логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Почнувајќи од средината на IX век, па се до крајот на владеењето на бугарскиот цар Петар (927 – 969), поголемиот дел од територијата на Македонија влегувала во составот на средновековната бугарска држава. По неговата смрт на 30. јануари 969 г. Македонските Словени, ги искористиле поволните политичко – воени услови и се кренале на востание против бугарската централна власт. На чело на востанието стоеле синовите на брсјачкиот кнез Никола: Давид, Мојсеј, Арон и Самоил.[1]

Востаниците се отцепиле од Бугарската држава и ги поставиле основите на првата средновековна македонска држава, најпрво со седиште во Преспа. Оваа државна творба, во овој прв период од нејзиното формирање останала независна сè до 971 година. Тогаш Византија успеала да го ликвидирала Бугарското царство, а Македонската средновековна држава ја направила зависна од централната власт во Константинопол, оставајќи и извесен степен на автономија. Меѓутоа, во 976 година, повторно користејќи ги политичките прилики во кои се нашла Византија, комитопулите повторно се кренале на востание, но овојпат против византиската власт.

Востанието завршило со успех и Македонската средновековна држава повторно станала независна[2]. Според мислењето на Милан Бошкоски[3] на чело на средновековната македонска држава застанал најстариот од браќата комитопули- Давид. Тој како најстар син на комитопулот Никола уживал полн легитимитет да биде на чело на новата државна формација.[4]

 

Во екот на македонско-византиските судири, во услови на сложени политички прилики на Балканот, од Цариград избегале легитимниот бугарски цар Борис II и брат му Роман. Но на границата Борис II бил убиен од македонските стражари кои ја обезбедувале границата, а Роман кој се провлекол, бил прифатен од комитопулите и поставен за управител на градот Скопје.[5] Во периодот кој следел животот го изгубиле тројцата Самоилови браќа. Имено, Давид – кој стоел на чело на државата, според изворните сведоштва[6] најверојатно загинал во борба кај местото “Убави Дабови“, меѓу Костур и Преспа.[7] Мојсеј, пак, загинал во борбите со Византијците кај Серез, а Арон бил ликвидиран од Самоил, во околината на Разметаница, зашто со помошта на Византија се стремел да изврши државен преврат и за себе да ја приграби целата власт во државата. Притоа било ликвидирано и целото негово семејство. Жив останал само неговиот син Иван Владислав, кој бил спасен и поштеден од Гаврил Радомир, синот на Самоил. Така, Самоил дошол на престолот во Македонија, наследувајќи го царот Давид.[8]

Самоил создал голема војска и започнал да ја шири територијата на средновековната македонска држава. Византискиот император зафатен во борбите околу престолот, не можел да го спречи нејзиното територијално ширење. За кратко време, Самоил ги вклучил, во рамките на својата држава, териториите помеѓу Дунав и планината Балкан, како и цела Македонија, освен градот Солун. Потоа ја зазел Тесалија вклучувајќи го и градот Лариса.[9]

Византискиот цар Василиј II свесен за големите загуби решил да ја врати византиската власт на поширокиот простор под доминација на македонската средновековна држава. Тој со голема војска преку Родопите и реката Марица навлегол на територијата на поранешната средновековна бугарска држава, во тој период под контрала на македонската средновековна држава. Самоил ја пречекал византиската војска кај Трајановата Врата[10] (17 август 986 г.) во Ихтиманската Клисура, близу до Софија и наполно ја уништил. Императорот Василиј II одвај успеал да се спаси со бегство. Самоил ја искористил оваа голема победа за да ја прошири својата власт и над другите соседни области под власта на Византија. Го зазел Драч, а во двете децении кои следеле го нападнал и словенското кнежество Дукља, а младиот кнез Владимир го принудил да му стане вазал. Потоа неговите војски продолжиле да ги ограбуваат и завладуваат далматинските градови сè до Задар. Бидејќи немал морнарица, Самоил не можел да го заземе овој град, така што брзо се вратил. При враќањето неговата војска ги покорила Босна и Рашка. [11]

На тој начин до крајот на X и почетокот на XI век, Самуил ја проширил својата држава на поголем дел од Балканскиот Полуостров. Границата на север допирала до Срем, на југ до Атика, на запад до Јадранско Море и на исток до Црно Море.

По проширувањето на државата кон крајот на X или во почетокот на XI век Самоил се прогласил за цар.[12] Притоа престолнината на државата ја преселил во Охрид.[13] Освен тоа Охрид, освен политички центар, станал и седиште на Архиепископијата (во историјата е позната како Охридска архиепископија). Подоцна архиепископијата е издигната на ранг на самостојна патријаршија околу 1000-та година.[14] Тоа најверојатно се случило непосредно пред крунисувањето на Самоил за цар.

Како и сите средновековни владетели, и Самоил се грижел за Црквата. Градел храмови и манастири и им давал големи подароци. Охридската архиепископија – патријаршија не се разликувала од другите автокефални Цркви; таа ги уживала сите привилегии: располагала со црковни имоти, со парици што ја обработувале нејзината земја; освен тоа имала и друг имот, била ослободена од разноразни давачки. Самоил го фаворизирал високиот клер, дури и повеќе и понагласено отколку световните феудалци.

Во почетокот на XI век Василиј II ги свртел сите сили против Самоил. Во летото 1014 година тргнал со голема војска со намера да ја уништи македонската средновековна држава. Самоил дознал дека византиската војска ќе навлезе во неговата земја низ клисурата по реката Струмица. Затоа тој наредил да се загради клисурата на најтесното место меѓу планините Огражден и Беласица и да се брани со силна војска.

Василиј II неможејќи да ја пробие одбраната му наредил на еден од своите војсководачи да ја заобиколи планината Беласица и да ја нападне Самоиловата војска од зад грб. На 29 јули 1014 година во подножјето на Беласица се судриле двете војски. Во оваа голема битка позната како Беласичка битка[15] Самоиловата војска претрпела катастрофален пораз. Нападната од зад грб, Самоиловата војска била изненадена и разбиена. Во борбата биле убиени и заробени голем број македонски војници. Самоил одвај се спасил, благодарение на неговиот син Гаврило Радомир кој храбро ги одбивал напаѓачите, а потоа го качил татка си на коњ и го одвел во Прилеп. [16]

Во рамките на македонската средновековна држава, и градот Скопје бележи забележлив развиток. Тврдината Кале е всушност јадро на средновековното Скопје, скопскиот Горен град. Од 995 год. Византија постепено почнала да одзема одделни градови од Самоиловото царствосредновековната македонска држава, а епархиите од освоените територии да ги приклучува кон Константинополскатапатријаршија[17]. Во 1004 год. е преземен, односно освоен и градот Скопје.

По смртта на цар Самоил на чело на државата застанал неговиот син Гаврило Радомир. Византискиот цар Василиј II кога дознал за смртта на Самоил во 1014 година презел нов поход за да ја заземе целосно македонската држава. Императорот Василиј II планирал средновековната македонска држава да ја претвори во една тема на чело со дукс, а за престолнина на дуксот го определил градот Скопје[18]. Со таква намера тргнал со голема војска кон Пелагонија за да ја освои Битола, во која се наоѓал еден од царските дворци. Во исто време неговите војски ги зазеле Прилеп и Штип, а во наредната година Воден. Во меѓувреме Аровиот син Јован Владислав го убил Гаврило Радомир во лов и се прогласил за цар. Тоа било кон крајот на летото, во август 1015 година, во Петриско крај Островското Езеро.[19] Неговиот обид да склучи мир со Византија и да го зачува царството од нападите на Византија не успеал. Борбите со Византија продолжиле и со мали прекини траеле околу три години.

Во 1018 година византискиот цар започнал нов поход против средновековната македонска држава. Во овој поход македонската војска претрпела тежок пораз, а при опсадата на Драч загинал и Јован Владислав[20].

По смртта на Јован Владислав отпорот на македонската држава ослабел. Претставниците на македонската феудална аристократија за да ги зачуваат своите богатства и привилегии еден по еден, без борба ги предавале на Византија крепостите, градовите и областите со кои управувале. Византискиот цар за покорност им укажал милост, им ги потврдил феудалните привилегии и им дал византиски чинови и титули.[21] Со тоа македонската средновековна држава била потполно уништена, а Македонија потпаднала под византиска власт. [

 

1]Ioannis Scylitzae, Synopsis Historarum, Rec. J.Thurn, Berlin, 1973; Сп. Византиски извори за историју народа Југославије, Уредник Георгје Острогорски и др., Том III, Византолошки институт, Београд 1966 (во понатамошниот текст ВИИНЈ III); Извори за българската история, Гръцки извори за българската история, Съставили и редактирали, Иван Дуйчев и др., Том VI, БАН, София, 1967. (во понатамошниот текст ИБИГИБИ VI); Сп.Милан Бошкоски, Великаните…, 65;Милан Бошкоски, Скопје и скопската област…, 106 Стјепан Антољак, Средновеквна Македонија, том 1, Скопје.1985, 295; Срђан Пириватић, Самуилова држава, Београд, 1997, 105 – 106. [2]Ioannis Scylitzae, Synopsis Historarum, 38, 65,(353); ИБИГИБИ VI, 288; ВИИНЈ III, 117 -118; Сп. Милан Бошкоски, Великаните…, 75; Според летописот на Поп Дукљанин, по смртта на Јован Цимискиј (969-976) во Рашка дошло до немири против византиската власт. Византиските воени гарнизони биле нападнати, војниците убиени, а Србите поставиле свои жупани. (Ljetopis popa Dukljanina, priredio, uvod i komentar, Vladimir Mošin, Matica Hrvatska, Zagred, 1950, 85; Љубинка Басотова, „Летописот на попот Дукљанин како извор за македонската средновековна историја“, во: Споменици за средновековната историја на Македонија, Ред. Владимир Мошин, Архив на Македонија, 1988, 55.)Рашката област била надвор од интересите на бугарските востаници, барем во првите години по 976 г., и со самото тоа е посведочена макар една област во внатрешноста на Балканот, недалеку на територијата на комитопулите, на која востанието не е директно проширено. За жал, таа останува и единствена. Молкот во изворите за бугарските походи кои не биле вперени кон земјите населени со ромејско население остава простор за разни погодувања. Тоа, не мора да значи дека походи немало, но земајќи ја в предвид положата на државата која се создавала, логично е да се претпостави дека се одвивало во природен правец во линија на ширење, во областите многу позападно од Скопје – Видин, барем во ова време не би требало да се вбројува. (Срђан Пириватић, Самуилова држава, Београд, 1997, 92; Милан Бошкоски, Скопје и скопската област…, 106.) [3]Милан Бошкоски, „Комитопулот Давид, Цар Давид, св. Давид цар (историско-уметнички преглед)“, ПАТРИМОНИУМ.МК – Списание за културното наследство – споменици, реставрација, музеи, Година 5, бroj 10 / 2012, 127. [4]Милан Бошкоски, „Комитопулот Давид“…, 128. [5] Бранко Панов. Средновековна Македонија III…, 46; 48. [6]Ioannis Scylitzae, Synopsis Historarum, 38, 65,(353); ИБИГИБИ VI, 288; ВИИНЈ III, 117 -118; Сп. Милан Бошкоски, Великаните…, 75. [7]За хронологијата во врска со последните години од животот на браќата на царот Самоил види Милан Бошкоски, „Комитопулот Давид“…, 134 – 135. [8]Милан Бошкоски, „Комитопулот Давид“…, 129. Во историографијата постојат и поинакви мислења според кои македонската средновековна држава во почетокот била организирана како тетрархија на чело со четворицата комитопули. (Стјепан Антољак, Средновеквна Македонија I… 295; Срђан Пириватић, Самуилова држава…, 105 – 106; Историја на македонскиот народ I…, 362; ) [9]Бранко Панов. Средновековна…,48;Милан Бошкоски, Великаните…, 54. [10]Скилца го опишува, иако многу пократко од Кекавмен, и освојувањето на Лариса, а само малку поинаку од Лав Ѓакон и поразот на Василиј II кај Трајановата порта. ИБИГИБИ VI, 276 – 277;ВИИНЈ III…, 81-86; Сп. Стјепан Антолјак, Средновековна Македонија I…., 257;Милан Бошкоски, Великаните…, 57. [11] Користејќи ја нестабилната внатрешно – политичка ситуација во Византија, Самоил ја освоил и Дукља (987г.) и продрел преку Дубровник и Сплит до Задар на запад. Власта ја проширил и преку денешна Србија до Дунав на север. По обидот да ја освои и Средна Грција, во 995/6 г. Самоил е тешко поразен на реката Сперхеј и со тоа почнува периодот на слабеење на неговата држава. Ioannis Scylitzae, Synopsis Historarum, 38, 65, (353); ИБИГИБИ VI, 295; ВИИНЈ III, 125 -138; Сп. Милан Бошкоски, Великаните…, 75; Иван Микулчиќ, Средновековни градови и тврдини во Македонија., Скопје 1996, 38.; Историја на македонскиот народ I…, 370. [12] Кон крајот на X век, во времето на владеењето на Самоил, Скопје се споменува како епископски центар на Преспанската архиепископија-патријаршија. Ова претставува индикација на Скопската епископија и брзиот развој на градот во рамките на Македонското Царство. (Милан Бошкоски, Скопје и скопската област…, 108 -109) [13] Александар Дероко, Средњевековни градови у Србији, Црној Гори и Македонији, Београд 1950, 10. Според Гелцер, кој пишува за Охридскиот патријархат, во тоа време митрополит бил Герман или Гаврил. Тој починал во с.Герман и бил погребан во старата црква “Св. Герман”, веројатно изградена од него. Славко Димевски. Истојија на МПЦ, Скопје 1989, 81 -83. [14] Димевски, С., Охридска архиепископија, Скопје, 1986, 14. Меѓутоа, дали станува збор за автокефалност на Охридската патријаршија призната од Рим, останува отворено прашање бидејќи Римската црква се одликува со строго централистичко уредување. Оттука кај некои историчари преовладува мислењето дека не станува збор за патријаршија, туку за архиепископија. Но без оглед на рангот за Охридската црква, патријаршија или архиепископија, таа не зависела ниту од Цариград, ниту од Рим. Димевски,,Историја на МПЦ… 80; 82). [15] Во долината на Струмешница, во теснината кај Клидион-Клуч (10 км источно од границата на Р.Македонија кон денешна Р.Бугарија) се случила познатата битка. Иван Микулчиќ, Средновековни градови…., Скопје 1996, 39;В.Милан Бошкоски, Великаните…, 105-128. [16]Ioannis Scylitzae, Synopsis Historarum, 38, 65,(353); ИБИГИБИ VI, 288; ВИИНЈ III, 117 -118; Сп. Милан Бошкоски, Великаните…, 75. Како што соопштуваат изворите, победата Василиј II ја прославил на нечовечен начин. Тој наредил да им се извадат очите на околу 14.000-15.000 заробени Самоилови војници, при што на секој стоти од заробените му оставил по едно око за да ги води другите кај Самоил. Самоил не можел да ја преживее таа глетка на долгата колона ослепени македонски војници. Кога ги видел нив паднал во несвест и умрел од срцев удар на 6 октомври 1014 година. (Ioannis Scylitzae, Synopsis Historarum, 38, 65,(353); ИБИГИБИ VI, 288; ВИИНЈ III, 117 -118; Сп. Милан Бошкоски, Великаните…, 75; Сп. Бошкоски…., Антолјак С., Средновековна Македонија,470 – 473) [17] Снешка Лакалиска, Христијанските споменици…, 26. [18] Славко Димевски, Историја на МПЦ… 83.; Снешка Л. Христијанските споменици…, 27.; Иван Микулчиќ. Старо Скопје…, 118. [19] Милан Бошкоски, Великаните…, 105-128. [20] Јован Белчовски, Охридската архиепископија…, 54. [21] Белчовски, Охридската архиепископија…, 54. [21] Василиј II откако воспоставил целосно владеење над Македонија и Албанија, преку Костур, Стаги и реката Сферхеја, стигнал победоносно во Атина. Таму во Партенон, кој порано бил преобразен во црква св. Богородица, одржал свечена благодарност за среќното завршување на војната и за окончувањето на Самоиловото царство, кое цели 50 години не и давало мир на Византија. Но, имало и такви кои не сакале да му се покорат на византискиот цар. Меѓу нив особено се истакнал војводата Ивец- господарот на Девол – и Никулица. Но, нивниот отпор бил скршен. (Срђан Пириватић, Самуилова држава…,130.)

Пишува М-р Славица Урумова – Марковска
https://opserver.mk/

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2025
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2545
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная