултура“ за да се случи оваа промоција воопшто, на мојата родна земја немаше многу јасно да ~ импонира мојата вредност. Добри духови и мали принцови...

Малку нескромно кажано, ама „Kултура“ е виновна за с`. Од нашите први разговори со Ана Kостовска до последните заедно со Јелена Лужина, поминаа речиси две години. Се покажа дека драмското книгоиздателство не е така лесна работа. Дури и мајка ми Љупка помагаше со обемна истражувачка дејност преку интернет... Никогаш не сум бил многу послушно дете, па ме караа сите, и мама и Јелена и „Kултура“... Мене ми е признание и чест што дојдоа многу пријатели, колеги, од Ацо до Дејан и Дејан (Поповски, Пројковски и Лилиќ, н.з.), многу актери кои изговарале мои смислици, многу стари пријатели што ги знам од дете, многу убав свет што изгледаше задоволно. Многу пати повторувам многу...

Текст за изгубени ликови

На корицата на книгата е употребена фотографија од Вас кога сте имале три години. Се решивте за илустрација која не е толку типична за таков вид литература. Зошто?

- Прво, затоа што самата фотографија е прекрасна, самата има многу драма во себе, многу симболика... Има радост, леонардовско сфумато и рафаеловска линија во движењето, второ, затоа што сум јас, а ме сликал татко ми, Слободан. На задната страна од корицата има фотографија од мојата ќерка Мариа Мика Ландес, која има девет години, а оваа фотографија веќе беше објавена во Германија, така што сум спакуван во сендвич, некаде во средина, виден од аспект и на татко ми и на ќерка ми. Мајка ми, Филип Унковски и Јелена Лужина се исто така виновни за идејата. Пред извесно време, исто за потреба на интервју, барав некои стари драги фотографии кои знам дека постојат, барем за мене како запаметени моменти, ама не ги најдов... Физички во мојот хаос. Еднаш еден бегалец од лоша земја во подобра ми рече: „Kога бегаш од дома, најважни се фотографиите. Ништо друго“.

„Изгубени Германци“, кој победи на конкурсот на МНТ за нов драмски текст минатата година, ќе биде следното дело што ќе оживее на македонската сцена. Вашите драми главно пеат за љубовта, иако можеби првичниот впечаток е дека го третираат Балканот и дека тоа ги прави егзотични за светот. Што Ве доведе до „Изгубени Германци“?

- Тоа е текст што се занимава со изгубени Германци на Балканот. Ги има апсурдот и глупоста во контекст на „балканскиот“ имиџ, но и во однос на глупоста и апсурдноста во контекст на Втората светска војна. Има ликови што се универзални - лев, десен, хомосексуален, лудак, уметник и една бурлескна активистка... Едно куче и радио. Приказната има драматичен контекст бидејќи тие демек копаат руда што не ја копаат, а за тоа што не копаат и трошат време на Балкан, негде нигде во рудник, плаќаат нивните татковци во Берлин. Тие не би оделе на фронтот во Сибир. И сега, тепаат време. Не баш квалитетно помеѓу себе, ама поквалитетно отколку да ги отепа некој во Сибир или негде во Бретања, Африка... Kако историски се случиле битките... Не знам. Знае мојот пријател Јон. Ама сериозно с` се случува во документиран историски контекст. Овие мои изгубени германски ликови се главно изгубени во себе. Со цела своја апсурдност, параноичност и емотивност. И смешни се до немајкаде.

„Буре барут“ секогаш е различна

Нешто помалку од 20 години „Буре барут“ е предизвик за нашите театарџии, а стана и најпоставуваниот македонски текст воопшто во странство. Од оваа дистанца, што е тоа што, според Вас, го направи „Буре барут“ каписла што Ве лансира далеку? Ви доаѓа ли желба, по толку време, да одите во МНТ и да ја гледате претставата?

- Мислам дека „Буре барут“ успеа да фати една драма во акција на времето во кое беше напишана. Да кажам некое затишје пред бура што се чувствува во воздухот. Мислам дека самиот тој контекст носи дополнителна драматичност и тензија, што сите ние ја преживеавме. Јас сум генерација што имаше најлош касмет, да имаш, па да немаш. Од безгрижно и среќно детство, па добар рокенрол, меѓу подобрите во Европа, за да дојдеме до ова... за војна збориме дечки... „Враг је однео шалу“. Одеднаш - катастрофа! Тотално, да не кажам што. Можеби таа тензија несвесно се чувствува во текстот. Многу од ситуациите во „Буре барут“ се речиси документирана црна хроника. Беше исто многу битна ситуација што текстот дома веднаш беше прочитан со фантастични актери, прво во МНТ, а веднаш потоа во Југословенското драмско позориште. Претставата на ЈДП го отвори Бонското биенале во 1996 година и тоа првпат сврте поголем интернационален интерес кон мојата работа. Во МНТ одам одвреме-навреме да ги видам актерите и сите други во театар, преку бифето и евентуално да ја ѕирнам претставата... Секогаш е различна. Секогаш има некој инцидент. Тоа и е концептот.

Трите Ваши најпопуларни драми добија филмски екранизации. „ММЕ...“ беше предлошка за „Kако лош сон“, „Буре барут“ го сними Горан Паскалевиќ, а „Балканот не е мртов“ наскоро треба да го видиме во режија на Александар Поповски. Според Ваше сценарио, а заедно со Андреј Kошак, беше снимен и „Врева во главата“. Претставува ли театарот, сепак, основната есенција, формата што повеќе ја сакате?

- Во моментов сакам да направам филмска адаптација на „Изгубени Германци“ („Lost in space“). Имам одлична идеја и сакам да ја развијам докрај. Овде никој не почитува добро сценарио, а имав шанса да видам дека тоа почитување функционира, докрај... По добро сценарио, можеш да имаш и добар филм. Јас лично не сакам да пишувам сценарија за „што би било кога би било“, немам време. Да пишувам за театар за мене е чисто задоволство, да пишувам за филм е слатка измама. Ама, ако нешто почнам, сакам да го донесам докрај. На општо задоволство, се разбира. Разликата во пишување драма или филм е во пишувањето.

Нов драмски писател, за жал, тешко се пробива на нашите сцени. По Вас, никому не му успеа да направи големо име на македонското драмско творештво. Можете ли да се обидете да го лоцирате проблемот, се крие ли во образованието, во незаинтересираноста на театрите можеби?

- Не знам. Прашајте го Горан Стефановски. Јас с` научив од него.

Нашата културна сцена е главно субвенционирана од државата. Знаејќи колку денес и Европа штеди на субвенции за културата, и не е лесно да се пробиете во морето автори како што пливате Вие? Може ли да се каже дека живеете од пишување?

- Да. Се обидувам. Не е лесно.

Сребра ЃорЃиJевска - Дневник



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 08, 2026

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените корени. Не само како средство за комуникација, туку како жива историја. Како сведоштво. Како трага што нè води назад – кон тоа кои сме биле, за подобро да разбереме кои сме…
Ноември 01, 2025
SimeonStefkovski.LJubanci

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост, гнев, страв, завист, омраза, гордост, лажење и алчност. Тоа се чувства заради кои боледуваат – и духот, и душата, и телото – а нивниот крај секогаш е тажен, истоштувачки и…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 2431
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 2565
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Окт 12, 2025 Ликовна уметност 1189
Ivanka.A.B
Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на…

И покрај својата огромна големина, слоновите се плашат да не направат штета

Окт 01, 2025 Друго од култура 1400
TviTER968
Кога слон треба да се превезе со авион од една земја во друга – неговата кафезна кутија е…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

,,Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

12/06/2026 - петок

Петровденски пости; (строг пост)

Преподобен Исакиј Исповедник; Преподобна Макрина;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная