Дела на Вангел Наумовски
Во Куќата на Уранија во Охрид отворена е изложба на дела на познатиот охридски сликар Вангел Наумоски, поставена по повод 90-годишнината од неговото раѓање и 60 години од отворањето на неговата прва самостојна изложба. Според академик Цветан Грозданов, уште пред 30 години Наумоски влезе во сите светски енциклопедии, како еден од водечките наивни уметници во поранешна Југославија.
Делата на Наумоски се извонредно прифатени од стручната јавност. За најпозната се смета изјавата на големиот Салвадор Дали, кој на изложбата во студиото Мона Лиза" на која беа поставени уметнички дела на познати југословенски уметници, ја издвои сликата на Наумоски со зборови дека тоа е дело на најголемиот уметник после него.
Неговите дела се наоѓаат во многу музеи во Македонија и низ светот. Во 1974, Наумовски е награден со Жран-при" за сликарство од Колекцијата Хинстонн во Женева, ја добил наградата за сликарство Нерешки мајстории на ДЛУМ, а во 1979 година стана член на италијанската "Academia Italia de belle Arti e del Lavoro", од каде што е номиниран и за академик.
Извор: Вечер